Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Куба: Концерт за мир

Самото спомнување на зборот „Куба“ буди најстрасни дебати, особено меѓу Латино-американците и луѓе од Карибите. Колумбискиот пејач Хуанес предложи примирје, момент за солидарност, за мир, за надминување на политички, географски и емоционални граници. И кој е подобар начин за постигнување на ова, отколку со музика? Ова е визијата што го мотивираше Хуанес да го организира концертот „Мир без граници“ (Paz sin fronteras) во неделата, 20 септември 2009, на Плоштад на револуцијата во Хавана, Куба. Изведби приредија петнаесетмина уметници од Куба, Колумбија, Еквадор, Порторико, Венецуела, Шпанија и Италија (за целосна листа на изведувачи погледнете го официјалниот сајт на концертот). Според организаторите, 1.150.000 луѓе се собрале на Плоштадот на Револуцијата за да слушаат музика во текот на шесте часа под топлото карипско сонце. Огромната толпа наликуваше на море од пена: сите беа облечени во бело, уметниците, гледачите и преостанатите луѓе. Снимката од уметниците кои доаѓаат на концертот беше објавена на Јутјуб.

Но, настанот беше опкружен со контроверзии. Кубанските бегалци во Мајами жестоко се противеа на тоа и Хуанес – кој живее во Мајами, како и многу други латино-американски уметници, дури доби смртни закани. Во Хавана, некои уметници, исто така се пожалија дека тие се под надзор на владата. Уште еднаш, можеме да видиме, дека што било во врска со Куба, не остава никого рамнодушен. Дури и американскиот претседател Барак Обама има нешто да каже во врска со концертот, кога беше прашан во интервју за Унивижн (Univisión): „Јас, секако, не мислам дека тоа им штети на американско-кубанските односи … Не би го преувеличувал степенот дека тоа помага“. Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез коментира дека е „прекрасно“ што толку многу меѓународни уметници можат да учествуваат во настанот. И покрај тоа што уметниците, главно, зборуваа за мир, љубов и солидарност меѓу Кубанците, имаше неколку политички коментари во текот на концертот, како кога Хуанес извика „Куба Либре“ (Слободна Куба!) И кога легендарната кубанска група Лос Ван Ван – кои беа последните да се качат на сцената- рекоа „И покрај сè, се случи и концертот за мир!“
На кубанската блогосфера беше многу бучно. Написи од кубанските блогери, кои живеат во Куба и во други земји, ја покажуваа разноликоста на мислења за политичката состојба на Куба.

Истата недела, во Генерација Y, Јоани Санчез пишува за концертот:

Утре ќе се раздени како секој понеделник. Валутите ќе продолжат да се искачуваат, Адолфо и неговите колеги ќе имаат уште еден ден зад решетките во затворот Каналета, син ми ќе слушне на училиште дека социјализмот е единствениот избор за земјата и на аеродромите ќе продолжиме да бараме дозвола за да го напуштиме островот. Концертот на Хуанес нема да ги измени значително нашите животи, но ниту јас не одам на плоштадот со оваа илузија. Не би било фер да се бара од младиот колумбиски пејач да ги раздвижи оние промени кои ние самите не успеавме да ги направиме и покрај тоа што толку многу тежнееме кон нив.

Бев на плоштадот за да проверам колку различен може да биде истиот простор кога располага со народ кој е организиран од погоре споменатото, наспроти кога опфаќа група луѓе кои танцуваат, пеат и се сплотени без вмешаност на политиката. Да се биде таму е ретко искуство, без да се извикуваат слогани и без механички да се аплаудира кога тонот на говорот означи дека е време да се наздрави.

Ако изведбата од овој 20 септември ја гледаме како генерална проба, за концертот ќе имаме еден ден, тогаш ние треба да им честитаме на оние кои учествуваа. Дури и ако не постои друг и плоштадот повторно го заземе своето сивило и свеченост, барем ова неделно попладне доживуваме нешто различно. Во едно место каде систематски се сее поделбата меѓу нас, Хуанес, на зајдисонцето, извика: „За едно кубанско семејство!“

Марк Мас Ферер го искажа своето мислење за концертот на неговиот блог Uncommon Sense:

Јас нема да го казнувам Хуанес, ниту да го проколнувам, ниту да го повикувам народот да му ги запали плочите. Тоа е една потрошена енергија, според која браќата Кастро би се хранеле.

Наместо тоа, јас ќе ја искористам можноста дека тој нè претстави како оние кои сме посветени на слободна Куба, вниманието кое го создаде за себе и за Куба да се образуваат, да се залагаат за сметка на оние Кубанци кои признаваат дека единствената „граница“ на блокирање на мирот на островот е поставена од страна на непријателскиот режим против Кубанците.

Додека Хуанес и други пејачи изведуваа, јас ќе ги паметам политичките затвореници и другите Кубанци кои го посветиле својот живот за донесување вистински мир во Куба- мир со почитувањето на човековите права, мир со правдата, мир со слобода.

Тоа ќе биде многу повеќе од тоа што Хуанес може да го направи за нив.

Реиналдо Ескобар коментира во Desde aquí:

La plaza estaba llena, no sólo de personas, sino de modos de pensar, de tendencias y credos. Nadie puede dividir en dos bandos a toda una nación. A ver, usted que me está leyendo, ¿en cuál saco quiere que lo echen?, ¿donde van los que hicieron explotar un avión en pleno vuelo en el que viajaba nuestro equipo de esgrima, o en el que están los que hundieron el remolcador 13 de marzo, cargado de inocentes? ¿En el saco de los que ahorcaron al alfabetizador Manuel Ascunce o en el de los que ordenaron derribar dos avionetas desarmadas? La gente que vi en la plaza el pasado domingo no cabía en ninguno. Los jóvenes que acompañaban las canciones tenían sus ojos puestos en el futuro, no digo que fuera un coro de ángeles, pero no seré yo quien los satanice como “cómplices de la dictadura”. Que los cubanos seamos una sola familia es un hermoso y necesario propósito, gústele a quien le guste y pésele a quien le pese.

Плоштадот беше полн, не само со луѓе, туку и со различни начини на размислување и верувања. Никој не може да подели еден народ во две фракции. Ајде да видиме, вие, кои го читате ова, во кој дел сакате да бидете ставени? На која страна се оние кои на 13 март го потонаа реморкерот што бил полн со невини луѓе? На која страна се оние кои го обесија Мануел Асунсе или на оние кои наредија да се урнат два невооружени авиони? Луѓето што го видов на плоштад не се вклопуваа во ниту една од овие категории. Додека младите луѓе пееја, во нивните очи се отсликуваше иднината. Не велам дека тоа е хор на ангели, но јас нема да ги карактеризирам како „соучесници на диктатура“. Да се верува дека ние Кубанците сме дел од едно семејство е убаво и потребно, и покрај тоа што тоа може да пречи некому.

Целиот концерт може да се види тука. За слики посетете го блогот Cuba en fotos на Роберто Суарез.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.