Видео избор: Идентитет, бегалци, конфликт и слободна технологија

Овoj дел се стреми да прикаже интересни и најнови постови на Глобални Гласови кои укажуваат на многуте начини на кои видео материјалите им помагаат на луѓето да ги кажат своите приказни ширум светот. Активноста може да се следи по региони на нашиот Јутјуб канал или со кликање на регионалните насловни линкови.

Источна Азија

За нашата страна Специјална репортажа за Јазиците и интернетот следи статија за различните јазици во Источен Тимор. Овој краток филм ја покажува важноста на добивањето образование на мајчин јазик и иновативната Образовна политика за повеќејазично образование која Источен Тимор ја усвои.

 

Супсахарска Африка

Во постот „Мали, Нигер: Гласовите на Туарезите одвај се слушаат преку звуците на војната“,  видео кое ги зајакнува гласовите на Туарезите:

Во Кидал, град  во североисточен Мали, неофицијален број на Туарези на 1 ноември маршираа за автономноста на регионот Азавад.

Кенија: Живот во Дадааб, најголемиот бегалски камп во светот“ ни дава можност да ги погледнеме низ призмата на различни хуманитарни организации тешкотиите на животот во Дахааб, бегалски камп каде се примаат повеќе од 1,400 луѓе  на ден:

Централна Азија и Кавказ

Во Ерменија и Азербејџан, се користи видео материјал за да се подобри разбирањето на комплексните прашања кои ги делат луѓето од двете нации. Се поврзавме на овој пост кој ни дава увид на Ерменско- Азербејџанскиот конфликт гледан низ Јутјуб видеа. Тука е вклучено и следново видео, во кое е прикажан интересен експеримент на двете страни на границата. На видеото, такси со камера ги снима реакциите на патниците на музичкиот избор на такси возач0т: Тој пушта азербејџанска музика во Ерменија и ерменска музика во Азербејџан. Коментарите на патниците се дадени на англиски.

Може да ја посетите нашата страница Специјална репортажа за Гласови на конфликт во Кавказ за да дознаете повеќе за ситуацијата во регионот. За да прочитате повеќе за улогата на видео записите во конфликт, посетете го „Ерменско-азербејџанскиот дијалог низ филм“ и вториот дел, „Повеќе ерменско-азербејџански дијалог низ филм“ со кои ќе добиете дополнителни информации.

Латинска Америка

Авторот во Глобални Гласови и јазичен уредник на шпански Хуан Арелано интервјуираше различни експерти за Латинска Америка. Во ова тој зборува со Сантијаго Хоерт од Проектот Кодиго Сур за отворена технологија и Слободен софтвер:

Во друго интервју, тој зборуваше со адвокатот и регионалниот претставник на Криејтив Комонс, Каролина Ботеро и ја праша што мисли за пиратеријата.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.