- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД: Исклучување на Ал Џезира?

Категории: Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Палестина, САД, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Миграција и имиграција, Слобода на говор, Технологија, Уметност и култура

Лого на Ал ЏезираОткако Ал Џезира [1] ги објави своите планови за започнување на канал на англиски јазик во 2005, најавата беше пречекана и со поддршка и со протест во Соединетите Држави. Иако владата на САД не го спречува пристапот до каналот, многу кабловски компании без задоволство ја пренесуваат; сепак Доналд Румсфилд [2] го обвини [3] каналот за „поттикнување тероризам“. Од друга страна, кабловскиот пазар во САД е соочен со силна конкуренција за бендвит (ширина на опсег) и едноставно не може да го пренесува секој канал.

Подоцна каналот стана недостапен [4] за поголем дел од Соединетите Држави. За пристап до каналот од повеќе места во државата, Американците мора да платат дополнителни 45 долари на месец на нивната месечна претплата (за ДишТВ [5] мрежата) – претерано скапо за многумина.

Од неодамна, меѓу другото, Телекомот Бурлингтон [6], сопственост на мал град од Бурлингтон [7], Вермонт (население 39 000), одлучи да ја прикажува Ал Џезира на англиски, предизвикувајќи дебата помеѓу своите жители и доведе до протест од некои групи за нејзино отстранување. Блогерите од градот и од светот се вклучија во приказната. КАБОБфест Вил (Палестина/САД) ја објаснува дебатата [8] и заклучува:

Како што се доближуваме до крајот на мандатот на Буш, ќе им стане јасно на сите дека старото сфаќање дека „ние сме добри, тие лоши“ е неуспешно и има деструктивни последици. Време е Американците да се вклучат во светот и да се изложат себеси на гласовите надвор од нашите граници. Ал Џезира на англиски го претставува токму тоа. Бурлингтон, ВТ е исклучително прогресивна, но овие прашања треба да се поткренат во секоја заедница низ земјата – повеќето од нив немаат телевизиски пристап до Ал Џезира на англиски.

Ханан, исто така до КАБОБфест, претставува [9] видео (од Ал Џезира на англиски) за веста, велејќи:

И покрај нивната репутација за отворени сфаќања, има повеќе од неколку идиоти во Бурлингтон, а водат Израелскиот центар од Вермонт и Комората на бранители од Вермонт.

Од Бурлингтон, двајца писатели на писма се цитирани [10] во блогот на Слободниот печат на Бурлингтон. Првиот, Скот Бекер, тврди дека за да се отфрли Ал Џезира од Бурликом телеком потребно е да се изврши цензура:

Дел од големиот проблем во односите на САД и Средниот Исток е тоа што нивните граѓани не се доволно запознаени за другите. Нашите односи се дефинирани од владини полиси, не од отворена комуникација и разбирање на различните перспективи. Да, Ал Џезира ја дискутира Ал Каеда, бидејќи тоа е многу реално прашање во нејзината домашна територија. Меѓутоа, доколку читате и слушате внимателно, повеќето Арапи и Муслимани се исто толку лути на Ал Каеда колку што се и Американците.

Во истиот пост Стив Флемер дискутира против изборот на Бурлингтон Телеком да ја прикажува Ал Џезира на англиски:

…Мене ми изгледа дека оваа недоразвиена екипа сопственост на градот, која веќе се бори со претплатата на клиентите која е далеку помала од очекувањата, би сакала да понуди различно мени без да има потреба да се чувствува како да заземаат потенцијално штетен политички став.

Коментар на веб сајтот Седум дена, популарен локален весник, најдобро ги сумира чувствата [11], велејќи:

Заборавете го конзервативно наспроти либерално – реалната дебата околу Ал Џезира во Бурлингтон и насекаде се повеќе се претвора во дебата помеѓу оние кои го гледаат каналот и оние кои не го гледаат. Оние кои ја гледаат Ал Џезира имаат корист од нејзината силна глобална перспектива за интернационалите вести и афери. Од друга страна, повеќето од општеството кои инсистираат на исклучување на Ал Џезира никогаш ја немаат гледано. Дури и кога ќе се тргне на страна фактот дека една група не смее да се наметнува на друга, прашањето за чии гледишта се поверодостојни е многу лесно да се одговори.