- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Америка: Регионот го прославува ослободувањето на Бетанкур и другите заложници

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Боливија, Гватемала, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Перу, Војни и конфликти, Хуманитарен одговор

Целиот регион на Латинска Америка прославуваше со луѓето од Колумбија по проширувањето на веста дека поранешниот претседателски кандидат Ингрид Бетанкур [1] и 14 други заложници се ослободени. Во операцијата наречена „Џаки“, Бетанкур, 3 граѓани на САД и 11 членови на колумбиските сили беа ослободени по обидот за спасување. Блогери од многу земји низ Латинска Америка ја споделија својата возбуденост и ги напишаа своите лични размислувања.

Еквадор Кроника Керо [es] напиша за иконата која што Бетанкур постана [2]:

СЛОБОДНА. Баш така со големи букви. […] Бетанкур стана универзален глобален имиџ. […] Го отворивме весникот и го видовме нејзиното ослободување, ние се солидираме со нашите браќа од Колумбија, оние кои бараат мир пред конфронтација. Бетанкур е симбол за борбата против киднапирањето. Денес, Колумбијците се будат различно. Мислам дека и светот, кој сочувствуваше со нив и беше трогнат од нивната приказна, се буди различно.

Боливија – Карлос Густаво Мачикадо Салас од Гучиос [es] ги коментира зборовите на Бетанкур после нејзиното ослободување [3]:

За мене, најважна беше пораката од Ингрид за љубов и опростување, дека таа се молела за смрт и за герилите и како додаток, таа го понуди своето опростување. По тешкотијата и малтретирањето кое таа мораше да го преживее, секој би помислил дека таа би имала само омраза и презир во нејзината душа, но баш спротивно, таа зрачеше со духовен мир и неверојатна поврзаност со Господ. Тоа беше нешто навистина прекрасно и треба да не натера да се насочиме кон нашите мисли за животот.

Аргентина – Мариан Б од Разновидни, Бесмислени и Непотребни Лутања [es] исто така го истакнува говорот на Бетанкур [4]:

Го слушам нејзиниот говор на аеродромот и им завидувам на Колумбијците бидејќи уште еднаш може да се пофалат со одличен, исклучителен и неверојатен политичар. Ќе биде од голема важност за Колумбија ако таа се кандидира за претседател и биде избрана.

Гватемала Пренса Негра [es] е задоволен бидејќи претседателот на Венецуела Хуго Чавез имал многу малку поврзаност со спасувањето [5]:

Спасувањето на Бетанкур, без сомневање, беше најконтроверзното киднапирање од ФАРС во последните години. Најдобро од се е тоа што беше направено без помош од Чавез, бидејќи ако тој имаше нешто со тоа, ќе слушневме се околу тоа!

Перу Меносчанас [es] пишува за тоа што значи ова за герилската група ФАРС [6].

Насмевките на поранешните затвореници покажува дека ова е еден од најјаките удари на ФАРК, бидејќи сите погледи сега се насочени кон Колумбија. Случајот на Ингрид Бетанкур е најпрепознатливиот и насмевките и прегратките помеѓу поранешните затвореници и повторното обединување со нивните сакани, покажа дека после долг кошмар, сепак може да излезе од него.

Диана Зорила од Морена Ескриб [es] пишува [7]:

Таа стана симбол за катастрофата која ФАРС му ја нанесе на колумбискиот народ и нејзиното ослободување, заедно со другите 14, е многу важна морална победа за Колумбија.

Парагвај – Едвин Бритез од Деречо Вијо [es] пишуваше за Бетанкур претходно во декември и повторно пишува за добрите вести кои се рашириле низ земјата [8]:

Задоволен сум што знам дека денес многу луѓе излегоа на улиците од Асунчион и ја покажаа својата среќа со свирење од автомобилите, за ослободувањето на Ингрид. Многу од нив беа жени. Денес, сите ние, на некој начин, сме послободни од претходно.