Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Нема сведоци? – Нема силување, вели исламскиот совет на Пакистан

Една пресуда на пакистанскиот Cовет за исламска идеологија (CII) кој го отфрла ДНК како примарен доказ во случаите на силување прими многу критики од активистите во земјата. Пресудата има и свои поддржувачи, некои се среќни што легитимна институција се справува со религиозните прашања во Пакистан.

Советот не претставува никаква законодавна власт во земјата, туку е советодавно тело за пакистанската влада и парламентот, за сите правни прашања поврзани со Исламот. Силувањето моментално спаѓа под граѓанско право во Пакистан кое дозволува ДНК докази. По самата пресуда, собранието Синд едногласно донесе одлука на 11ти јуни, 2013 со кое ДНК тестовите стануваат задолжителни во сите случаи на силување во провинцијата.

Контроверзниот декрет јавно објавен на веб-страницата на советот, утврдува дека Исламот има дадено јасни инструкции за како да им се суди и како да се казнуваат силувачите, потпирајќи се само на сведоштвото на четири сведоци, и дека ДНК треба да се користи само како дополнување на примарното сведоштво.

Комисијата на човекови права во Пакистан (HRCP), водечка организација за човекови права во земјата, на својата веб-страна, изјавата на советот ја нарече „регресивна, исклучително бесчувствителна и нељубезна кон жртвите на силување“:

Лошите истражувачки методи и неподготвеноста на сведоците да излезат во пресрет, поради страв, значи дека рамнотежата е наклонета кон страната на силувачот. Во овие услови, би било глупаво да не зависи пресудата од сите достапни докази, особено кога станува збор за резултати од непобитниот ДНК тест.

Victims of rape along with relatives, hold a protest against their alleged culprits to demand their arrest. They also want to bring to light alleged rape by police officers caused by none payment of bribes. Hyderabad, Pakistan. Image by Rajput Yasir. Copyright Demotix. 14th November 2011.

Жртви на силување заедно со своите роднини протестираат против нивните наводни виновници и бараат истите да бидат уапсени. Хајдерабад, Пакистан. Фотографија од Рајпут Јасир. Авторски права Demotix. 14ти ноември 2011.

Во Пакистан, силување спаѓало под исламскиот Шариа или контроверзните Худуд закони, што во праксата го едначеше ова кривично дело со прељуба – ако жртва на силување не може да обезбеди 4 сведоци (мажи), таа може да биде обвинета за прељуба. Всушност, според пакистанската Национална комисија за статусот на жената „80% од жените“ кои биле осудени на затворска казна во 2003, биле таму затоа што „не успеале да докажат дека се жртви на силување и соодветно биле казнети за прељуба“.

Во 2006 година, беше донесен Законот за заштита на жената со што се изменија Худуд законите, со што случаите на силување спаѓаа под граѓански закони и беше дозволено приложување на форензички докази.

Ајеша Тами Хак (@tammyhaq), новинар од Пакистан, објави саркастична забелешка на својот Твитер профил: 

@tammyhaq: (Ајеша Тами Хак) Поставените градници се ѓаволски перничиња, вели пакистанскиот #CouncilofIslamicIdeology (#СоветЗаИсламскаИдеологија), добро е што немаат поважни прашања со кои треба да се справуваат?

Спротивно на тоа, Умаир Рашид (@umairrasheed1) напиша:

@Umairrasheed1 (Умаир Рашид): Муласи свикаа #Alam-e-IslamConference (#Алам-ИсламКонференција) во #Peshawar (#Пешавар). Велат дека ќе започнат движење за имплементација на предлозите на #CouncilofIslamicIdeology (#СоветЗаИсламскаИдеологија)

Блогерот Aсиф Заиди на блогот „Дозволете ни да го изградиме Пакистан“ напиша:

..ниту еден износ на докази во светот не може да ја негира веројатноста дека жената можеби лаже кога се нарекува себеси жртва на силување. Оттука одреден перфекционизам мора да биде повикан за да се попречи патот на законот кон донесување на сомнителни пресуди против невини мажи.

Мухамед Илјас Хаидри коментираше на напис на страницата Dawn.com, тој вели:

…Резервираноста на советот за исламска идеологија е оправдана во поглед на признавањето на ДНК резултатите од прва… Точно е дека не може да се потпреме на резултатите на нереални лаборатории како пакистанските и многу други од третиот свет, каде владее митото, измамата, прикривањето на докази, и сиромашниот судски систем…

Рана Гулаби на истата веб-страница напиша:

Постои научно објаснување за сето ова, затоа што ДНК примерок може да биде земен од предмети на секојдневна употреба како што се чешли, облека и сл. со помош на општо достапна лабораториска опрема и подоцна да биде подметната на било кое место со цел прелажување на медицинскиот персонал кој го составува медицинскиот извештај. Жена која бара одмазда од својот поранешен сопруг може да го направи ова за да го уништи неговиот живот.

Нагласувајќи го фактот дека СИИ е содржан од повеќе од дваесетина машки свештеници, HWG ја разгледува ситуацијата од уникатна перспектива и вели:

СИИ за почеток треба да има и жени кои независно размислуваат. Како може тело кое е комплетно составено од машки членови да донесува одлуки кои ги засегаат жените без најпрвин да го слушнат гласот на нивните претставници?

Блогерот Tазин Хавед го цитираше познатиот исламски научник Тахир Аштрафи:

ДНК, во најдобар случај треба да се разгледува како индиректен доказ врз основа на кој може да се вршат апсења и дополнителни истражувања. Но, на осомничениот не треба да му се суди само врз основа на ДНК докази, затоа сведоштво од четири мажи – муслимани е неопходно.

На истиот блог, Тазин Хавед коментираше:

Доколку јас бев законодавец, ќе предложев закон според кој најстрого ќе им се суди на овие 4 мажи кои биле тивки сведоци на криминал ужасен како тој на силување.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.