Автомат за Кока Кола во Австралија кој „не функционира“

Национална кампања против Кока Кола, следи по успешниот правен предизвик на компанијата на 4 март, 2013 година во врска со законот за враќање на депозит за шише пијалак во Северната Територија на Австралија, следeше АНТИ-кампања низ целата земја. Ова го резимираше Робин Тенант-Вуд на блогот Разговорот:

Откако минатата година се воведе системот за ЗВДШП на Северната Територија, гигантската мултинационална компанија за пијалоци, Кока Кола Аматил (ККА), објави дека ќе поднесе правен предизвик против системот.

…Како резултат на одлуката на судот, групата на активисти за индустриска саботажа – Не функционира, реагираше со поставување на знаците „Не функционира“ на ККА автоматите во сите главни градови.

Out of Order Notice

„Не функционира“ на Златниот Брег – Слика: Фејсбук страницата на „Не функционира“

Фејсбук и Твитер профилите на „Не функционира“ ја прикажаа нивната локација во Хобарт Тасманија, на спротивниот крај од земјата. Имено, нивната Фејсбук страница објаснува дека тие имаат уште две кампањи, оние против банките АНЗ (ANZ) и БКХШ (HSBC) за нивното инвестирање во јаглен и гас од јаглен слој.

Петиција на Збирот од нас има преку 110.000 потписи:

Престанете да се борите со програмите за враќање на депозит за шише пијалок од автомат и повлечете ја тужбата против Северната Територија на Австралија.

Тоа е прилично истиот број на возрасни луѓе во СТ.

Не функционира е подготвен да ја истакне својата дискутабилно нелегална активност, споредувајќи се со онлајн активистите – Анонимни (Anonymous):

‏@itsoutoforder: Но сепак, можеби #outoforder се #anonymous, активисти за индустриска саботажа… можеби треба да го прашаме #popefrancis

Не е јасно како папата може да помогне. Како и Светата столица, Кока Кола Аматил во Австралија добива нов извршен директор.

Земи 3, иницијатива за чиста плажа, објави колаж со фотографии на Фејсбук:

Out of Order Collage

Колаж на Не функционира – Фотографија: Фејсбук страницата на Земи 3

Постои слична група наречена Зачувувачи на автомати за пијалаци во шише која дури има и своја апликација за фотографирање контејнери за ѓубре:

Наплатата за флаширани пијалаци од автомат е најефективниот механизам за поголемо рециклирање и намалување на отпадот. Индустријата за пијалоци се противи на наплатата за флаширани пијалаци од автомат – да им покажеме каде нивните отпадоци завршуваат.

Кога гледате отпадок од пијалак во шише на улица, во парк, на плажа – или било каде што не треба да се наоѓа – фотографирајте го и испратете го на мапата на ЗАШП.

Од некоја причина нивната веб-локација е суспендирана, но нивната Фејсбук страница и Твитер профилот се активни. Примерок од нивното дело:

Container Litter

Отпадоци од пијалаци во шише – Слика: Фејсбук страница на Зачувувачи на автомати за шише пијалаци

Протестот на „Не функционира“ веројатно има посимболично отколку финансиско влијание. Карен Маршал во делот за коментари во фото албумот Предизвик на „Не функционира“ истакна:

Вчера ги проверив цените на акциите и се вознемирив кога видов дека не паднале многу ниско, туку се покачиле од почетокот на сето ова.

Нигел Арнолд одговори со загриженост за невините жртви:

Мислам дека ова е малку нефер кон препродавачите. Повеќето автомати се приватна сопственост.

Наградуваниот карикатурист Првото куче на месечината познат како Г-дин Намесечината објави Твитер:

‏@firstdogonmoon: ДАЛИ Е ТОА ЗАКОНСКИ?!!? РК @itsoutoforder: Само што слушнав за некој кој сменил дванаесет #coke машини како дел од Кока Кола предизвикот на #OutOfOrder

Неговиот цртан филм се појави на Crikey.com.au на 5 март:

Unregulated markets will kill us all!

‘Нерегулираните маркети ќе не убијат сите!’ Учтивост: Првото куче на месечината/Крајки

Гринпис Австралија Пацифик исто така води кампања и има уште една петиција:

@GreenpeaceAustP: @CocaCola го урива познатиот систем за рециклирање за 10 центи во Северната Територија. Кажете и на владата дека ова е неприфатливо. http://bit.ly/stoptrashingaus_tw#cokefail

Во меѓувреме, владата на СТ презеде чекори за подржување на системот за враќање депозит за флаширан пијалак се додека властите во Австралија не изнајдат закони за негово спроведување. Да се исчисти Австралија, организаторите на „Ден за австралиското чистење“, се многу задоволни:

@Clean_Up: Честитки кон владата на СТ за паричното потпомагање во готовина при системот за шише пијалаци од автомат во следните 8 недели и за тоа што на сите им ги плати нивните 10 центи! #cokefail

Кока Кола Австралија им се заблагодари на нивните критики и одговори на својата Фејсбук страница. На 6ти март објавија:

… продолжување на нашата посветеност на рециклирање, инвестиција вредна 5 милиони со нашите индустриски партнери, со цел Северната Територија да ги зголеми стапките на рециклирање и да го намали отпадот. За сите детали – http://bit.ly/13FJWr0

Ставот на Нигел Мичел изгледаше како да ги претставува негативните реакции меѓу повеќе од 600те коментари досега:

Значи, ако состанокот на СВА [Совет на владите во Австралија] одлучи да ја подржува националната примена на системот за враќање депозит за шише пијалок, дали Кока Кола ќе го подржува ова, или ќе продолжат со своите анти-демократски политики и политики против животната средина?

Всушност, во првите стотина и нешто коментари немаше неутрални или подржувачки одговори. Што за ова мисли тивкото мнозинство? Знаеме што пијат – на повеќе од 936,000 луѓе им се допаѓа фејсбук страницата на Кока Кола Австралија.

Јужна Австралија го изгласа законот за враќање на депозит за шише пијалак од автомат во 1975 и има систем од 1977 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.