Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Интер-океанскиот Проект Канал одведе до сомнеж и отфрлање во Никарагва

Соопштението дека владата на Никарагва и даде концесија на кинеската компанија HK Nicaragua Development (HKND) да гради меѓуокеански канал предизвика расправа и дискусија во сите области од општеството во Никарагва, и до денес има повеќе прашања отколку одговори.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, го потпиша законот дозволувајќи концесија – закон на Статутот на Големиот меѓуокенаски канал, или Law 800 - на14 јуни, 2013г., предизвикувајќи дискусија во блогерската и Твитер заедница во земјата. Некои корисници ја покажаа нивната поддршка за оваа иницијатива, но повеќето од реакциите на интернет беа незадоволство.

Програмата De Humo TV подготви извештај за темата, каде објаснува од што се состои проектот за каналот и влијанието врз животната средина кој би можел да го има нa земјата.

Иако законот за изградба на каналот се одобри, студиите за изводливост се уште не се спроведени, а студиите за влијанието врз животната средина на ефектите од изградбата чекаат.

Блогот La Nicaragua Linda сподели статија со мислење на политичарот од Никарагва Едмундо Џаркин:

Como todos los nicaragüenses, quisiera que el canal por Nicaragua sea factible, porque sería una palanca poderosa para impulsar el desarrollo del país, pero no son pocas las razones que cuestionan la realidad del anuncio. En primer lugar, su factibilidad. El propio asesor ambientalista de Ortega, y principal científico nicaragüense, Jaime Incer, salió al paso del anuncio de Ortega diciendo: “Un estudio medianamente serio, descartaría su posibilidad”.

Како и сите жители на Никарагва, би сакал да верувам дека каналот низ Никарагва е изводлив бидејќи би бил моќно средство за промовирање на развојот на земјата, но има многу причини за сомнеж во валидноста на соопштението.
Прво, неговата изводливост. Проценителот за животна средина на Ортега, и главниот научен советник на Никарагва, Хајме Инсер, отстапува од најавата на Ортега велејќи: „разумно сериозна студија треба да ја исклучи можноста“.

Жителите на Никарагва го дискутораа предметот на отуѓување на земјиште преку кој каналот ќе помине и инвазијата на домородната територија на атлантскиот брег на земјата. Блогот Bitacora de un nicaragüense сподели:

Primero: las comunidades indígenas, su forma de vida, su forma de propiedad, y todos los derechos especificados otorgados por el estado bajo el estatuto de autonomía; a las que no se ha consultado y dada la posibilidad de expropiación ha de hacerse sin dilación… Segundo: El daño medioambiental será indudable, todo proyecto tiene esa carga, están los derivados de la mera construcción como el despale de reservas de la biosfera, de la destrucción de zonas de reproducción de fauna como es el caso de las tortugas marinas que además se encuentra en peligro de extinción, de la reconducción de agua dulce para la funcionalidad del canal mismo que puede dar lugar a desecación de cuencas hídricas agredidas por el proyecto. Luego, el peligro a largo plazo es la contaminación irreparable de nuestras cuencas por vertidos de sustancias nocivas, como los hidrocarburos, en especial de ese inmenso patrimonio que es el lago Cocibolca; sin menospreciar el nocivo efecto que tendrían los sonares en la fauna del gran lago. Tercero: De ponerse en marcha el proyecto se estaría violando la ley general del agua, especialmente en lo que se refiere a la condición actual del Cocibolca en el que se especifican sus usos y su protección en el Título VII; de la protección de las aguas; queda recogido del siguiente modo: Artículo 97.- Es responsabilidad del Estado con la participación de los Gobiernos Municipales, Asociaciones de Municipios, Sector Privado, Organizaciones No Gubernamentales y población en general, la protección, conservación y destino de las aguas del Gran Lago de Nicaragua o Cocibolca.

Прво: Домородните заедници, нивниот начин на живот, нивната форма на сопственост и сите назначени права дадени од државата според Статутот на автономија, не се консултирани и со оглед на можноста за отуѓување ова мора да се направи без одложување.
Второ: Оштетувањето на животната средина ќе биде неодминливо, секој проект има свои дополнителни трошоци, има нус-производи од изградбата како јасно намалување на резервите на биосферата, уништување на области на размножување на животинскиот свет, како на пример морските желки се исто така во опасност од изумирање, обновувањето на свежа вода за функционалност на истиот канал што може да резултира со сушење на водните ловишта оштетени со проектот. Следно, долготрајната опасност од непоправливата загаденост на нашите водни патишта, особено областа со големо наследство на езерото Кокиболка, со фрлање штетни субстанции како што се хидрокарбони, не заборавајќи ги штетните ефекти на звукот што ќе ги има на живиот свет во големото езеро.
Трето: Започнувањето на проектот претставува кршење на законот за целокупната вода, особено во она што се однесува на моменталната состојба на Кокиболка што ги дефинира неговите употреби и неговата заштита во Насловот VII; заштита на водите која е назначена подолу:
Член 97- Заштитата, чувањето и намената на водите на големото езеро Никарагва или Кокиболка е одговорност на државата со учество на општинските власти и здруженија, приватниот сектор, невладините огранизации и целокупното население.
Foto compartida por Mildred Largaespada en Facebook.

