- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија, Белгија: Загрозена демократија

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Белгија, Македонија, Граѓански медиуми, Политика

Блогот Македонија во Европска Унија го коментира [1] написот „Загрозена демократија“ од новинарката Тања Милевска која работи во Брисел објавен во белгискиот [2] (на француски) и македонскиот [3] печат. Во написот таа се залага ЕУ да преземе активни чекори на почетокот на Белгиското претседателство [4], првенствено обезбедување на датум за почеток на преговорите за членство, со што ќе го намали влијанието на евроскептичниот [5] национализам и стравот во Македонија.