Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Студенти уапсени после протестот против реформа на Универзитетот

Пред една недела владата објави голема реформа на високо образовниот систем, која моментално коегзистира со традиционалните и приватните универзитети. Оваа реформа, е направена без учество на универзитетите или студентите, одлуката е пресретната со силно противење од страна на претседателот на Универзитетот од Чиле (Universidad de Chile) Виктор Перез и Федерацијата на студенти на Универзитетот (FECH).

El Ciudadano [шпански] објаснува во што се состои реформата:

Esta se centraría en una reforma a la institucionalidad de la educación superior, la creación de un sistema único de créditos y becas, el cambio del financiamiento a las Universidades reforzando los fondos concursables y los convenios de desempeño, una revisión a Becas Chile y una mayor información en torno a la acreditación de las carreras.

Ќе се фокусира на институционална реформа на високото образование, создавање на еден систем на кредити и стипендии, промена на финансирање на универзитетите со охрабрување компетентно финансирање и изведбени договори, преглед на стипендии Чиле (Becas Chile) и зголемени информации за акредитации и кариери.

Читателите оставаа коментари за и против реформата во интервју во весникот La Tercera [шпански], каде Хуан Хозе Угарде, шеф на високото образование во Министерството за образование, зборува за реформата. Корисникот Пабло Мулер напиша:

me parece buena la idea, finalmente es lo que ocurre en todos los lugares con buena educación superior en el mundo, la beca es al estudiante, no a la institución. hay 60 universidades en chile, ¿son realmente TODAS necesarias? Yo diría que alm neos 20 están de más

Мислам дека е добра идеја, ова се случува во сите места со добро високо образование во светот, стипендиите се за студенти, не за институциите. Има 60 универзитети во Чиле, дали СИТЕ се потребни? Би рекол дека има најмалу 20 кои не се.

Луиза Емилија исто така коментираше, велејќи дека смета дека реформата не е решение:

Totalmente contrario a los proyectos que nacieron en el congreso de Educación que se realizó el año pasada, sin duda el gobierno no conoce o no le interesa lo que grandes actores de la educación han decidido. Hay que hacer una reforma de la educ. superior pero ésta tiene que resguardar la insitutuciones públicas para que representen o verdadero desarrollo para el país.

Ова е целосно спротивно на проектите кои се создадени на Конгресот за образование кој се одржа минатата година, без сомнеж Владата не знае или не се грижи што одлучиле учесниците во создавањето на образобниот систем. Има потреба од промени во високото образование, но мора да се заштитат јавните институции за да можат да покажат вистински развој на државата.

На 21 јуни- два дена пред да се одржи протестот- Хулио Сармиенто, претседател на федерацијата на студенти на универзитетот Чиле, напиша на Twitter за реформата:

@Sarmiento510: Pensando como la parar la Agenda privatizadora del MINEDUC para que no perdamos lo poco de Educación Pública que tenemos.

@Sarmiento510: Мислам како да запре приватизициската агенда на Министерството за образование за да не го изгубиме она малку што остана од јавното образование.

Под овој контекст, на церемонијата за инагурација на претседателот Перез во (Casa Central) главната зграда на Универзитетот Чиле, студентски протест воден од Студентската федерација беше разбиен и осуммина од лидерите беа уапсени откако извикуваа слогани против реформата највена од администрацијата. Видео на YouTube го покажува протестот на студентите.

Федерацијата на студенти исто така го критикуваше фактот дека студентите биле тепани и ги смета овии акции на полицијата како прекршување на автономноста на универзитетот:

En esas condiciones la Directiva de la FECh decidió no ocupar su palco en la ceremonia y subir junto al resto de los estudiantes al segundo piso, al Presidente de la FECh no se le permitió el ingreso a este lugar por parte del equipo de seguridad del Presidente, argumentando que esto podría agitar a los estudiantes y enturbiar la ceremonia. Lo que consideramos que corresponde a una violación de la autonomía universitaria y la libertad de expresión.

Под овие услови, директивата на Федерацијата одлучи да не ја зафати вообичаената ложа на церемонијата и да оди со останатите студенти на вториот кат, на Претседателот на Федерацијата не му беше дозволено да влезе во ова место од страна на обезбедувањето на Претседателот, расправајќи дека ова може да ги вознемири студентите и да пречи на церемониијата. Ова го сметаме за нарушување на автономијата на универзитетот и слободата на изразување.

Ивон Валдес реагираше на вестите преку Twitter:

@sweetanabelle: estudiantes de U de Chile detenidos sólo por manifestarse contra Piñera!!!, parece que de verdad creen que hemos vuelto a la dictadura

@sweetanabelle: студенти на универзитетот Чиле уапсени само затоа што протестираат против Пињера!!!, изгледа дека се вративме назад кон диктатурата (на Августо Пиноче)

Родриго Бузада го сподели неговото мислење на Twitter:

@Buzada: Es una vergüenza que el Patrono de la U. de Chile permita que sus estudiantes sean detenidos en la Casa Central http://bit.ly/drUusS

@Buzada: Срамно е тоа што Претседателот на Универзитетот Чиле дозволува неговите студенти да бидат задржани во Casa Central http://bit.ly/drUusS

Противниците на реформата се надеваат дека како резултат на реакциите на студентите и изјавите од универзитетските авторитети, Владата ќе почне да воспоставува дијалог и учество на акционери како клучен дел на реформата. Иако и двете страни се согласуваат дека подобрување на стандардите и финасии на универзитетот е неопходно, овој инцидент и дискусија поткрева прашања за тоа дали владините акции се наменети за зајакнување на јавниот систем или за негово ослабнување во замена за приватен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.