- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бахреин: Код за етика на блогерите против секташтвото

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Дигитален активизам, Политика, Религија, Човекови права

Со политичката поделеност во Бахреин вообичаено составена од секташки групи, блогерот Махмод Ал Јосиф објави код за етика со цел да го запре ширењето на омразата онлајн.

Мохмод објаснува [1]:

Лого за запирање на омразата онлајнЈас верувам дека со моменталната ситуација, време е да застанеме обединети против секташтвото и дискриминацијата во сите свои форми. Затоа, предложувам следниов код да се прифати и потпише од сите електронски издавачи, без разлика дали се блогери, вебмастери, модератори на форум итн. Кодот е резултат на дискусија со пријателот и новинар Ахмед Ал-Аради од Ал-Вакт, кој напиша одлична серија од написи за ситуацијата во Бахреин наречена „Креаторите на омраза“… Предложувам сите да го разгледаме следниов текст и да дојдеме до спогодба за финалниот код, кој предложувам сите да го потпишеме физички и електронски на Интернационалниот ден на блогот, кој се совпаѓа со 31 август.

Една од одредбите на која сопствениците на блогови, веб сајтови и форуми се бара да се обврзат е следнава:

Ние одбиваме било каква сугестија или пишување кои имаат секташки контекст или поттик за омраза, злоупотреба на слободата за религија, вера или верувања.

Целиот текст  на арапски и англиски може да се погледна тука [1].