Египет: Напади врз жени на плоштадот Тахрир

(Врските водат кон содржини на англиски јазик, освен каде што не е поинаку назначено.)

Веднаш по прогласувањето на Мохамед Морси за нов претседател на Египет, маса народ дошла на да прослави на плоштадот Тахрир. Плоштадот, кој беше епицентар на египетската револуција, ечеше од радосни извици и пеење. Небото беше осветлено од огномети, но за време на прославата под нив се случуваше и нешто мрачно.

Новинарката Наташа Смит раскажа за нејзината агонија и патила поради масовниот сексуален напад што го преживеала на пат кон плоштадот Тахрир преку  блог-пост насловен „Те молам Боже. Само нека престане.“:

Стотици мажи ми ги влечеа рацете и нозете и ме фрлаа наоколу. Ми ги гребеа и стискаа градите и ги буткаа нивните прсти во мене на сите можни начини. Толку многу мажи. Се што можев да видам беа оцерени лица, се повеќе и повеќе лица што се церат и се кезат додека ме фрлаа како парче месо меѓу гладни лавови.

Присутните жени плачеа и ми велеа „ова не е Египет! Ова не е исламот! Ве молам, ве молам не мислете дека ова е Египет!“ Им реков дека знам дека не е така, дека го сакам Египет и неговата култура и народ, вродената мирољубивост на умерениот ислам. Таа изгледаше вџашена. Но јас не сум осветољубива личност и можев да ја согледам ситуацијата. Овој грозен чин не го претставува местото што го имам запознаено и засакано.

Постот предизвика повеќе од 1000 коментари, од длабока пофалба за храброста на Наташа до неверување и порекнување на нејзиното сведоштво. Инцидентот е налик на масовниот напад врз репортерката Лара Логан на 11 февруари, веднаш по објавувањето на оставката на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Случката со Логан исто така предизивика слични реакции во блогосферата и во мејнстрим медиумите.

A poster from the Facebook page calling for a protest against sexual harassment on July 4

Постер од страницата на Фејсбук која повикува на протест против сексуалното злоставување на 4 јули. Натписот на арапски гласи: „Не за сексуалното злоставување. Грижи се за неа… заштити ја“.

Неодамнешниот марш против сексуалното злоставување заврши со масовно сексуално злоставување на луѓето кои протестираа. Невладините организации за човекови права предупредија дека растечкиот број на сексуално насилство е обид на државните сили да ги заплашат жените и да го ограничат нивното учество во јавниот живот. Реем Лабиб, една од учесничките во протестот против злоставувањето ја сподели нејзината приказна во пост насловен „Тие се страшливци и јас ќе останам“:

Сите излегуваме на улиците да протестираме барајќи слобода, достоинство и единство. Сите знаеме за ризиците и ги прифаќаме, вклучително и ризикот од сексуално насилство. Кога си благословена со здраво и релативно заштитено детство и околина, знаењето и прифаќањето на ризикот не те подготвува за ова – ништо не може да те подготви однапред. Овој напад беше најстрашното нешто што досега го имам доживеано и знам дека ќе ми треба подолго време да закрепнам.

На толпа од околу сто или повеќе силеџии да ме надвладее, да ме преплаши, да ме натера да врескам. Тоа не беше фер-борба, моето тело беше повредено и оскрвнавено – но тие само ја загребаа лушпата, не го скршија јадрото. Нема да бидам жртва и јас не сум скршена.

Во меѓувреме, активистите организираат протест против злоставувањето на 4 јули, барајќи безбедни улици за сите (линкот води кон настан на Фејсбук на арапски).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.