Сегашната влада на Еквадор имаше за цел да направи реформи во образовниот систем и сега има одредени забелешки на нејзината реализација од страна на наставниците од јавните училишта низ целата земја. Извршната власт постави нов закон (pdf доумент) кој бара сите наставници да бидат евалуирани неделата околу 25 мај. Меѓутоа, Националната унија на наставници [шпански] (UNE иницијали на шпански) дава отпор и отворено се спротивстави на законот велејќи дека не е јасно дали таквото тестирање е законско. Само мал дел од наставниците се согласи да се изврши евалуацијата и сега се отвара дискусија за тоа како да се осигура дека учениците добиваат најквалитетно образование од наставниците.
Многу групи од Унијата на наставниците се изјаснуваат околу евалуацијата. Унијата од Карчи [шпански], на пример започна протести за поддршка на оние училиште кои одбија да бидат евалуирани [шпански].
Дaвид Гуамба од Ecuador Noticias [шпански] објаснува од што се состои евалуацијата и се прашува од што се плашат наставниците:
Según el Ministro del ramo, Raul Vallejo, se aplicarán dos tipos de evaluaciones: interna y externa. La interna la realizan colegas, directivos, estudiantes, padres y madres, y el mismo maestro (autoevaluación); además se realiza la observación de una hora de clase. Todas estas evaluaciones internas suman el 50 por ciento de la calificación. Por otra parte está la evaluación externa, que consiste en la aplicación de pruebas sobre conocimientos específicos que tendrán un peso del 30 por ciento, prueba de conocimientos pedagógicos que tendrá un peso del 10 por ciento y prueba de habilidades didácticas que tendrá un peso del 10 por ciento de la calificación total.
Los docentes que obtengan una evaluación final mayor a 90 por ciento (excelente) accederán a becas o pasantías, serán maest
Los docentes que obtengan una evaluación final mayor a 90 por ciento (excelente) accederán a becas o pasantías, serán maestros en programas de capacitación, y recibirán un estímulo económico de 1.200 dólares cada año, hasta la nueva evaluación, que será después de cuatro años.
Наставниците кои ќе ја поминат евалуацијата со оценка над 90% (одличен) ќе имаат пристап до стипендии или специјализации и ќе примаат економска стимулација од 1,200 долари секоја година се до новата евалуација, која ќе биде после 4 години.
Наставниците кои нема да ја поминат првата евалуација ќе мора да поминат едногодишна обука после што ќе им биде дадена шанса да бидат евалуирани. Дури тогаш, ако тој или таа не ја поминат евалуацијата, ќе им биде раскинат работниот договор.
Belem Proaño од Temas Para Debatir [шпански] се сложува дека одбивањето да се биде евалуиран има негативен ефект врз наставниците и дека на овој отпор се гледа како на отпор кон промените, што е нешто низ што минува оваа земја:
La educación es un tema muy sensible dentro de una sociedad porque tiene relación con su futuro. Si los maestros se niegan a ser evaluados, más bien presionados por su sindicato, se enfrentan a una imagen mediocre frente a los ciudadanos. Este es un tema muy comentado en el país pero todo se ha quedado prácticamente en la polémica.
Personalmente pienso que ningún profesional debería tener miedo a una evaluación porque las evaluaciones no son represiones sino un instrumento que permite conocer la realidad de la educación. Con ello las medidas que se tomen o las planificaciones que se realicen serán más exactas o menos propensas al error.
Овој отпор предизвика дискусија за улогата на унијата на наставниците и дали таа унија е политички мотивирана или не. Иако блогерот на Ecuador Sin Censura [шпански] отворено е против владата на претседателот Рафаел Кореа, тој смета дека е добра работа што тој и се спротивставува на унијата на наставниците, која пак има блиска врска со политичката партија на Демократското народно движење (Democratic People's Movement – DPM).
Поранешниот министер за образование Алфредо Вера Арата во својот блог ја критикува DPM затоа што група од 30 членови на Демократското граѓанско движење, кои се претставуваат за наставници иако никогаш не биле во училница, ја манипулираат ситуацијата и тие за тоа примаат плата. Вера е еден од поддржувачите, заедно со моменталниот министер за образование Ваљего, која е позади алтернативата на Унијата – Заедничкиот фронт на едукативните работници (Unitary Front of Education Workers -FUTE), кој е обвинет за одделување на поголем дел од Унијата на наставниците [шпански]. Оваа група од организирани наставници има повеќе од 40 илјади членови и претставува дилема за UNE.
И додека поддршката за евалуацијата се шири, се уште постои одредена симпатија за наставниците низ целата земја. Колумнистот Фернандо Балсека од весникот Ел Универзо вели дека владата заборава дека наставниците се малку платени и дека земјата никогаш немала министер за образование кој всушност доаѓа од училница. Исто така смета дека е иронично што официјалните лица кои ја водат евалуацијата доаѓаат од истите училишта и ги учеле истите наставници кои сега се под закана да ги изгубат работните места ако не бидат евалуирани.
Сепак, некои се уште го критикуваат претседателот Кореа заради неговото справување со протестите и евалуациониот процес. Повторно, блогерот од Ecuador Sin Censura [шпански] не гледа зошто владата го користи Членот 38, од Законот за образование како основа за отпуштање на наставниците кои ќе одбијат да бидат евалуирани. Членот вели дека наставниците може да бидат отпуштени доколку се докаже нивната некомпетенција, а одбивањето да се тестираат не го покажува тоа.
На крајот, Хулио С. Енрикез од Ultimatum [шпански] смета дека Кореа има одредени граници и повикува на дијалог помеѓу двете страни. Тој прашува зошто Кореа, наместо да ги предизвикува лидерите и членовите на унијата, не повика на национален дијалог и им дозволи на едукаторите да бидат сослушани фер и да ги презентираат своите предлози па така заедно да направат како што е најдобро за образованието во Еквадор:
Siendo así las cosas ¿Porqué Correa aparece altisonante, con una política de amenazas hacia los profesores de la UNE, francamente tonta. ¿Por qué no convoca al magisterio a un gran diálogo nacional para enfrentar juntos el desafío de transformar para siempre el pesado fardo de una educación básica preterida por todos los gobiernos de turno? ¿Por qué Correa no interroga a la UNE acerca de que propuesta tiene para transformar la educación y la compara con su visión del mundo ahora que como máximo representante de su clase social –la pequeña burguesía progresista–,se erige en clase dominante en el poder? ¿Por qué el método de choque?
Се очекува лидерите на Унијата на наставници да имаат состанок на Националниот Комитет во понеделник, 1 јуни и да дискутираат за стратегиите за идните акции и веќе повикуваат на национален марш на 11 јуни. Рафаел Мендез планира да учествува на состанокот кој го свика Кореа во Guayaquil на 29 мај – петок за поддршка на предлогот за евалуација. Мендез верува дека е важно да се поддржи Кореа и од причина што 12000 наставници (членови на Унијата) ги кешираат чековите без да работат. Toj додава:
de ser así, ellos no tendrían autoridad moral para dejar de año a los estudiantes que se nieguen a hacer exámenes en los colegios.