Бразил: „Цунами” погоди неколку од најсиромашните крајбрежни градови

Скоро 46 луѓе загинаа, а стотици се исчезнати од петокот, 18-ти јули, после поројните поплави кои ги погодија соседните држави Alagoas и Pernambuco во северо-источен Бразил, и е досега најголема еколошка трагедија во сеќавањето на локалното население. Поплавите наречени “североисточното цунами” се споредувани со слични катастрофи во Азија, нешто како цунамито на Индискиот океан во 2004.

Најмалку 180,000 луѓе се евакуирани од катастрофата и многу од нив најдоа засолниште во училиштата, црквите или кај најблиските од фамилијата. Многу луѓе загубија сѐ што имаа и се потпреа единствено на хуманитарната помош. Доколку хуманитарната помош не пристигне на време тоа би значело дека луѓето ќе бидат гладни и болни.

Од Santana do Mundau, еден од најпогодените градови во Алагоас, минатиот петок еден новинар-граѓанин го снимил моментот кога поплавата го надвладеа градот. You Tube корисникот TheWelligton1 го сними видеото од покривот на неговата куќа:

Откако изгуби сѐ, Teresa Aragao [португалски] објави фотографии од сѐ што беше уништено околу неа и славеше што е жива и здрава после најголемата катастрофа што ја има видено во нејзиниот град, Palmares (Pernambuco). Таа исто така го користеше својот блог за да ги информира локалните вести и да ги координира донациите за оние на кои им е потребно, а посебно на оние со посебни потреби:

A maior catástrofe que eu já presenciei aqui na minha cidade. a maior enchente de todos os tempos!!! Toda a minha família perdeu tudo!!!estamos sem roupas , documentos e sem remédios também.Graças a Deus não houve mortes na família. O desespero está grande , um verdadeiro caos de lama e amontoados,carros virados submersos…destruiçaõ total.

Тоа беше најголемата катастрофа која ја имам видено во мојот град, најголемата поплава до сега! Во мојата фамилија сите изгубија сѐ. Немаме облека, документи, лекови. Фала му на Бога, во моето семејство немаше мртви. Очајот е огромен, вистински хаос од кал и уништени остатоци, испревртени коли и под водата….. само остатоци.
Branquinha, after the flood. Photo Marcelo Albuquerque, used with permission.

Branquinha, после поплавата. Фотографија на Marcelo Albuquerque, употребена со дозвола.

Според Gilvan Júnior, погодените места беа поплавени со вода која што беше предвидено да падне во времетраење од еден месец, а тоа количество изврна за помалку од една недела, – во нормални услови, месецот Јуни  во Бразил е влажна сезона, но ваков обем на врнежи не беше  предвиден:

Na capital alagoana, a expectativa era que chovesse 298,3 milímetros (mm) durante todo o mês, mas até ontem (22) foram registrados de 470,2 mm. Em Recife, choveu 456,7 mm até a manhã de hoje (23), enquanto eram esperados 388,9 mm em todo o mês.

Во Maceió, главниот град на Alagoas, во текот на месецот Јуни, беа очекувани врнежи  од 298.3 милиметри , но до вчера [22-ри Јуни] се забележани 470.2 милиметри . Во Recife, во текот на целиот месец, се очекуваше да има врнежи  од 388.9 мм, а ова утро (23-ти јуни) имаше 456.7 мм дожд.

Некој мали градови се скоро целосно уништени од поплавата, додека цели општини покрај коритата на реките Mundau и Capibaribe, во Alagoas и Pernambuco, се целосно преместени од постоечкото место. Разрушените мостови и поплавените патишта оставија многу градови отсечени; таму нема струја, свежа вода или комуникациски сретства  во повеќе од погодените места. Lays опишува пуста слика во Аlagoas [потругалски], вклучувајќи ја состојбата во Branquinha, еден од најсиромашните градови вo државата, кој што е 90% уништен и ќе мора да се гради повторно на некоја друга локација:

Em cidades como Branquinha e Quebrangulo não restou um só prédio público de pé. Não há postos de saúde, mercadinhos ou farmácias que possam dar uma ajuda emergencial à população. Essas cidades terão que ser reconstruídas por completo, visto que também nenhuma documentação restou nos cartórios de registro públicos.

