Одлуката да се елиминира Мексиканско-Американската студиска програма од наставниот план на државните училишта, која што беше имплементирана во Тусон, Аризона во 1998, предизвика скандал. За многумина, укинувањето на програмата и конфискацијата на голем број книги е жив пример за ултра конзервативната агенда што го загрозува културното и историското пространство на овој регион.
Одлуката, одобрена во јануари од страна на управникот на Независната училишна област во Тусон, Џон Хупетал, е базирана на ARS-15-112 [1] статутот од законот HB 2281. Како што објасни Јасмин Вила за LatinitasMagazine [2], овој закон ги забранува часовите или предмети кои:
- Промовираат државен преврат на владата на Соединетите Држави.
- Промовираат омраза кон раса или класа луѓе.
- Се дизајнирани првенствено за ученици од специфична етничка група.
- Промовирааат етничка солидарност наместо третирање на учениците како индивидуи.
Ова е листа на некои од конфискуваните книги:
- „Преиспитувајќи го Колумбо: Следните 500 години“ од Лесли Силко
- „Бура“ од Вилијам Шекспир
- „Педагогија на поттиснатите“ од Паоло Фреире
- „Окупирана Америка: Историја на Чиканосите“ од Родолфо Акуна
- „Чикано: Историја на Мексиканско-Американското движење за граѓански права“ од Артуро Росалес
- „500 години Чикано историја во слики“ од Исабел Мартинез
Кликни овде [3] за да ја видиш целосната листа.
Во следново видео се гледаат протестите на студентите и професорите против забраната на етничките студии во Тусон:
Како и што беше очекувано, солидарноста што државата сакаше да ја контролира се почуствува не само во Тусон, туку и во неколку други региони низ Соединетите Држави. Јунот Диаз, Лаура Ескивел, Ана Кастиљо и многу други писатели како и различни организации посветени на образованието, литературата и слободата на изразувањето јавно го отфрлија ова неуставно дело.
Беа создадени онлајн петиции [4] како и блогови за поддршка на повторното внесување на наставната програма за Мексиканско-Американски студии. Забрана на историјата [5], на пример, прифаќа видео материјали на кои луѓето читаат, пеат или покажуваат делови од цензурираните книги.
Професорската група на активисти, TAG [7] во соработка со Преиспитување на училиштата [8], исто така лансираше кампања за подигање на свеста наречена „Немањето историја е нелегално: кампања да се спасат нашите приказни“. Тие, исто така, создадоа проширена наставна програма која се основа на лекциите од забранетата програма, дополнета со лекции за борбата за слобода на говор и културна разновидност.
Дефинитивно, бранот на солидарноста ќе добие на сила бидејќи е корисен противотров на злоупотребата на моќ, страв и расизам. Во март, караванот Librotraficante [9] (Криумчерење на книги) ќе пристигне од Хјустон, Тексас во Тусон, Аризона за да ги подели цензурираните книги.
Следново видео е за караван проектот организиран од писателот Тони Диаз.