- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хрватска: Дозвола за членство во ЕУ

Категории: Источна и Централна Европа, Хрватска, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Закон, Историја, Меѓународни односи, Политика, Протест, Човекови права

На 10ти jуни, 2011 година, Хрватска доби зелено светло [1] да стане новата земја-членка на Европската унија. Има уште долг пат да се изоди пред Хрватите официјално да станат дел од ЕУ, а датумот за влез во моментов е, во најдобар случај, неизвесен, што предизвикува многу сомнежи.

Покрај моменталната економска состојба во Европа, присутен е и фактот дека на 15ти април, 2011 година, поранешните генерали Анте Готовина [2] и Младен Маркач [3] беа обвинети за воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) [4].

Како што е наведено [5]во This Just In:

Пресудата беше проследена со викотници и свирежи од страна на група луѓе кои се собраа на главниот загрепски плоштад, изјави Би-Би-Си. Некои луѓе ги сметаат генералите за национални херои.

Anti-EU protest on the day of ITCY convictions. Image by Flickr user Sophie Guesné, used with permission. [6]

Анти-ЕУ протест на денот на пресудата од страна на МКСЈ. Слика на Фликeр корисникот Sophie Guesné, употребена со дозвола.

Важно е да се забележи јавното мислење пред пристапување кон Унијата, па затоа, Хрватска ќе спроведе референдум кој, ако сè помине во најдобар ред, можно е да резултира со само 38% кои ќе гласаат “ЗА“ [7] или пак без проблем да помине со 64% кои ќе гласаат за членство во ЕУ, [8] во зависност од изворот.

И покрај избирачката несигурност, хрватската Влада и понатаму инсистира на влез во ЕУ, пишува [9] Jutarnji List:

[Премиерката Јадранка Косор [10]] изјави дека одлуката на Европскиот Совет е радосен момент за Хрватска, особено затоа што оваа недела Хрватска ја одбележа 20 годишнината од својата независност. “Од секогаш велев дека ова ќе биде најголема награда за годишнината од нашата независност”, истакна премиерката.

Се разбира, она што најмногу ја фрустрира оваа земја која брои 4.5 милиони жители во врска со пристапувањето е долгиот временски период кој беше потребен да се стигне до овој момент, како што е напишано [11] на  gospon professor:

Значи, поминаа шест и сега ќе чекаме уште две? А мислев штом завршат преговорите, оп, влеговме во Унијата. Ама, не.

Коментатор на тој пост по име Kinky Kolumnista [12] гледа на очекуваното приклучување од практична гледна точка:

Да бидеме реални, да не беше притисокот од страна на ЕУ, ниту еден мал напредок немаше да случи и сè уште ќе тоневме […] Земјите од Европската Унија се дефинитивно поуспешни од нас, а оние кои избегнуваат пристапување кон Унијата, си прават лоша услуга.

Уште многу се очекува од Хрватска во наредните две години, но моментално сè укажува дека токму тие ќе бидат 28ма членка на ЕУ.