- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Приватност за починатите?

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Жени и род, Закон, Медиуми и новинарство, Протест, Човекови права

Смртта на стипендистка на НИТ (Каликат, Kерала [1]) уште еднаш пробуди искри на контроверзија околу приватноста на жените, приватноста на мртвите лица и општо за спорот со машкиот шовинизам во општеството во Керала. Керала се смета за една од понапредните држави [2] во Индија и е често споредувана со многуте развиени земји. За несреќа, жените во државата се сè уште подложени на сексуално злоупотребување кое по многу форми е слично на она од осумнаесеттиот век.

Се излезе на виделина кога беше пријавено дека една стипендистка исчезнала [3] од воз во движење, за подоцна да биде пронајдена мртва покрај реката. Штом нејзиниот пријател со кого патувала бил маж, неопростивиот главен медиум Малајам збесна и ја објави и преобликува нејзината смрт со најголема фокусираност кон нејзиниот пријател. Нејзината девственост, нејзините пораки од мобилниот телефон, нејзините ‘гадни афери’ беа отворени за дискусија за да се линчува веќе починатата жена.

Блогерите од оваа блогерска област беа вчудовидени од начинот на третирање на мртвата личност кој се споменува во главниот медиум, без апсолутна грижа за нејзината приватност.

[4]

Жена во воз во Варкала, Керала, слика од корисник на Фликр jynxzero. Употребена под CC BY-SA дозвола

Нета Хусеин пишува длабока забелешка [5] до нејзините Гугл пријатели,

ജീവിക്കുന്നത് കേരളത്തിലാണ്. കഴിഞ്ഞ 19 വർഷങ്ങൾക്കുള്ളിൽ പല പ്രാവശ്യം ട്രൈനിലും ബസ്സിലും ഒക്കെ, രാത്രിയും പകലും ഒറ്റയ്ക്കും അല്ലാതെയും യാത്ര ചെയ്തിട്ടുണ്ട്. ഇനിയും അങ്ങനെയൊക്കെത്തന്നെ യാത്ര ചെയ്യാനാണ് ഉദ്ദേശിക്കുന്നതും. അതുകൊണ്ട് തന്നെ എത്ര കാലം ജീവനോടെ ഇരിക്കും എന്ന് പറയാനൊക്കില്ല. ഇനി, തട്ടിപ്പോകുകയാണെങ്കിൽ തന്നെ അതു ദുരൂഹ സാഹചര്യങ്ങളിൽ ആയിരിക്കരുതേ എന്ന് ആത്മാർത്ഥമായി ആഗ്രഹിച്ച് പോകുന്നു. കാരണമുണ്ട്. “പെൺകുട്ടി ദുരൂഹ സാഹചര്യങ്ങളിൽ മരണപ്പെട്ടു”,”മരിച്ച പെൺകുട്ടിയുടെ ഡിലീറ്റ് ചെയ്യപ്പെട്ട എസ്.എം.എസ്സുകൾ/ഈ മെയിലുകൾ പരിശോധിച്ചു വരുന്നു” എന്ന മുൻപേജ് വാർത്തകൾക്ക് താഴെ എന്റെ ഫോട്ടോ നാട്ടുകാർ കാണാൻ തീരെ ആഗ്രഹമില്ല. രണ്ടാമത്, മരണശേഷമെങ്കിലും വീട്ടുകാർക്കും, കൂട്ടുകാർക്കും സമാധാനം കൊടുക്കണം എന്നുണ്ട്. എനിക്ക് മെയിൽ അല്ലെങ്കിൽ എസ്സെമ്മെസ് അയച്ച വകയിൽ, വളരെ നിഷ്കളങ്കമായി ‘ലവ്യൂ നതാ’ എന്ന് പറഞ്ഞ വകയിൽ എന്റെ കൂട്ടുകാരെ പൊലീസ് ചോദ്യം ചെയ്യേണ്ടി വരരുത്.

Јас живеам во Керала и изминативе 19 години патувам со воз и друг вид на јавен превоз и дење и ноќе. Така ќе патувам и во иднина. Не сум сигурна уште колку долго ќе бидам жива или дали ќе се соочам со некои несреќи во животот. Доколку нешто ми се случи, само се молам, и надевам дека не би била подложена на истиве околности како во неодамнешниов инцидент. Не би сакала весниците да објавуваат наслови како ‘Девојка умре под сомнителни околности, текстуалните пораки на девојката беа внимателно испитани од страна на полицијата’. Би можело да има многу пораки во кои пишува “Те сакам Нета” од пријатели, кои би можеле да бидат преобликувани како афери со кои моите пријатели и мојата фамилија би биле вознемирени.

