Блогерите низ Средниот Исток тагуваат за смртта на потругалскиот писател Жозе Сарамагу – единствениот добитник на Нобеловата награда за литература на португалски јазик, кој имаше сопствени религиски и политички погледи на светот. Луѓето во Lusosphere и речиси низ целиот свет, реагираа на неговата смрт, без исклучок на арапскиот свет.

Јазан Ашкар ја публикува оваа фотографија на Сарамагу во својот блог и под неа напиша еден од неговите најпознати цитати: Мислам дека сме слепи. Слепи, но гледаме. Слепи луѓе кои имаат вид, но не гледаат. http://dajeej.wordpress.com/2010/06/19/%D8%B3%D8%A7%D8%B1%D8%A7%D9%85%D8%A7%D8%BA%D9%88/
Египетскиот блогер, Бадавија, во својот блог напиша за збогувањето на Сарамагу од животот:
اليوم جاء الدور على ساراماغو ليقبّل أشجار حديقته هو الآخر ويقول لها: وداعا.
И сега дојде ден кога е ред на Сарамагу да ги гушне своите дрва и да ги бакне за последен пат.
Либанскиот блогер Џихад Бази размислува што ли сега прави Сарамагу во својот задгробен живот:
حيث ولد الآن، يتلفت مراقباً. سيكتب عما يرى، لا فرق ما إذا كان في الجنة أو في جهنم، او حيث أظنه مكانه المفضل بعد الموت: العدم الرائع
Сега е таму каде што беше роден, размислува и набљудува. Сугурно ќе напише нешто за она што го гледа оттаму – било каде и да се наоѓа, во рајот или во пеколот. Можеби е онаму каде што мислам дека е. Во своето омилено место после смртта, во прекрасното никаде.
Освен што беше писател, Сарамагу исто така имаше и свои политички ставови. За Јасин Ел Сувајех, сириски блогер кој живее во Шпанија, ова беше причина да пишува за политичките ставови на Сарамагу во својот блог Spanish waves on Levant shores:
للذاكرة تبقى له مواقف و أقوال و أفعال.. مثل تلك الوقفة أمام ملايين المتظاهرين ضد غزو الطغيان للعراق, ذلك الرجل الثمانيني الخارج من آلاف المعارك وقف أمامهم و قال: ” يوجد الآن في العالم قوتان عظيمتان: الولايات المتحدة و أنتم”.
رحل الحالم المناضل من أجل عالمٍ أفضل, أكثر عدلاً.. أكثر منطقياً
Неговата вистинска награда беше неговата храброст со која им се спротивставуваше на неправедноста и тиранијата. И неговата поддршка на жртвите на ваквите системи.
Нашите сеќавања засекогаш ќе ги паметат неговите изреки и ставови. Оние со кои им се обраќаше на луѓето кои протестираа против инвазијата во Ирак. Човекот постар од осумдесет години, застана и рече: „Постојат две супер-сили во светот: Соединетите Американски Држави и Вие.“
Мечтателот кој се бореше за еден подобар свет, еден свет со повеќе правдина и разум, сега не напушти.
Еден анонимен читател коментираше на постот на Јасин. Читателот не се сложи со фразата, „Умре еден човек, кој во најмала рака може да биде идентификуван со своите големи награди за литература и поезија“, пишувајќи дека она што ги претставува таквите личности е она што го велат и што го прават, а не наградите кои ги добиваат:
وكأنو هني ناطرينا!
Од друга страна, Ахмед Шоуки беше загрижен дека политичките ставови на Сарамагу би ги натерале луѓето да не гледаат на него како на креативен писател.
Многубројни арапски интелектуалци знаат или прочитале за Жозе Сарамагу. За жал, за многу други, причината да го запознаат ќе биде неговата смрт. Ахмед Ел Муеини напиша на својот блог за новелата на Сарамагу „Слепило“ и како долго време ја има книгата на својата полица , но никогаш немал прилика да ја прочита:
للأسف لم أقرأ لساراماغو، وكنتُ دائمًا ما أنظر إلى روايته “العمى” في رف مكتبتي متمنيا أن أقرأها في فرصةٍ قريبة.
За жал не сум прочитал ништо за Сарамагу и постојано ја гледам не говата новела „Слепило“ на мојата полица со книги и посакувам наскоро да имам време да ја прочитам.
Омани Вада АлБусаиди кoментираше на постот на Ахмед Ел Муеини:
اول مرة اسمع عنه ، وان دل على شيء فإنما هو يدل عن جهلي بالأدب العالمي
Прв пат слушам за него и тоа докажува колку сум неупатен кога се работи за странската литература.
Уште еден коментатор одговори велејќи дека сигурно ќе му недостасува пишуваниот збор на Сарамагу и покрај тоа што не се согласува со неговите религиски ставови:
أما أنا فلن استطيع الترحم على من قال : إن الله والمسيح أقاما علاقة جنسية
Но, не можам да барам од Бога да го благослови оној кој пред Бога рече дека Богот и Исус имаа сексуален однос.
И на крај, Лајла, го советува Ахмед да не ја пропушта приликата да ја прочита новелата на Сарамагу: