- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Како лидерите од Југоисточна Азија користат Твитер

Категории: Источна Азија, Латинска Америка, Бразил, Индонезија, Малезија, Тајланд, Филипини, Владеење, Граѓански медиуми, Животна средина, Идеи, Младина, Политика, Храна

Претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудојоно [1] или СБЈ ѝ се придружи на Твитер заедницата во април 2013 година, но веќе е најпознатиот лидер од Југоисточна Азија, барем кога станува збор за следбениците на Твитер. Според податоците тој има 2.4 милиони следбеници, додека малезискиот премиер Нахиб Разак [2] кој е активен Твитер корисник од 2008 година уште е најпознатото Твитер лице од својата земја со 1.6 милиони следбеници. Претседателот на Филипините Нојној Акино [3] исто така е познат Твитер корисник со 1.5 милиони следбеници.

@SBYudhoyono [1] од Индонезија ѝ се придружи на Твитер заедницата, со тоа што ги објави следните зборови:

@SBYudhoyono [4]: Halo Indonesia. Saya bergabung ke dunia twitter untuk ikut berbagi sapa, pandangan dan inspirasi. Salam kenal. *SBY*

@SBYudhoyono [4]: Здраво Индонезијци. Се приклучив на Твитер за да се поздравуваме, разменуваме идеи и инспирации. Мило ми е.

sby [1]

Тој исто така ги твитна трите главни точки од неговиот говор за достигнувањата и приоритетите во администрацијата, кој го одржа на Технолошкиот Универзитет во Сингапур.

@SBYudhoyono [5]: 15. Ние не направивме само реформи, ние се трансформиравме – реформа за трансформација.

@SBYudhoyono [6]: 16. Денеска имаме економија, која вреди трилиони долари, најсилната економија и средна класа во Jужноисточна Aзија, 6,3%, втора после Kина.

Ги советуваше и земјите од Арапската пролет.

@SBYudhoyono [7]: : 31. На муслиманите во Индонезија им одговара демократијата и модерниот свет. Ова може да им послужи како вредна лекција на земјите од Арапската пролет.

Енрико Лукман му посака добредојде [8] на СБЈ во Твитер заедницата:

Убаво е да се види како значајни личности сè повеќе и повеќе ја користат технологијата. Им овозможува подобра меѓусебна комуникација па дури и испраќа важни вести и информации. Се надевам дека овој чекор ќе ги поттикне и другите лидери од Индонезија во иднина да го го направат истото – да слушаат и да зборуваат со граѓаните на интернет.

СБЈ не е еднинствениот политичар од Индонезија кој направи Твитер профил и го поттикна Ахил [9] да се запраша за мотивите на СБЈ:

Не знам што да кажам, но ова не личи на него.

Тоа ме натера да се запрашам: Зошто сега? Нели е премногу доцна за вклучување во социјалните медиуми? Дури и да нема политички причини, ова е многу заостанато. Голем дел од политичарите го почнаа ова многу одамна.

Всушност, политичарите од Индонезија не можат да ги игнорираат алатките на социјалните медиуми, бидејќи голем дел од Индонезијците ги добиваат информациите од интернет. Индонезија дури е и еден од најголемите пазари [10] на Фејсбук и Твитер.

Вејн Палмер објаснува [11]:

Користењето на социјалните медиуми за да се оцени јавното мислење претставува почеток на нешто што е сосема ново во Индонезија. Политичарите брзо ја препознаа можноста за ширење информации и формирање на јавното мислење.

Леснотијата со која јавноста може отворено да се изјаснува преку социјалните медиуми и прави проблеми на политичката елита од Индонезија, од кои многумина, меѓудругото, имаат репутација за начинот на кој ги решаваат јавните поплаки – кои варираат од одбранбеност па сè до целосен гнев. Сепак, со сите можности и замки, социјалните медиуми му дадоа нов облик на игралиштето во политичкиот живот на Индонезија, за оние кои имаат моќ.

