Како протест за враќање на универзитетски професор повторно ја лансираше дебатата за правата на ЛГБТ заедницата во Јамајка

LGBT pride flag. Photo by Flickr user Sam Breach. CC BY-NC-ND 2.0

ЛГБТ Знаме на Гордоста. Фотографија од корисникот на Фликр Sam Breach. CC BY-NC-ND 2.0

Три пати неделно од средината на мај, демонстранти облечени во црно, некои од нив со залепени ленти преку усните, се собираат пред Вест Индис Универзитетот во Јамајка, носејќи плакати со кои ги повикуваат возилата во минување да свират во поддршка на нивната кампања да се врати на функција професорот Брендон Бејн.

Универзитетот не го обнови договорот на популарниот професор, и водечки експерт за подигање на свеста за ХИВ/СИДА откако тој даде изјава во многу експонираниот судски случај на Калеб Орозко во соседниот Белизе, кој подржуваше стар закон кој го криминализира консензуалниот секс помеѓу геј возрасни.

Според водечките блогери, медиумите во Јамајка ги покриваат упорните протести широко и неодговорно ја пренасочуваат кампањата за ЛГБТ правата во прашања за моралност и слобода на говор. Оваа Карипска држава веќе има меѓународна репутација за хомофобија

Разрешувањето на Бејн

Оваа недела, блогот Активен Глас воден од Annie Paul забележа дека прашањето со Бејн ја ставило Јамајка „во средината на целосна национална паника“:

Протестот е индиректно подгреан од страв дека интернационално ‘геј лоби’ си зазема место во Јамајка што се покажува преку прекинувањето на договорот на поранешен УВИ професор од неговото место како директор на Карипската ХИВ/СИДА Регионална Тренинг Мрежа [КХСРТ].

Постот ја имаше поентата дека отпуштањето на Бејн – барем од перспектива на универзитот – беше неизбежно. Засегнатите страни одговорни за одделот на Бејн заклучија дека неговото сведочење од страна на Црковна група за задржување на анти-геј секс законите на Белизе, е во директна контрадикција со мандатот на КХСРТ за подобрување на третманот на ХИВ со намалување на стигмата поврзана со оваа болест. Блогерот, Annie Paul, продолжи:

Игнорирајќи ги овие факти, подржувачите на Бејн ја претворија оваа ситуација во циркус за слобода на говор. Нивните тврдења? Дека Бејн требало да биде слободен да даде експертски докази базирани на неговото ‘истражување’ и дека со раскинувањето на неговиот договор универзитетот „се поклонил“ пред диктатите на интернационално конституционираната ‘геј агенда’.

Во меѓувреме, Гласот на Жените во Јамајка забележа дека „Јамајка е повторно во вестите за нашата ирационална хомофобија“, додавајќи дека „мораме да преминеме преку реториката на одвратност и да ги промениме нашите нехумани ставови кон геј личностите“. Во исто време, блогерот Carolyn Cooper вели дека прифаќањето не значи и подржување на геј-лобито без поставување прашања:

Ние мораме да ги предизвикаме и неправедните активисти за геј-права кога тие ја злоупотребуваат нивната колективна моќ и наштетуваат на другите. Неодамнешното раскинување на договорот на Професорот Брендон Бејн, директорот на Карипската ХИВ/СИДА Регионална Тренинг (КХСРТ) иницијатива, е комплициран случај на судир на права.

Таа исто така верува дека причините за неговото отпуштање дадени од Универзитет Вест Индис се вознемирувачки:

Јас поддржувам укинување на законот на Белизе кој ги криминализира ‘сексуалните односи кои одат против законите на природата со било која личност или животно’. Но, јас сум вџашена од одлуката на администрацијата на УВИ да се поклони пред агресивните активисти за геј-права, нанесувајќи срам на признат академик кој направил толку многу да го заштити здравјето на МСМ [мажи што имаат секс со мажи].

Бејн ја отвори Пандорината кутија кај медиумите во Јамајка

Annie Paul исто така им забележа на медиумите и улогата која тие ја играат во националната дебата:

Водечките весници во Јамајка додаваат дневна „храна“ за поддршка на протестите во форма на провокативни анти-геј цртани филмови, колумни и статии. Атмосфера блиска на хистерија преовладува со сите радио станици кои се под опсада од слушатели кои жестоко ја осудуваат ‘геј агендата’ која речиси ќе ја извади од колосек оваа прекрасна, богољубна земја.

На блогот 76 Злосторства, кој „се фокусира на човечките жртви на 76те државни анти-геј закони и борбата за нивно укинување“, Maurice Tomlinson откри дека на 27ми јуни, тој ќе „се појави на суд во Јамајка како советник во случајот донесен од Свет ослободен од СИДА да ги предизвика Јамајканските анти-содомски закони“:

Помеѓу посилните ‘инкриминирачки’ пасуси е препораката луѓето да користат кондоми при анален секс. Благодарение на дезинформациите што ги шират црквите, многу деца не користат кондоми бидејќи веруваат дека само геј мажи се заразуваат со ХИВ.

Тој сумира нарекувајќи го целото маневрирање околу прашањето за геј правата „смешна сезона“:

Среде целото ова политичко додворување, Министерот за млади се уште не го исполнува ветувањето кое таа го даде минатиот месец дека нејзиното министерство ќе развие програми за бездомната ЛГБТ младина кои се присилени да живеат во канализациите на Кингстон и да продаваат секс за да преживеат.

Летото обично се совпаѓа со смешна сезона и зголемен број на напади врз ЛГБТ Јамајканците. Ова почнува да личи на уште едно такво лето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.