Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Пекинг најавува сообраќајни правила за да се бори со загадувањето на воздухот

Лого на олимиските игри на Глобал ВојсисДанвеи вели дека Пекинг неодамна најавил сообраќајни правила, кои ќе стапат во сила за време на Олимпијадата. Правилата наведуваат дека од 20 јули до 20 септември 2008, само коли чии регистарски таблици завршуваат на непарни броеви може да учествуваат во сообраќајот, помеѓу другите правила. Властите предвидуваат дека новите правила ќе го намалат сообраќајот во Пекинг за 70 проценти [zh]. Ричард Брубакер од блогот Сите патишта водат кон Кина е загрижен дека нарушувања на сообраќајот се неизбежни.

Кинеските нетизени ги оценија новите правила. ГеЛаДонДонг се жали:

Како што се доближува Олимпијадата во Пекинг, влијанието на игрите на нашите секојдневни животи се зголемува: наредбите за престанување со пушење и забраната на пластични кеси; кога се возите во авион не смеете да носите шампон или запалки; ако седите во економска класа смеете со себе да носите само една рачна торба… Слушнав дека овие правила наскоро ќе важат и за метрото: во возовите не смеете дури да внесете ни џебен нож… а веројатно ќе има уште повеќе правила. И сега се појави ова привремено правило со кое се ограничува возењето според парни и непарни регистарски таблици, од 20 јуни со 20 септември! Бидејќи моето живеалиште е 30 километри од моето работно место, ќе мора да започнам да мислам како да го решам овој проблем. Прво мислев да купам друга кола (со различна регистарска таблица)… но иако купам нова кола ова не е идеално. Добро, тогаш ќе одам со автобус! Меѓутоа, морам да сменам автобус најмалку трипати. Уште повеќе, местото за промена на автобусите е далеку и целиот процес веројатно би траел околу 2.5 часа.

Друг, на блогот РенХин го остави овој коментар:

Иако беше очекувано, сѐ уште мислам дека (двомесечниот) периодот е премногу долг и ќе предизвика многу проблеми за луѓето. Не постои излез, (бидејќи) за Олимпијадата ние сакаме комплетна подготовка за да ги решиме сите тешкотии, да осигуриме задоволувачки успех.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.