- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Промотивно видео на „Леика“ во кое се спомнува масакрот на плоштадот Тиананмен бргу се прошири на кинеските друштвени медиуми. Потоа, исчезна.

Категории: Источна Азија, Кина, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Историја, Слобода на говор, Технологија, Фотографија, Цензура
[1]

Човекот кој застана пред тенкот на 4 јуни, рефлектиран на леќите од камерата. Скриншот од ЈуТуб, Leica: – the Hunt [1]

Ново видео кое ја промовира германската компанија за фотоапарати „Леика“ предизвика немири на Интернет просторот во Кина, по што видеото и неговите деривати беа забранети.

Продуцирано [2] од рекламната агенција на Леика „F/Nazca Saatchi & Saatchi“, видеото со времетраење од пет минути беше објавено во Бразил на 16 април како прослава на 100 годишнината на брендот.

Во видеото наречено „Ловот“ е прикажан колаж од фотографии кои документираат насилство и конфликти на разни места низ светот. Видеото завршува со сцена од внатрешноста на хотел во Пекинг во 1989, каде офицери на кинеската војска малтретираат фотограф, кои потоа го оставаат сам. Во задината се слушаат истрели од огнено оружје додека фотографот чекори кон прозорецот и го крева фотоапаратот. Тогаш, во објективот се рефлектира познатата глетка од тенкови како се движат низ плоштадот Тиананмен кон еден единствен демонстрант кој стои пред нив.

Гледачите кои се запознаени со оваа историја ќе ја препознаат поврзаноста со познатата фотографија „Човекот и тенкот“ [3], направена од Џеф Виденер на плоштадот Тиананмен на 4 јуни 1989 година. На тој ден, кинеската војска спроведе брутална кампања против студентските демонстрации [4] кои повикуваа на демократски реформи. Во тоа време, кинескиот Црвен крст процени дека биле убиени 2,700 цивили, но поновите процени [5] од агенции на владите на Обединетото Кралство и САД ја ставаат оваа бројка над 10,000.

Истражувачите на универзитетот во Хонг Конг покажаа дека масакрот на плоштадот Тиананмен, кој често се нарекува едноставно како „4 јуни“, претставува најстрого цензурираната тема [6] на Интернет просторот во Кина.

Реагирајќи на видеото, некои корисници на друштвени медиуми рекоа дека истото ја „навредува Кина“, додека други започнаа да се прашуваат за бизнис партнерството помеѓу „Леика“ и „Хуавеи’, најголемиот кинески производител на мобилни телефони и компанија која развива 5Г мрежа. „Хуавеи“ ги вградува објективите на „Леика“ на некои од нивните телефони.

Иако видеото не беше наменето за кинеската публика, истото со голема брзина циркулираше на друштвените медиуми во Кина и стана вирално преку ноќ.

Кинеските цензори брзо реагираа и го објавија следното упатство, кое „протече“ на 18 април (преку „Чајна диџитал тајмс“ [7]):

As quickly as possible, all video websites find and delete video and images from the Leica advertisement. (April 18, 2019)

Колку што може побрзо, [на] сите видео веб-страници најдете го видеото и слики од рекламата на Леика. (18 април 2019)

Следните неколку дена, корисниците на „Веибо“ им беше забрането да ги пишуваат зборовите „Леика“ [Leica] на англиски и „徕卡“ на кинески.

Корисникот на „Твитер“ @woilgoo објави кадар од екранот со известувањето за цензура кое се појавуваше кај корисниците кога се обидуваа да ги објават овие зборови на „Веибо“. Во известување се вели „прекршување на релевантни закони и регулативи или конвенцијата на заедницата на ‘Веибо'”.

клучниот збор Леика е блокиран на Веибо

Сепак, разговори за видеото продолжуваат да се појавуваат на „Веибо“. Корисниците од Кина кои се активни на кинеските платформи како и на „Твитер“ документираа некои од овие разговори на „Твитер“, кој е блокиран во Кина, но сепак е достапен преку ВПН.

Корисникот на „Твитер“ @cheriechancy успеа да документира низа коментари под официјалниот кориснички профил на „Леика“ на „Веибо“:

Иако видеото „Ловот“ не може да се најде на профилот на „Леика“ на „Веибо“, корисниците на друштвените медиуми од Кина сепак успеја да коментираат на постар напис, суптилно осврнувајќи се на контроверзната реклама и изразувајќи благодарност и изненаденост што профилот е сè уште активен.

Откако настапи машинеријата за цензура, инцидентот набрзина се олади и сите траги од видеото беа отстранети од големите платформи на друштвените медиуми во Кина.

Сега, корисниците на друштвените медиуми може да објавуваат написи за „Леика“, сè додека тој термин не е поврзан со друга сензитивна содржина.

Видеото продолжува да циркулира надвор од Кина. На „Фејсбук“ многу раселени корисници од Кина го споделија видеото во сеќавање на 30 годишнината од масакрот на 4 јуни. На „Јутјуб“, пак, најголемиот дел од критиките [1] е генерално позитивен:

Good job Leica. Salute to all the brave journalists in the world!
You earned my respect Leica, dare to tell the truth…but may god bless your business at mainland China…
a great video, why people of china dislike it who knows… Maybe they cant face the truth of about there [sic] government …

Браво Леика. Поздрав до сите храбри новинари во светот!

Ја заслуживте мојата почит „Леика“, се осмелувате да ја кажете вистината… Бог нека ви го благослови бизнисот во Кина…одлично видео, кој знае зошто луѓето во Кина не го сакаат… Можеби не можат да се соочат со вистината за нивната влада…