Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Фото: Будимпешта каква што не ја познавате

Главниот град на Унгарија, познат по својата историја, уметност и архитектура, се чини развива и свој вид на урбана уметност деновиве. Фотографии и коментари со хаштагот #streetart поврзани со Будимпешта постојано никнуваат на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, особено со почетокот на летната туристичка сезона.

Многумина чуле за францускиот урбан уметник Invadera, кој оставил белег на урбаните уметници низ цела Европа и речиси целата своја уметност ја засновува врз флиперска игра од доцните 90ти години. Тогашната негова несвојствена форма на уметнички израз, уличната уметност, се граничеше помеѓу герилски активизам и мејнстрим уметност.

Уметникот потоа ги стави на карта градовите кои ја ценеа и одгледуваа оваа нова форма на уметност. Во тоа време, Invader, именуван според флиперската игра од доцните 70ти години од каде ја црпи својата инспирација, ја вклучи и Будимпешта на својата карта и ја обележа со големи букви, како порака дека во текот на неколкуте години по падот на Источниот блок, се родила нова, игрива, млада, бунтовна и алтернативна Будимпешта.

Во меѓувреме, уличната уметност, која комуницира директно, непосредно и во близок контакт со набљудувачите, доби статус на мејнстрим во овој историски град лоциран во источна Европа. На секое ќоше може да се налета на ваква слика:

Mural in Budapest playground; photo courtesy of Alternative Budapest.

Фреска на игралиште во Будимпешта; фотографија на Alternative Budapest.

A balcony in a Budapest neighborhood; photo courtesy of Alternative Budapest.

Балкон некаде во Будимпешта; фотографија споделена од Alternative Budapest.

Creative Budapest window art; photo courtesy of Alternative Budapest.

Креативна уметност на прозорец во Будимпешта; фотографија на Alternative Budapest.

Покрај постовите со вакви фотографии на Фејсбук, Твитер и Инстаграм исто така бесплатно и позитивно го рекламираат алтернативното лице на Будимпешта.

Корисникот на Инстаграм Irelative_strang, познат како Janos Bako (@JanosBako) на Твитер, објави:

@JanosBako: Природата го презема градот.  #streetart #Budapest pic.twitter.com/h7G50Vt2cz

Корисникот на Твитер, дизајнер по професија, Стив Џуд (Steve Jude) (@steve_jude), коментираше:

@steve_jude: #budapest уметност каква не сте виделе #streetart @ Bakáts tér http://instagram.com/p/a6Scp-ycyI/

Она што би можело да ја разграничи Будимпешта од останатите градови каде се развива сцена на улична уметност е всушност вистинското унгарско чувство проследено со уметничкиот израз. „Rom kocsma“, или „руинирани пабови“, се всушност пабови и кафулиња отворени во рушевините на стари, напуштени градби, уредени во варијации од ретро до внимателно одбрани урбани стилови. Во последниве години буквално се случува инвазија од вакви пабови во делот од градот наречен Пешта и претставуваат еден од најголемите детали на урбана уметност која отскокнува и го привлекува вниманието на туристите.

A "ruin pub" in Budapest; photo courtesy of Alternative Budapest.

„Руиниран паб“ во Будимпешта; фотографијата е во сопственост на Alternative Budapest.

Доколку туристите упатени кон овој старомоден дел од Европа се во потрага по нешто ново, возбудливо и пред сѐ забавно и интерактивно, Будимпешта има многу да понуди.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.