- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Смртна казна за блогирање?

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Политика, Слобода на говор, Човекови права

Во средата, иранските членови на парламентот гласаа за предлог документ [1] со кој ќе се бараат „построги казни за вознемирување на психичката сигурност на општеството“. Текстот во документот ќе ги додаде на листата со злочини казнети со смрт и „веб страниците и блоговите кои се основаат на промовирање на корупција, проституција и одметнување“.

Во последните години, неколку ирански блогери беа испратени во затвор и многу од нивните сајтови беа филтрирани. Доколку иранскиот парламент го одобри овој драфт документ, блогерите стравуваат дека би можеле да бидат легално погубени како криминалци. Никој нема дефинирано што точно значи „вознемирување на психичката сигурност на општеството“.

Такви дискусии кои ги вклучуваат блоговите не се единствени само за Иран. Покажано е дека многу власти покрај филтрирањето на блоговите, исто така би сакале и да ги елиминираат блогерите!

Државна полиса за контролирање на блоговите

Пред година и пол, иранската влада нареди дека блогерите мора да се регистрираат и да ги достават своите имиња и адреси на сајтот наречен Самандехи [2]. Многу луѓе веруваа дека со тој процес ќе се поткренат легални постапки против нив. Блогерите се противставија и многу од нив го објавија беџот „Јас нема да го регистрирам мојот веб сајт/блог“ на нивните блогови. Владата тогаш сфати дека не може да има вистинска контрола над ситуацијата или да ги присили блогерите да се регистрираат.

По чекорите на Јемен?

За жал, иранскиот случај не е единствениот на Средниот исток и светот. Во април, МидИстЈут зборуваше за новите потиснувачки мерки спроведени во Јемен, цитирајќи го [3] Валид Ал-Садаф, администратор на YemenPortal.net:

„Оваа недела владиното Министерство за информации се закани со тужби против новинските веб сајтовите со обвиненија за „предизвикување омрази“ или „нарушуваше на националните интереси“ и некои други вообичаени причини кои тие често ги користат за да ги обвинат новинарите. Заканата е уште построга за веб сајтовите, бидејќи владата ќе го користи кривичниот код наместо новинарскиот закон. Ова значи дека сопствениците на веб сајтовите може да добијат дури и смртна казна.“

„Не се вознемирувајте, ќе ве погубиме легално“

Никаханг, водечки ирански онлајн карикатурист и блогер, вели [4] [Fa]:

Доколку драфт документот стане закон, се ќе биде базирано на интерпретација и обичен блогер ќе биде разгледуван како центар за уништување на религијата на луѓето. Што повеќе можам да кажам? Само луѓе кои ја вознемируваат психичката сигурност на луѓето може да поддржуваат ваква работа.

Мирза Касра Бакхтјари пишува [5] [Fa] дека Али Ларијан, претседателот на иранскиот парламент, ја поддржува дискусијата за овој предлог документ и додава дека тие зборувале со часови со Судството за тоа.

Гомарашагехнех вели [6] [Fa]:

Спомнување на „блогирањето“ помеѓу злочините како киднапирање, силување, вооружен грабеж го олеснува обвинувањето на блогерите уште повеќе… Таков закон ќе и наштети на психичката сигурност на општеството повеќе отколку кутрите блогери, кои не знаат што ги очекува.

Блогерот додава дека вистинските причини за проблемите со психичката сигурност се економските кризи и репресијата на владините полиси.

Бази предупредува [7] [Fa]: „Ние мора да се потрудиме да ги сопреме членовите на парламентот да го изгласаат овој предлог документ. Утре ќе биде премногу доцна. Лесно е да се обвини блогер за одметнување и корупција. Ајде да му докажеме на парламентот дека различното мислење не е криминал кој треба да се казни со смрт.“

Балокух објави карикатура [8], во која свештеник и вели на жена која треба да биде погубена: „ Не се вознемирувајте, ќе ве погубиме легално“.

Свештеник со жена која треба да се погуби [9]