Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мајка и нејзините ќерки од Пакистан застрелани поради танцување на дожд

Мајка и нејзините две ќерки се застрелани откако петмина маскирани провалиле во нивната куќа во гратчето Чилас во Гилгит, Пакистан. Според медиумите, се работи за убиство извршено поради бранење на семејната чест.

Девојчињата на возраст од 15 и 16 години наводно станале цел на 24 јуни 2013 година поради видео снимено со мобилен телефон каде тие уживаат на дождот во нивната градина. Видеото циркулирало локално и било сфатено како навреда за семејната чест.

Властите тврдат дека убиецот бил полубратот на девојчињата Куторе (Khutore), кој побеснел поради видеото и најмил четворица негови пријатели за да ја врати, според него, изгубената семејна чест. Четворицата пријатели се во притвор и ги признале злоделата, но Куторе сѐ уште е во бегство.

Според годишниот извештај на Пакистанската комисија за човекови права, убиствата извршени поради семејна чест остануваат „најчестатата и најодвратната форма на насилство врз жените во Пакистан“. Во 2012 година, според извештајот, 913 жени биле убиени во име на честа на нивните семејства, вклучувајќи и 99 деца.

Шафикул Хасан Сидики (Shafiqul Hassan Siddiqui) ги анализираше причините зад убиствата извршени поради семејна чест во Пакистан, на блоговите Dunya:

Се работи за исход од одмазда. 95% насочено кон жените. Член на семејството (најчесто маж), со одобрение од останатите членови на семејството, ја убива и осудува жената врз неколку основи. За целото семејство жртвувањето на нивната крв претставува момент на гордост бидејќи поради неа тие ја изгубиле својата чест. Повеќе причини се сметаат за главни и основни зад убиството извршено поради семејна чест.

Two Pakistani Teenage Sisters Noor Basra and Noor Sheza shot because of dancing in the rain. Screenshot from YouTube Video uploaded by NewsMedia24

Скриншот од видеото кое веројатно доведе до стрелање на овие млади сестри. Прикачено на Јутјуб од страна на NewsMedia24

Како реакција на скорешните убиства, директорот на пакистанската редакција на Њујорк Тајмс, Деклан Волш  (Declan Walsh) (@declanwalsh) твитна:

@declanwalsh: ненормална работа – две девојчиња и нивната мајка убиени поради видео каде тие уживаат во дождот. http://beta.dawn.com/news/1020576

Лубна Кан (Lubna Khan) (@Lubnagigyani), блогер за родови прашања, коментираше за убиствата:

@Lubnagigyani: ГРОЗОМОРЕН КРИМИНАЛ. Почесните НЕ УБИВААТ никогаш и под никакви околности – најмалку пак поради егоистичниот мачоизам.

Блогерот за политички прашања Zeesh (@zeesh2) се осврна на изразот „убиства поради семејна чест“:

@zeesh2: „убиство поради семејна чест“ е погрешен израз – емоции упатени на погрешна адреса – ако навистина имаат чест не треба да убиваат други, туку себеси

A theatre performance displaying Violence on Women' during a protest. -- Hyderabad, Pakistan. Image bby Rajput Yasir. Copyright Demotix (6/8/2011)

Театарска претстава која го прикажува насилството врз жените за време на протести. Хидерабад, Пакистан. Фотографирано од Rajput Yasir. Сите права ги поседува Demotix (6/8/2011)

Gedrosia (@gedrosian), корисник на Твитер од квартот Балокистан, додаде дека обелоденетите видеа снимени со мобилни телефони имале ужасни последици за студентките и во конзервативните области:

@gedrosian: постојат повеќе случаи и во Балокистан, каде протекле фотографии од студентки, кои потоа биле избркани од факултет.

Неколку дена пред скорешното убиство, блогот Иднината (The Future) објави напис во кој се сумира решението за ставање крај на убиствата извршени поради семејна чест:

Сметам дека е потребна револуција во менталниот склоп на мажите со цел менување на постоечкото мислење за поседувањето на моќ. Предуслов во денешната ситуација не е да се поттикнува ниеден пол, туку да се постигне рамнотежа помеѓу двата пола во насока на остварување на заеднички цели, подобрување на општеството и посветла иднина за следните генерации со тоа што ќе бидат горди на својата култура.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.