Проекти за јавно здравство со користење на граѓански медиуми со цел да се зајакнат гласовите на заедниците

Оригинално објавено на Рајзинг војсис

Рајзинг војсис и иницијативата на Здравствени медиуми на Институтот отворено општество со задоволство ви ги најавуваат шесте нови граѓански проекти фокусирани на здравјето. Добивме повеќе од 110 предлози од здравствени активисти и организации од повеќе од 50 различни држави. Шесте одбрани стипендисти ги претставуваат најкреативните апликации од граѓанските медиуми, како што се блоговите, подкаст и онлајн видеото за да им се помогне на јавните здравствени организации во бранење на своите цели и да се зајакнат заедниците со кои тие работат.

Во Брасов, Романија, домот Каса Сперанте ќе обучува сестри, доктори и персонал како да користат аудио и видео опрема за снимање за потоа да ги споделуваат приказните од пациентите со болести опасни по живот. Персоналот на центарот исто така ќе го искористи нивниот интерактивен веб сајт за да ги објаснат своите цели, успеси и предизвици во палијативната нега, која се фокусира за подобрување на негата на пациентите при крајот на животот, како и на нивните фамилии, со специјален фокус на ранливите популации вклучувајќи ги постарите, децата и пациентите со ХИВ/СИДА.

Во гратчето Ква Машу, во околината на Дурбан, Јужна Африка, Ква Машу проектот за унапредување на заедницата (К-ПУЗ) ќе ја користи својата Екхаја лабораторија за имагинација за да обучи 20 нови граѓани новинари од гратчето за да известуваат за локални настани поврзани со прашања за локалното здравство кои влијаат на заедницата. Во 1998 Гугу Дламини беше каменуван до смрт во Ква Машу откако јавно објави дека има позитивен ХИВ статус. Дваесетте граѓани новинари обучени од К-ПУЗ ќе работат против таквите строги осудувања за ХИВ и СИДА, како и ќе ги прикажуваат локалните прашања за здравството на интернационалната публика.

Павел Кутсев од Дроп-ин центарот ќе користи постови на блогови, фотографии, подкаст и онлајн видео за да го сподели своето искуство од својата работа во институција за намалување на штетите во Киев, Украина. Блогот ќе ја прикаже секојдневната реалност на корисниците на дроги и ќе опише како таа реалност влијае на јавното здравство низ земјата.

Фондацијата Оризонтури и Кампулунг Молдовски, Романија ќе креира клуб од блогери за пациенти на психички здравствени сервиси, во кој ќе се обучуваат како да одржуваат блог, како да поставуваат видеа на онлајн сајтови за споделување и како да користат социјални мрежи. Техничките вештини ќе им овозможат на учесниците да ги споделат своите приказни и да го фалсификуваат својот онлајн идентитет.

Во Бразавил, Конго организацијата за развивање АЗУР, како дел од мрежата за преземање иницијатива за СИДА во Африка, ќе „обучува комуникациски службеници од локални организации за СИДА за дигитално раскажување на приказни, подкаст и креирање на блогови за да ја документираат стигмата и дискриминацијата на луѓето заразени со ХИВ и СИДА во Конго, со цел да ги користат за одбрана, образование и промоција на правата на луѓето заразени со ХИВ.“ Секој комуникациски службеник ќе опише како епидемијата на СИДА моментално влијае на локалната заедница каде тој или таа работат и каков е секојдневниот живот на луѓето кои живеат со ХИВ и СИДА.

Последниот проект ФронтСИДА, базиран во СВ. Петербург, Русија, ќе користи граѓански медиуми за да ја контролира пристапноста до третманите за луѓето кои живеат со ХИВ, СИДА, хепатитис и ТВ во 20 региони низ Русија. Интерактивниот блог ќе биде агрегатор и место за ресурси со информации од граѓански медиуми за прашања од здравството во Русија.

Шесте проекти се различни по својата географска локација и својот стратешки пристап , но сите ја споделуваат желбата да обучуваат здравствени активисти за да користат нови медиуми со цел да се рашири свеста на нивната работа и заедниците за кои работат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.