- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

ГВ Самит: Успешен прв ден

Категории: Источна и Централна Европа, Унгарија, Дигитален активизам, Најважни вести, Слобода на говор, Технологија

Првиот ден од самитот на Глобал војсис 2008 во Будимпешта, Унгарија, беше огромен успех, колку што можеме ние да видиме (секако не можеме да ги знаеме сите импликации вака рано). Утрото започна со вовед од Итан Зукерман [1] и Ребека Мекинон [2], основачи на Глобал војсис [3], во кој тие им искажаа благодарност на многуте спонзори [4] и пријатели на самитот на Глобал војсис. Со особено значење, тие и се заблагодарија на Џорџија Поплевел, раководен директор на ГВ и главна раководна сила на самитот. Ребека ја објасни движечката сила на ГВ:

Јас доаѓам од новинарството, Итан од невладиниот сектор; и двајцата бевме загрижени за медиумите и глобалното внимание. Забележав дека интернационалните англиски медиуми го фокусираат вниманието на одредени луѓе и места, а многу помалку внимание на други гласови и места. Итан правеше многу истражувања за шаблоните на вниманието на медиумите. Ние ја истражувавме блогосферата и сакавме да зборуваме за сите луѓе ширум светот кои започнуваа со блогирање.

По воведот, првата сесија: „Кон глобална анти-цензурирана мрежа“, започна со Хелми Номан како модератор. Џилијан Јорк [5] и Рената Авила [6] во живо ја блогираа [7] сесијата, користејќи КоверИтЛајв [8]. Филтрирањето на интернет, само-цензурирање и слични проблеми во Египет, Мароко, Белорусија, Јапонија и Пакистан беа дискутирани за време на оваа сесија, во која зборуваа Сами Бен Гарбија, Крис Салзберг, Андреј Абозау, Итан Зукерман, АВаб Алви и Ала Абдел Фатах.

Втората сесија беше покриена [9] од Џулијана Ротич [10] на КоверИтЛајв; Оиван Лам од Хонгконг, Ваел Абас од Египет, Амин од Мороко, Ори Околох од Кенија, Ау Ваи „Алекс“ Панг од Сингапур и Хамид Техрани од Иран зборуваа на темата „Граѓански медиуми и слобода на говорот“. Темите кои беа опфатени беа користењето на Твитер, прокси и СМС за да се избегне интернет филтрирањето и цензурата. Секој од говорниците сподели приказни од неодамнешни настани во нивните земји.

Џилијан Јорк во живо ја блогираше [11] третата сесија, наречена „Живот со цензура“. Аваб Алви од Не го блокирајте блогот ја модерираше, додека Хелми Номан, СЏ Хинк, Андре Хевенс, Резван, Јазан Бадран и Јон Кенеди беа говорници. Секој говорник дискутираше како е да се живее со цензура и секој од нив имаше различен поглед на проблемот.

Јазан Бардан [12]

Четвртата сесија [13], во живо блогирана од Џулијана Ротич, имаше специјални гости, чиј модератор Итан Зукерман рече дека сме многу среќни да ги имаме на самитот, бидејќи се многу барани како говорници! Роџер Дингледин од Тор [14], Нарт Виленув (Ситизен Лаб), Исак Мао (Диџитал Номадс Проџект), Роберт Гуера (Приватера) и Дени Обрајан (Електроник Фронтиер Фондејшн) зборуваа. Дени Обрајан зборуваше како да се избере алатка за надмудрување.

Која карактеристика треба да ја барате кога барате алатки за надмудрување и прикривање? Ова е многу важно, бидејќи некои алатки кои ги користите сега, во иднина може да не бидат безбедни. Гугл можеби е добар, но доколку продолжи да расте, дали ќе остане таков?

Карактеристиките кои ги сакате…
– Сакате алатка која е добро финансирана.

Џулијана наведува дека Обрајан препорачува комерцијалните продукти.

Денот заврши со петата сесија [15], која беше во живо блогирана од Ребека Ванџики [16] и модерирана од Хиао Џинг. Говорници беа Клотхилде Ле Кос (РСФ), Елијах Зарван (ХРВ), Насер Ведаду (ХАМСА), Стефани ханкеј (Тактикал Тек) и Антони Леовенстен (Кампања Не цензуриран во Австралија од Амнести Интернејшнл).

Ребека Мекинон зборуваше на самиот крај од панелот, говорејќи за цензурата како легална, политичка и социјална програма.

Без социјалниот слој на врвот од техничките и легалните решенија, многу од овие проблеми ќе биде многу тешко да се решат. Бев многу шокирана од приказни за социјално обесхрабрување и изолација, кои ги чувствуваат некои блогери.

Таа додаде дека ние како граѓани новинари мора да работиме заедно за да ја победиме цензурата и да се фокусираме на она што го можеме, наместо на она што не можеме. Како заклучок, таа спомена како цензурата може да се пренесува, на пример: Јапонската цензура за слобода на говор/анти-порнографија може да се користи како пример од страна на Кина за да ги потчини своите активисти и дисиденти.

Ребека Мекинон

Вториот ден ветува дека ќе биде исто толку неверојатен, со Рајзинг Војсис [17], ГВ Лингва [18] и други теми.