Но и покрај големиот број следбеници, СБЈ треба да се научи да комуницира [12] со неговите следачи на Твитер. Според експертите за социјалните медиуми, СБЈ ретко им одговара на своите следбеници.

najib [2]

Aко СБЈ сака помош за тоа како ефективно да го искористи Tвитер за политички цели, најверојатно ќе научи многу од малезискиот премиер Нахиб Разак [2]. Исто како и СБЈ, првите твитови на Нахиб беа сведени само на јавни изјави, но подоцна во 2011 година, тој започна да комуницира со неговите следбеници. Дури го искористи Tвитер за да ги покани да го гледаат преносот на неговиот омилен фудбалски тим. Исто така беше домаќин на неколку состаноци и кога Корејскиот пејач Псај-„Гангам Стајл“, нaстапи во Малезија, тој изјави [13] дека за таа цел не биле користени никакви владини парични средства.

@NajibRazak: Да повторам, изведбата на Псај не вклучуваше јавни средства. Јавноста не плати за тоа што го гледаше.

Општите избори [14], кои се одржаа минатиот месец, Нахиб ги опиша како „први избори на социјалните медиуми [15]“, што најверојатно претставува негов начин на признавање на пресудната улога на интернетот во формирање на ставовите на гласачите. Партијата на Нахиб повторно победи, иако постоеја тврдења [16] за гласачка измама. Нахиб го твитна следново:

@NajibRazak [17]: Само што дознав дека Нелсон Мандела е во една од болниците во Јужна Африка. Сигурен сум дека Малезијците ќе ми се придружат да му посакаме брзо заздравување.

@NajibRazak [17]: Властите ќе ја истражат несреќата на мостот Пенанг. Да се фокусираме на спасувањето и да се молиме за жртвите и нивните семејства.

@NajibRazak [17]: Придружете им се на клучните развивачи за решавање на споровите во Јужна Кореја. Споделувањето среќа е подобро од тоа да им дозволиме да нè разделат.

@NajibRazak [17]: Ако имате некави мислења за предлогот – Буџет 2014 година, испратете електронска пошта до Министерството за финансии. Целта ни е да ги вклучиме Малезијците во создавањето на подобра нација.

@NajibRazak [17]: Во духот на слогата, за време на викендов објавив двопартиски парламентарен комитет, кој одново ќе ја разгледа Електронската Комисија.

Очигледно е дека Нахиб е малезискиот водечки Твитер корисник, но постојат многу извештаи дека половина [18] од неговите Твитер следбеници имаат лажни [19] профили.

 

pnoy [3]

Како и Нахиб, претседателот на Филипините @noynoyaquino [3], ја зголеми употребата на алатките на социјалните медиуми за да победи на изборите. Неговото интернет присуство за време на преседателските избори во 2010 година ги зголемија неговите шансите за победа. По изборите, тој го одржа неговото присуство во социјалните медиуми. Денеска тој има неколку Твитер и Фејсбук профили, кои ги одржуваат неговите членови на кабинетот. Во еден момент Акино директно одговори на една Фејсбук критика [20], која им покажа како претседателскиот тим корисно ја користи мрежата на социјалните медиуми за да ја подобри сликата за владата.

Но не сите лидери од Југоисточна Азија успешно го користат Твитер за да се поврзат со нивните избирачи. Тајландскиот премиер Јинглук Шинаватра [21] или @PouYingluck [22] беше принуден да го избрише својот Твитер профил во 2011 година, откако му беше хакиран. Хакерот успеа да ги објави следниве пораки.

Не успеа да го заштитиш ни својот Твитер профил. Како ли ја чуваш својата земја? Браќа и сестри, размислете за ова.

Време е нашата земја да се смени на подобро, а не да претставува слика за помошен бизнис, лични интереси и роднински врски.

Сè на сè, Твитер и другите алатки од социјалните медиуми им помогнаа на лидерите од Југоисточна Азија директно да комуницираат со граѓаните. Социјалните медиуми можат да ја подобрат сликата за себе како успешни лидери во технологијата, што ќе и биде привлечно на младата популација.

Зголемената употреба на мобилниот интернет во регионот и светот значи дека поголем дел од луѓето ќе комуницираат со владите и нивните лидери, преку телефони и таблети. Најверојатно ќе ги инспирира и традиционалните и постарите политичари да зборуваат со своите избраници и да ги испратат своите пораки преку виртуелните средства.