Не остана ниту една зграда од јавен карактер во градовите како Branquinha и Quebrangulo. Таму нема амбуланти, маркети или аптеки  за да му пружат прва помош на населението. Овие градови ќе мора да се градат повторно од темел, дури и целата документација е изгубена од канцелариите на централниот регистар.
Quebrangulo

"Пресметано е дека 70% од градот Quebrangulo, 115 км од главниот град на Alagoas, Maceió, беше уништен од водите на реката Параиба (Paraíba River) ". Фотографија на Marcelo Albuquerque, употребена со дозвола.

Блогосферата е шокирана од вестите за поплавата со овој обем, во место кое е веќе уништено од екстремната сиромаштија. Сепак, на вести имаше дека главната причина за оваа несреќа не се само неповолните временски услови, но и еколошката деструкцијата која остави многумина бесни. Alcides Faria [португалски] ја искористи можноста да прати порака до еден локален политичар кој бранеше некои контраверзни политики за животната средина:

Como todos sabem, o ocorrido em Alagoas também está relacionado ao desmatamento e à não proteção das microbacias. A vegetação marginal de córregos, lagoas e rios é essencial para conter o assoreamento e a crescida rápida do nível das águas.

Како што сите знаеме, проблемот во Alagoas е исто така поврзан со уништувањето на шумите и недостатокот на [вегетација] заштитни подрачја. Вегетацијата од страна на езерата, потоците и реките е од суштинско значење за да се запре лизгањето на земјиштето и да се воздржи брзото издигање на речните води.
Streets under water in Quebrangulo, Alagoas. Photo: Marcelo Albuquerque.

Улиците под вода во Quebrangulo, Alagoas. Фотографија: Marcelo Albuquerque.

Многу блогери дадоа информации за тоа како да се помогне. Солидарните мрежи почнаа да се појавуваат и на линија и на интернет, нешто како СОС Алагоас веб страница, кој се служи со OpenStreetMaps за да ги лоцира погодените места и да понуди информации за центрите за донација. Блогерите заедно се припремија за непријатности поставувајќи итна тема за блогирање со цел да се зголеми свеста за начините на кој што може да се помогне.

Décio Junior [португалски] вели дека сликиве го потсетуваат на цунамито во Индонезија и земјотресот во Хаити. Додека сите размислуваат за Светското првенство во Јужна Африка, тој се обидува да го привлече вниманието на луѓето за нешто што е многу поважно:

Mas não há diferença para a mãe natureza, não há hiato, não há desigualdade. A tragédia pode acontecer para John ou pra João.
E é uma pena ter que repetir esta retórica, mas preciso de alguma maneira contagiar todos os tocedores nesta corrente pelo Brasil.

Vamos juntos, tudo é um só coração, um só povo irmão. Pra frente Brasil, salve seus filhos, salve seus irmãos.

Природата не разликува, не паузира, не ѝ е грижа за нееднаквостите. Трагедијата може да му се случи на Јоао или пак на John. Срамота е да продолжам да го повторувам овој говор, но навистина морам да најдам начин да ги охрабрам сите за да се приклучат на оваа мрежа за солидарност за Бразил.

Ајде да продолжиме заедно, ние имаме само едно срце, едно братство. Напред Бразил. Спаси ги своите синови, спаси ги своите браќа.

Train line cut by the floods. Photo Marcelo Albuquerque, used with permission.

Шините отсечени од поплавата во Quebrangulo. Фотографија: Marcelo Albuquerque, употребена со дозвола.

После неколку прилично суви денови, врнежливото време што ја загрози околната област во последните неколку дена нема да заврши, барем за за некое време. Според Националната метереолошка служба, прогнозата за наредните неколку дена би можела повторно да предизвика реките и потоците во оваа област повторно за здиват, така што спасувачките екипи потешко ќе можат да дојдат до погодените места.

Погодените места се дел од североисточен Бразил, регион кој пати од екстремна сиромаштија и во нормално ѕслови се погодени од исклучително суво време и суша. Поплавите, како и да е, станаа катастрофа која се случува еднаш во годината: во мај 2009, скоро 44 лица беа загинати и 380,000 раселени во истите области.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.