[Сите линкови водат до веб-страници на Шпански.]
Првиот протест за образованието за време на сегашната влада на претседателот Michelle Bachelet се одржа на 8 мај, 2014, со потребната претходна авторизација.
Протестите сметаа на учеството на неколку групи. Помеѓу нив беа Студентската Конфедерација на Чиле (Confech), Националното здружение на студенти (ACES), Националниот координатор за студенти (Cones), Организацијата на приватни федерации за повисоко образование (Ofesup) и Асоцијацијата на службеници на министерството за образование (Andime).
Протестот бараше бесплатно квалитетно образование како и активно учество во реформата, која во моментот се проучува. Весникот La Tercera известува:
Marcha estudiantil: ¿Qué está en juego? Pdta de la Feuc dice que estudiantes quieren “participación en la reforma” http://t.co/kkESMigWrC
— La Tercera (@latercera) May 8, 2014
Студентски марш, што се е во игра тука? Претседателот на Феуц вели дека студентите сакаат „учество во реформата“ http://t.co/kkESMigWrC
Маршот беше симултано изведен во главниот град Сантијаго и неколку други локации во државата. Беше забележано учество и присуство на забележителен број на студенти.
Qué bueno ver que la marcha estudiantil fue masiva en #Santiago y regiones. Todos por una nueva educación, que construya un mejor #Chile
— René Naranjo S. (@renenaranjo) May 8, 2014
Колку е добро да се види дека студентскиот протест беше масивен во Сантијаго и регионите. Сите за едно ново образование кое гради едно подобро Чиле.
Miles de jóvenes participan en la primera marcha estudiantil del año en #Concepción http://t.co/Tu0LiT2jIT vía @biobio
— Radio Villa Francia (@rvfradiopopular) April 24, 2014
Илјадници млади луѓе учествуваат во првиот студентски протест годинава во Concepción.
Имаше протести и во неколку градови од внатрешноста на државата, како во Iquique, Valparaíso, градот кој е седиштето на Националниот Конгрес и Valdivia.
За жал, во некои места протестите беа засенети од немири претежно предизвикани од луѓе кои не се студенти и кои немаат ништо со нивните барања.
Naschla Aburman, претседател на Феуц, ги обележа овие нарушувања како „изолирани инциденти“ и изјави дека има работи кои не се одговорност на организаторите.
Корисниците на Твитер ги изразија своите мислења, ширејќи слики и информации за последиците:
AHORA: Intendente @orrego dice que “no hubo ningún incidente” durante marcha estudiantil. Sí “violentistas organizados” al final de ella
— Mauricio Bustamante (@tv_mauricio) May 8, 2014
СЕГА: Гувернерот Орего вели дека „немаше никакви инциденти“ за време на студентскиот протест. Имаше „организирани насилници“ на неговиот крај.
Universidad Central denunció daños por 20 millones de pesos tras marcha estudiantil http://t.co/FzRaeoNUa8 pic.twitter.com/bFNv4ACkKL
— Cooperativa (@Cooperativa) May 8, 2014
Централниот Универзитет пријави штета од околу 20 милиони пезоси по студентскиот протест.
General Ricardo Solar informa que el número de detenidos tras la marcha estudiantil son 101
— La Tercera (@latercera) May 8, 2014
Генералот Рикардо Солар информира дека бројот на приведени по протестот е 101.
@romina_ms @CNNChile Romina, yo soy estudiante, y estoy de acuerdo con la marcha pacifica, pero estos grupos son organizados.
— Rodrigo Gacitúa G (@RGacitua_G) May 8, 2014
Ромина, јас сум студент, и се согласувам со мирниот протест, но овие групи се организирани.