- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мисијата на еден Палестинец е да го направи урбаното земјоделство поодржливо

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Палестина, Граѓански медиуми, Добри вести, Животна средина, Храна

Овој напис на Тод Ројболд [1] беше првично објавен [2] на „Енсиа.ком“ [3], магазин кој на дело ги истакнува меѓународните решенија за животната средина, а тука е објавен како дел од договор за споделување содржини.

Насекаде низ светот, урбаното земјоделство [4] игра улога во прехранувањето на растечкото светско население од Средна Америка до Блискиот Исток.

Видеото погоре го прикажува Саид Салим Абу Насер, поборник за одржливото земјоделство, кој живее и работи во градот Газа, Палестина, долж медитеранскиот брег.

Абу Насер направи микро-фарма од 200 квадратни метри користејќи хидропоник систем и домашни органски раствори против штетници кои содржат лук, пипер, сапун и друго.

Секоја година тој произведува околу 3500 килограми храна – доволно да нахрани 30 луѓе. Можеби уште поважно е тоа што неговата урбана фарма може да служи како модел за другите кои се надеваат одржливо да одгледуваат храна во помали количини.

Ова видеото беше продуцирано, снимено и монтирано за „Енсиа“ од страна на Јасер Абу Вазна [5], хонорарен режисер кој живее на Палестинска територија.