- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Што значи да си Индиец?

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Идеи

Што значи да си Индиец? Прија Рамани е уредник на Mint Lounge [1], неделно списание на бизнис весникот Mint [2], а една статија што неодамна ја напиша за нејзините чувства дека всушност не е Индијка, предизвика вжештена онлајн дебата.

Иако хумористично напишана, заради изразувањето на стереотипите за индиското однесување, сепак статијата на Рамани ги вжешти страстите [3]:

Неодамна, станав сѐ повеќе убедена дека не сум Индијка. […] Не ми се допаѓа (или пак не можам да разберам) ниту една индиска серија која што се емитува во моментов. Никогаш не зборувам гласно со мојата помошничка, брокер или пак со било кој пријател кога гледам филм во кино. Секогаш чекам луѓето да излезат од лифтот, пред јас да влезам. Не верувам дека љубителите на филмот во Мумбај треба да стојат построени во ред секогаш кога ќе посакаат да го видат Шрек (или било кој друг филм) на големите екрани. Не чувствувам гордост-туку само нетрпеливост кога моите пуканки се ладат-кога сум приморана да ги слушам Lata [4]/Asha [5] како пеат бавна верзија на државната химна пред секој филм што го гледам во градот каде што сум родена. […] Не мислам дека сме најдобрите луѓе на светот. Не го разбирам нашето чувство и лажната смисла на гордост и национализам. И песната Jai Ho [6] со која се удираме по гради? Никогаш не ја разбрав.

Flag of India [7]

Знамето на Индија (од Викимедија Комонс)

Познатиот блогер Грејтбонг како одговор на мислењето на Рамани дека Индијците се најголемите луѓе на земјата [8] пишува:

Секако дека не сме. Ниедна држава не е. А сепак сите велат дека се. Ако имав еден долар за секој пат кога некој на американската телевизија, вклучувајќи ги интелектуалните соработници на Обама и колумнистите на најдобрите весници на светот (не мислам на телевизиските спикери од Фокс Њус), вели: „Нема никакво сомневање дека САД се најголемата нација од сите“ и слични преувеличувања, ќе можев да си купам влезница за една од големите партии и да се натпреварувам на индиските избори. Слично срамотен е и desi [9] патриотизмот, што за време на крикет натпревар нѐ тера да викаме “Ooh Aaah India [10]” и празното скандирање исто како и калориите на производите од компаниите кои спонзорираат такви слогани.

Грејтбонг продолжува:

Сепак, да се биде горд на сопствената држава не го подразбира верувањето дека таа е „најдобра“’ и безгрешна. Всушност, патриотизмот лежи во прифаќањето на нашите грешки (а ги имаме многу, некои од нив ги спомнува г-ѓицата Рамани). Но, тоа не треба да се разбере до екстремност бидејќи тогаш стануваме слепи за она што навистина е позитивно. И штом тоа ќе се случи, престануваме да го заштитуваме.Кога изјавувам дека сум горд што сум Индиец, велам дека сум горд на нејзината плурална култура и вродената толеранција за спротивставувањето. […] Индискиот дух на прифаќање е нешто што не е очигледно во некои од „најслободните држави во светот“.[…] За жал, брзо се спуштаме надолу, по патеката на конкурентната нетолерантност, она што ќе не донесе до тој степен што ќе станеме огледало на Пакистан и ќе бидеме карактеризирани со фанатизам он најлошиот вид. Доколку и ако тоа се случи, тогаш да, ќе покренам прашањата за мојот идентитет на Индиец. Но, дотогаш, барем за мене,неопходно е, да признаеме што не мачи, но исто така и што не нѐ мачи, да останам приземјен меѓу екстремноста на само-казнувањето и чувството на благодарност.

Коментирајќи на објавата на Грејтбонг, Шан рече [11]:

Статијата [на Рамани] одразува многу од она што ние мислиме, но потоа уништува сѐ, израмнувајќи одредени особини со т.н.„Индијството“. „Индијството“ е нешто што никој, па дури и најголемите и најдобрите филозофи и социолози не се способни да го дефинираат. Но тоа не ја спречува нашата госпоѓа да декламира се што ѝ паѓа на памет. Лошо пишување. Уште полош начин на размислување.

Еден друг коментатор,liberalcynic, пишува [12]:

Она што најмногу ми сметаше во нејзината статија, не е тоа што целата нејзина не-индиска теза стои на стаклени нозе, туку тонот на целата статија. Толку попустлив!

Аринадам луто [13] коментира:

Не знам во какви заблуди можат да им донесат на луѓето некои суми на пари, западно образование и чиста среќа. Вистинската иронија е во тоа што зборуваат за Индија и за нејзините луѓе – од кои, ако ништо друго, се чувствуваат осрамотени. Во беседата на Прија Рамани го чувствувам истиот глупаво попустлив тон . Неверојатно, но овие луѓе не се ограничуваат од ништо – кога стануваат за државната химна, помалку или повеќе се гордеат со тоа, но за нивните дебели задници, тоа е многу тешко. Нивната толеранција за друг Индиец е непостоечка, но повеќе би сакале да се лигават по некој странски гостин за време на заедничка вечера мавтајќи со опашките како послушни кутриња. Претставата за стереотипичниот Индиец што го има Прија Рамани е западна , таа е бесрамен бранител на западот- и лаже без срам кога вели дека белата боја не е нејзина омилена боја на кожата.

Блогерот Manasa Malipeddi од Бангалор мисли дека статијата на Прија Рамани е извонредна, но анализира одредени ставови што Рамани ги има [14]:

Од ниедна работа што таа ја напиша, не се заклучува дека таа не е Индијка. […] Ние не сме најдобрите луѓе на земјата. Вистина, само фанатик би кажал поинаку. Никогаш не го разбрала индиското чувство за (лажна) гордост, како што таа вели, во изразот „Jai Ho“. Се согласувам дека Jai Ho не е најдоброто на A. R. Rahman [15]. Исто така би сакал да кажаме дека Сламдог Милионер [16] не е индијски филм, туку филм за Индијците направен од странец, и не треба да се чувствуваме горди што доби Оскари. Но, нели сме среќни што А.Р. Рахман, со таа песна, ја катапултираше индиската модерна музика (онаа што мислам дека авторот ја сака, бидејќи не ја сака бавната верзијата на Лата за државната химна) на светската сцена? Зошто тоа да не нѐ прави среќни и горди? […] Авторот не потсети за стереотипите што странците ги имаат за Индијците, и се обиде да се вклопи. Не ѝ успеа. Тоа не значи дека не е Индијка.

Блогерот Raj од Ченај во главни црти [17]се сомнева за патриотизмот :

Се согласувам со неа, за чукањето во гради и постојаното изразување на патриотизам во кое и понатаму уживаме. Кога Sachin [18] ќе постигне поен, тоа не го прави за себе, но дава сѐ од себе за својата татковина. Кога Amitabh [19] глуми, последната мисла што му доаѓа на ум се парите; работи за поголема слава на неговата држава и да го држи високо подигнато знамето на татковината. Секое утре овие момци се будат и се обидуваат да кажат некој голем патриотски збор на нивните блогови или Твитер профили. (”Мојата каста? Јас сум Индиец.”) Како што Shaw [20] вели, патриотизмот е неверојатното чувство дека твојата држава е најдобра, само поради тоа што ти си родена во неа. Дека си роден во Индија е само случаен генетски настан. Прифати го тоа како факт и продолжи. Не треба да бидеш горд на тоа, ниту пак да жалиш.