Месецот на Рамазан одбележува време на духовен одраз и обожување. Муслиманите кои учествуваат се воздржуваат од јадење и пиење во текот на денот, но кога сонцето ќе зајде постот се претвора во гозба, ифтар. За време на ифтар, луѓето се собираат за да го прекинат постот заедно, традиционално започнувајќи со урма (сушеното овошје). Освен урмата се служат и неколку други прекрасни јадења. Ова е листа на некои од омилените на блогерите на Глобал Војсис.
Среќни пости од блогерите на Глобал Војсис кои споделија линкови!
- Започнете со либанската апетизер салата Фатуш, завршете со слаткиот десерт Калај, свеж или пржен – во меѓувреме пијте црвено розов пијалок, Шараб Вард.
- Пробајте го популарниот египетски полнет зеленчук Маши, гледајте како да направите вистински Фоул или проверете го овој блог, Yasmeen Health Nut, и паднете во искушение од Сухор јадењето јагнешка шорба.
- Загрејте се со лути индиски полнети зелени чили.
- Оладете се повторно со пакистански млечен пијалок, Шербет, опишан во блогот Исламски ифтар.
- Малезиски блогер од Мачката, зајакот & ежето го сподели Узбек Плов јагнешки пилав.
- Не испуштајте го победничкиот пакистанско – авганистански блог за храна Лажицата за храна.
Сакаш да го додадеш твојот омилен? Сподели го со нас!