ДР. Садип KС, кој е на студии на НИТ, каде што починатата девојка Инду беше истражувач, напиша oтворено писмо [6] до издавачот на Деепика [7], весникот на малајаламски јазик.

Драг издавачки тиму на Деепика,

Постои статија во денешниов весник Деепика поврзана со смртта на Инду, студент – истражувач на НИТ Козикоуд. Од извикувачки ‘полициски кругови’, вестите велат дека Инду и нејзиниот пријател Сабхаш (асистент во Одделот за електрично инженерство на НИТ) се заедно во последниве година дена. Како некој кој живее во НИТ кампусот, знам дека ова е неточно, и дека Инду престојуваше во одделот за жени во НИТ. Благо воздржете се од објавувањето на вакви сензационални “вести” во вашиот весник без дури и да ги потврдите истите, што само доведува до убиство на карактерот на мртвата девојка – студент.

Берли Томас, новинар и активен блогер соработува [8] во сите точки дискутирани во главниот медиум.

3. സുഭാഷും ഇന്ദുവും ഒരുമിച്ചു യാത്രകള് ചെയ്തിട്ടുണ്ട്. സൗഹൃദമോ പ്രണയമോ ഉള്ള വ്യക്തികള് ഒരുമിച്ചു യാത്ര ചെയ്യുന്നത് ലോകത്തിതാദ്യമല്ല. ഇതെഴുതുന്ന മാധ്യമപ്രവര്ത്തകര് തന്നെ എത്രയോ യാത്രകള് നടത്തിയിട്ടുണ്ടാകും. എന്നിട്ടും ഒരുമിച്ചു യാത്ര ചെയ്തു എന്നത് എന്തിന്റെയോ തെളിവായി അവതരിപ്പിക്കാന് ഉള്ള തൊലിക്കട്ടി ഉണ്ടാകുന്നത് വിസ്മയകരം തന്നെ.

Веста едногласно се раструбуваше од медиумите за тоа дека Инду и нејзиниот пријател патувале заедно. Повеќето од медиумите кои излегоа со оваа сензација, би го направиле истото и со нивните колеги новинари. Сепак, изненадувачки е што тие го користат ова да го клеветат и да го слават случајот.

Сриџид напиша [9] за помош од законите за приватност.

ഞാനോ പ്രിയപ്പെട്ടവരോ ആരെങ്കിലും ട്രെയിനില് നിന്ന് വീണോ, പുഴയില് മുങ്ങിയോ, എന്തെങ്കിലും ‘ദുരൂഹ’ സാഹചര്യത്തിലോ മരിക്കുകയോ അപകടത്തില് പെടുകയോ ചെയ്താല് ഞാനോ അവരോ അയച്ച മുഴുവന് മെസ്സേജ്കളും എനിക്കോ അവര്ക്കോ അത് വരെ ഉള്ള എല്ലാ സ്വകാര്യതകളും പോലീസുകാരുടെയും പത്രക്കാരുടെയും വേഷം കെട്ടി നടക്കുന്ന ഞരമ്പ് രോഗികള് പത്രങ്ങളിലൂടെയും വെബ് ഉലകത്തിലൂടെയും പ്രചരിപ്പിച്ചു രസിക്കുന്നത് തടയാന് നിയമ പരമായോ അല്ലാതെയോ വല്ല പരിഹാരവും ഉണ്ടോ? നിയമവും മറ്റും അറിവുള്ളവര് സഹായിക്കണം. ഇന്നോ നാളെയോ നമുക്കെല്ലാം സംഭവിക്കാവുന്ന ദുരന്തമാണിത്.

Доколку јас или некој од мојата фамилија или пријатели умре во некои мистериозни околности, дали постои било каков закон кој би ми гарантирал приватност од љубопитните очи? Приватност од печатот и полицијата подеднакво, кои бесрамно би прославувале испитувајќи ги моите лични пораки и со тоа уништувајќи ја мојата приватност. Ова би можело утре да му се случи и на некој од нас и ние мораме да ги знаеме законите кои го управуваат сето тоа.

Индиските медиуми се сè уште во почетна фаза, со свој налет на нови медиуми и канали сè уште формулираат разумна самоограничувачка политика и пристап до почитувањето на приватноста на граѓаните. Во зависност од законите за приватност, културата на Керала на сексуално насилство против жените и кодот на моралот би требало да бидат долго и детално разгледани.