Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

#BarHeaven и проблемот со исчезнатите лица во Мексико

Најмалку 11 личности исчезнаа во Мексико Сити на 26ти мај, 2013; според сведоштвото на една личност која не го ратификувала своето тврдење и која никогаш повторно не била советувана од страна на властите, 11те личности (мажи и жени, меѓу кои и неколку малолетни лица) се наоѓале во барот „Heaven“.

Барот исто така работи и под името „Bicentenario“, се наоѓа во населбата позната како Zona Rosa (Црвена зона), и е една од најтолерантните места во градот за ЛГБТ заедницата и за „урбаните племиња“.

Според весникот La Jornada барот „Heaven“ е санкциониран од страна на административните власти се од 2011 година:

El 11 de septiembre de 2011 el Instituto de Verificación Administrativa del Distrito Federal (InveaDF) suspendió actividades en el bar Heaven que operaba como after ya que se encontraron en el interior al menos 30 personas, entre ellos varios menores de edad, por lo que se le pidió colaboración a la Procuraduría capitalina, quien inició una investigación en el lugar por corrupción de menores.

Aquel día integrantes de la policía de investigación detuvieron por lo menos a cinco personas que se identificaron como empleados del establecimiento.

Desde entonces, en la verificación se determinó que el lugar no contaba con las medidas de Protección Civil necesarias para ofrecer servicios como establecimiento mercantil y ni algún tipo de permiso.

Asimismo, en el lugar se encontró a Ernesto Espinoza Lobo, quien se ostentó como dueño del establecimiento. Hoy este sujeto se encuentra prófugo de la justicia, tras los hechos suscitados el domingo 26 de mayo, cuando al menos 11 jóvenes desaparecieron de dicho antro.

На 11ти септември, 2011 Институтот за административна верификација на Мексико Сити (InveaDF) ги суспендираше активностите во барот „Heaven“ кој работеше како афтер (отворен и по часовите на затворање) кога најмалку 30 луѓе беа најдени внатре, помеѓу кои и неколку малолетни лица. Канцеларијата на обвинителството во градот беше повикана да излезе во пресрет, и истите започнаа истрага за наводна малолетна корупција во локалот.

Тој ден полицијата уапси најмалку 5 лица кои се идентификуваа себеси како вработени во барот.

Од тогаш, верификацијата одреди дека локалот не ги исполнува мерките на цивилна заштита потребни тој да функционира како бизнис, ниту пак имал било каков вид на дозвола.

Исто така, човек наречен Ернесто Еспиниоза Лобо, кој се нарече себеси сопственик на локалот, беше присутен во тоа време. Овој човек е сега во бегство по настаните од 26ти мај, кога најмалку 11 лица исчезнаа од овој локал.

Исто така, весникот Milenio извести дека досега била забележана и трговија со дрога во барот „Heaven“:

El Heaven era ubicado, por policías del sector Zona Rosa, como punto de conflicto, incluso como narcotiendita, versión que fue confirmada luego del cateo realizado al antro el pasado jueves, donde la Policía de Investigación encontró 12 pastillas psicotrópicas y 42 gramos de mariguana.

De acuerdo con efectivos policiacos de la zona, en noviembre pasado fue detenida una persona en la entrada del Heaven, ubicado en la calle Lancaster 27, colonia Juárez, delegación Cuauhtémoc, por narcomenudista.

Барот „Heaven“ за полицијата на Zona Rosa е познат како место на конфликти, дури и место во кое се случува трговија со дрога, верзија која подоцна беше потврдена со истражување спроведено минатиот четврток кога полицијата пронајде 12 апчиња дрога и 42 грама марихуана.

Според полициско лице од истата зона, во ноември минатата година едно лице било уапсено пред влезот на барот „Heaven“ кој се наоѓа на улицата Lancaster 27 во населбата Хуарез, поради продажба на дрога.

Familiares de desaparecidos de Bar Heaven. Foto compartida por  Georgina Cantu @georgyz007 en Twitter.

Членови од фамилијата на исчезнатите од барот Heaven. Фотографија споделена од Џорџина Канту @georgyz007 на Твитер.

Нетизените брзо изреагираа на Твитер.

Едвардо Јрибарен (@eyribarren) го охрабрува градоначалникот на Мексико Сити, Mигел Ангел Манкера, да признае дека во градот има организиран криминал:

@eyribarren: Reconocer que en DF ya hay los “levantones” típicos del crimen organizado @ManceraMiguelMX #BarHeaven

@eyribarren: Признај дека во Мексико Сити сега има типичен организиран криминал “levantones” (подигнувања) @ManceraMiguelMX #BarHeaven

„Levantón“ (подигнувања) е урбан израз кој мексиканците го користат за да опишат киднапирање од страна на членови на организираниот криминал.

Aлехандра Вилега (@ala_brun) го постави следното прашање за официјалната верзија на приказната за исчезнувањето на 11те лица:

@ala_brun: Más desaparecidos #BarHeaven ¿qué nos van a decir ahora las autoridades?

@ala_brun: Повеќе (луѓе) исчезнаа #BarHeaven што ќе ни речат сега властите?

Адвокатот Сузана Педроза (@spedroza_12) го мисли следното за начинот на кој канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител се справува со случајот:

@spedroza_12: Terrible la actuación de PGJDF en la investigación del caso de los jóvenes desaparecidos. Terrible.

@spedroza_12: Начинот на кој PGJDF се справува со случајот на исчезнатите млади е ужасен. Ужасен.

За несреќа, мексиканските власти мора да бараат многу луѓе. На 13ти февруари 2013, државниот секретар јавно изјави дека истражувањата укажуваат на повеќе од 26,000 исчезнати лица. Весникот El Universal беше еден од медиумите кои ја соопштија оваа вест:

La Secretaría de Gobernación (Segob) ratificó que cuenta con el registro de 26 mil 121 personas desaparecidas, entre diciembre de 2006 y noviembre de 2012, durante la última administración del PAN.

Државниот секретар (Segob) ратификуваше дека има 26.121 лица регистрирани како исчезнати во периодот помеѓу декември 2006 и ноември 2012 година за време на последната администрација на ПАН [National Action Party].

Државниот секретар, заедно со канцеларијата на јавниот обвинител, даде јавен повик на 27ми мај за креирање на единица за исчезнати лица која ќе се справи со овие прашања:

Al inicio del evento, el Subprocurador de Derechos Humanos, Ricardo García Cervantes, señaló que la Unidad estará integrada por un primer grupo de 12 agentes del Ministerio Público Federal con el apoyo de un equipo permanente de la Policía Federal.

На почетокот на настанот, заменикот обвинител за човекови права, Рикардо Гарсија Сервантес, посочи дека оваа единица е составена од група од 12 агенти од канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител со поддршка од страна на федералната полиција.

Дванаесет инспектори ќе бараат повеќе од 26,000 исчезнати лица чие исчезнување е јавно регистрирано од страна на властите, сето во рамките на војната против организираниот криминал.

Можно е имињата на исчезнатите млади во Мексико Сити, случај кој популарно е наречен #BarHeaven, да бидат додадени на оваа листа од 26,000 исчезнати лица (родители, синови, ќерки) кои не се вратија дома.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.