Глобално: Што е грчки за Англичаните, кинески за Русите и шпански за Македонците?
Сите сме слушнале за смешни ситуации во кои лошиот превод на идиомските
изрази од еден јазик, произвеле бесмислено значење во другиот јазик. преведувањето на идиоми е навистина еден од најголемите предизвици во преведувањето, како за луѓето така и за преведувачките машини. Главната тешкотија се наоѓа во самиот лингвистички карактер на идиомите, чие значење не може да се изведе од значењето на составните зборови. На пример, веќе „истрошениот“ пример на англискиот идиом to kick the bucket, што буквално значи умирам, кинам конци, нема ништо заедничко ниту со клоцање, а ниту пак со кофа.
WikIdioms е еден нов онлајн извор, чија цел е да им помага на преведувачите да се справуваат со овој предизвик. Разговаравме со иницијаторот на овој сајт, Павел Кац и со една од соработниците, Јасна Трандафиловска, да ни објаснат со свои зборови и на најдобар начин, за нивното учество.
Q: Павел, што можеш да ни кажеш за Wikidioms во неколку реченици?
A: Па, во основа идејата е да им понудиме на корисниците една веб околина каде едни со други можат да си помагаат околу преведувањето на идиоми, можеби еден од најголемите предизвици во доменот на преведувањето. Се разбира, кога зборувам за преведување на идиоми, не мислам на буквално преведување, туку на еквивалентен идиомски израз во јазикот-цел, или некој друг начин со кој ќе се изрази значењето. Во суштина, проектот е колаборативен и заради тоа вебот е идеално место за тоа.
Q: Како е организирана заедницата?
A: Поголемиот дел од членовите на заедницата се професионални преведувачи, кои наоѓаат слободно време меѓу своите преводи да ни помогнат. Овие луѓе се доволно свесни за предизвикот на преведување на идиоми, бидејќи тоа е нешто со кое се соочуваат многу често. Но, не сме ограничени само со соработници преведувачи, бидејќи исто така имаме и значаен придонес од јазични ентузијасти кои не се поврзани со преведувачката професија. Гледате, постојат многу луѓе кои уживаат да решаваат лингвистички предизвици кога се работи за нивниот мајчин јазик.
Q: Дали можеш да ни дадеш некои статистички податоци? Колку соработници, на колку јазици…
A: Активната заедница на соработници брои повеќе од 100 преведувачи и континуирано расте. Проектот е сѐуште нов, но сепак, горди сме што веќе броиме повеќе од 30.000 изрази на повеќе од 30 јазици. И не постојат граници…
Q: Кој може да придонесува на сајтот?
A: Како што спомнав и претходно, не се ограничуваме само до нашите соработници, така што, секој може да помогне. Се разбира, таквата политика, бара едно ниво на модерирање на содржината која се внесува на сајтот, а тоа го прават неколку членови на нашата заедница. Исто така, ги покануваме и професионалните преведувачи кои би сакале да помогнат надвор од спорадичниот придонес, да контактираат директно со нас. Постојат разни специфични проекти, сите поврзани со повеќејазични преводи, кои се развиваат во WikIdioms и за кои бараме партнери.
Q: Зошто би го користеле сајтот?
A: Еден пример ќе биде најсоодветен за да го одговорам прашањето. Замислете дека преведувате една статија на Global Voices од англиски на други јазици и дека статијата го содржи англискиот израз „It’s Greek to me!“ во смисол на еден текст кој за говорникот е сосема нејасен. Како можете да го пренесете истиот смисол на други јазици со истиот сликовит начин? Сега, со помош на WikIdioms знаете дека и останатите јазици имаат свој начин да ја искажат истата идеја: Русите се повикуваат на Кинезите а Македонците… на Шпанците!
Ти благодарам, Павел!
Q: Јасна, како си ти вмешана во Wikidioms и зошто?
A: Мојата активност во Wikidioms започна неочекувано кога една моја грчка колешка и пријателка ми испрати порака со поканата кон преведувачи на Павел за придонес во Wikidioms. Бидејќи од поодамна работам како преведувач, забележав дека кога се работи за македонскиот јазик, особено е тешко на вебот да се најдат извори и речници кои би им помогнале на сите преведувачи да ја извршуваат својата работа брзо, точно и успешно. Така, сфатив дека ова е одлична можност ситуацијата да се измени. Но, бидејќи, не е возможно еден човек да знае сѐ и бидејќи јазиците се живи „организми“ кои се менуваат и постојано се развиваат, би сакала да ги поканам сите мои колеги, а особено оние од преведувачките тимови на Global Voices низ целиот свет, да не посетат и да придонесат.
Q: Ти исто така придонесуваш и за Global Voices на македонски. Дали можеш да ни кажеш како го откри проектот и што те мотивираше да се придружиш?
A: Живеам во Грција последниве 11 години. Бидејќи се омажив со Грк, дома зборуваме само Грчки. Со текот на времето, приметив дека започнав да заборавам зборови од мајчиниот јазик и тоа многу ми сметаше. Почнав да барам решение и го најдов преведувајќи разни текстови на Global Voices. Сметам дека тоа е многу поттикнувачко, бидејќи не постојат рокови за предавање, нема брзање и сметам дека кога правиш нешто од задоволство, резултатот е многу, многу подобар
Категории

Приклучи и се на дискусијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
2 коментари
Фала многу за написов и за посочување на Wikidoms. Вакво нешто е повеќе од потребно бидејќи идиомите се доста комплексна работа при преведувањето, и супер би било кога би постоела онлајн помош за тоа. I registered myself and started contributing 🙂
Благодариме и сите забелешки и корекции се добредојдени!