„Ортега – продавач на нашето наследство“ Фотографија споделена на Фејсбук од Милдред Ларгаеспада.

Родриго Пењалба исто така напиша за проектот на неговиот болг. Родриго ја истакна, покрај другите работи, историјата на потпаролот на компанијата:

El grupo HKND, responsable del proyecto del canal (por cuya licencia pagarán solo U$100 millones de dólares a Nicaragua por una concesión de hasta 100 años) estrenó sitio web. Ahí podemos conocer a su vocero: Ronald Maclean-Abaroa. Maclean-Abaroa es un político boliviano, 4 veces alcalde de La Paz, ministro de información durante el gobierno de Hugo Banzer, candidato presidencial de ese mismo partido en el 2002. En el año 2000, mientras era parte del gobierno, se aprobó la ley 2029 que privatizó los recursos hídricos, desencadenando fuertes protestas nacionales. Por ejemplo, esta ley permitía a la empresa aguadora cobrar hasta por recoger agua de lluvia para uso personal. […] ¿Si este es el vocero, qué podemos esperar de sus jefes en HKND con licencia para cambiar la ley?

HKND, којашто е одговорна за проектот канал (чија лиценца ќе плати само $100 милиони американски долари на Никарагва за дозвола до 100 години) го отвори својот веб-сајт. Таму можеме да го запознаеме неговиот потпарол: Роналд Маклин-Абароа.

Маклин-Абароа е боливиски политичар, четири пати градоначалник на Ла Паз, Министер за информатичко општество и администрација во текот на владеењето на Уго Банзер, претседателски кандидат од истата партија во 2002 г. Во 2000 г., додека беше дел од владата, беше одобрен законот 2029 за приватизација на резервите на вода, предизвикувајќи силни домашни протести. На пример, овој закон дозволува компанијата за превоз на вода да наплаќа за собирањето на дождовница за лична употреба. […]
Ако ова е потпаролот, што може да се очекува од нивните шефови во лиценцираниот HKND (мкд.ХКНД) да го промени законот?

Хаштаговите #canalnica и #canalinteroceanico се користат за коментирање за проектот на Твитер. Азусена Кастиљо (@azulchena)) сподели видео од „Протест во одбрана на Државниот суверенитет и достоинството на Никарагва“. Видеото од Јутјуб корисник Никарао Либертарио, покажува слики од протестот против проектот што се одржа на 13 јуни.

El 19 digital, дигиталниот дневник на владата, објави статија во насока на изградбата на каналот:

Geográficamente, este canal tiene mucho sentido. Sólo son 12 millas del Pacífico hacia el lago de Nicaragua, y posteriormente de ahí se conecta al Atlántico. Pero aún se desconoce si esa será la ruta que tendrá el Canal. Para Nicaragua, este mega-proyecto tiene mucho sentido. La construcción doblará el Producto Interno Bruto per cápita de la nación, siendo el año pasado, 3,300 dólares al año. Pero [¿]porque [sic] construir un Canal, cuando ya existe otro a poca distancia? Buena, aquí está una razón…Existe mucha demanda en el Canal de Panamá, al punto que el average de tránsito de una punta a la otra, es de 12 días. Otra de las razones, es que los barcos más grandes que pueden transitar en Panamá son los llamados PANAMAX. Cada uno de estos barcos puede llevar 4,500 contenedores. Pero existen nuevos barcos llamados POST – PANAMAX, de ellos, habrá un Modelo llamado TRIPLE-E, que pueden llevar más de 18 mil contenedores, o sea, 4 veces más que los barcos de PANAMAX.

Географски, овој канал има совршена логика. Постојат само 12 милји од Пацификот кон езерото Никарагва, а од таму се поврзува со Атлантикот. Но, останува нејасно дали тоа е патот што каналот ќе го преземе. За Никарагва овој мега-проект има смисла. Изградбата би го удвоила бруто домашниот производ (ГДП) по глава на жител во државата, којшто минатата година беше 3,300 долари. Но, зошто да се гради Канал, кога веќе има еден во близина?
Па, еве ја причината… За Панамскиот канал има голема побарувачка, до таа точка што просечното транзитно време од еден крај на друг е 12 дена. Друга причина, е дека најголемите бродови што можат да поминат во Панама се нарекувани ПАНАМАКС. Секој од овие бродови може да носи 4,500 контејнери*. Сепак, има понови, ПОСТ-ПАНАМАКС бродови, помеѓу кои ќе биде моделот ТРИПЛ-Е способен да носи повеќе од 18 илјади контејнери или 4 пати повеќе од ПАНАМАКС бродовите.

Владата на Никaрагва сака да обезбеди БДП пораст од 15% до 2015г. и дури да ја удвои економијата во 2018 г. Нема да биде до следната година, 2014, кога ќе бидат спроведени студиите на изводливоста и извештајот за ефектот врз животната средина, за соодветно да се оцени валидноста на овој мега-проект.

*Белешка: Панамскиот канал моментално е во процес на проширување за да дозволи многу поголеми бродови, со големина „New-Panamax“, да превезуваат, но некои бродови се уште нема да можат да поминат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.