Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Латинска Америка: Проблемот со користење деца како работна сила – прв дел

Користењето деца како работна сила е тажна реалност во Латинска Америка и честопати многу жители низ регионот се толку навикнати на тоа да гледаат како работат деца што дури и не го сфаќаат тоа. Кој не ги користел услугите на (уличен) чистач на чевли или на млад чувар на автомобили? За да се промени тоа преземени се кампањи за подигнување на свеста и други чекори. Во пресрет на Светскиот ден против користењето деца како работна сила – 2009, кој ќе се одржи на 12 јуни, членови на тимот на Global Voices од Латинска Америка помогнаа да се пронајдат сродни постови на блогови и линкови за овој проблем во нивните земји. Ова е првиот дел од приказната, а таа ќе биде составена од два дела.

Фотографија од Франческа Раучи употребана под Криејтив комонс лиценца http://www.flickr.com/photos/francesca_rauchi/2266649087/

Фотографија од Франческа Раучи употребана под Криејтив комонс лиценца http://www.flickr.com/photos/francesca_rauchi/2266649087/

Од Гватемала, Марсијал Перез Гијермо Херера на Haciendo Camino [шпански], во форма на извештај пишува за набљудувањата на бизнис секторот за користењето деца како работна сила во индустријата за кафе, област на производство што на големо ја користи оваа илегална работа:

El objetivo del diagnóstico es establecer un referente de conocimientos, información, causas y efectos del trabajo infantil en el sector caficultor de Guatemala, así como ofrecer insumos que orienten las estrategias de sensibilización, capacitación y divulgación sobre la problemática. Entre otros temas, el diagnóstico aborda el enfoque del sector con respecto al trabajo infantil, sus causas, el papel de la familia, la certificación y legalidad, el relevo generacional y la mano de obra, y la educación y el trabajo.

Целта на оваа дијагноза е да се утврди репер на знаење, информации, причини и ефекти од користењето деца како работна сила во секторот за производство на кафе во Гватемала, како и да се обезбеди знаење за да се изготват стратегии за подигнување на свеста, обучување и откривање на овој проблем. Меѓу другото, се однесува и на дијагностичкиот пристап во овој сектор во однос на користењето деца како работна сила, причините за тоа, улогата на фамилијата, потврдување и легалност, генерациската работна сила, образованието и работата.

Во Еквадор, ситуацијата е многу слична, само што индустријата за производство на кафе е замената со индустријата за производство на банани. Еден од претседателските кандидати на земјата Алваро Нобоа бил бизнисмен во индустријата за производство на банани и станал предмет на тешки критики за користењето деца како работна сила. Дечио Мачадо, на блогот Let's Change the World [шпански], пишува за некои откритија за индустриите на Нобоа:

En abril de 2002 Human Rights Watch emitió un reporte en el que denunciaba que “encontró que niños ecuatorianos, tan jóvenes como de ocho años, trabajando en plantaciones de banano en condiciones precarias”. Chiquita, Del Monte, Dole, La Favorita y Bonita fueron acusadas de ser provistas por plantaciones que empleaban niños como trabajadores.

Noboa, en un acto de sinvergonzonería sin igual, aseguró que no puede ser acusado de propiciar el trabajo infantil en sus haciendas bananeras, dado que el trabajo de menores en el área agrícola en general formaba parte desde hace muchos años de la cultura de la gente del campo en Ecuador. Según Noboa, los padres obligaban a trabajar a sus menores con el fin de evitar que el ocio los conduzca por el camino de la delincuencia.

Во април 2002 година, Human Rights Watch објави извештај во кој силно го критикуваше тоа што „е откриено дека деца од Еквадор, не поголеми од осум години, работат на плантажи со банани во сиромашни услови. Чикита, Дел Монте, Доле, Ла Фаворита и Бонита беа обвинети дека биле снабдувани со банани од плантажи коишто вработувале деца како работници.

Нобоа, фатен во уште поголема бесрамност, рекол дека тој не може да биде обвинет за тоа дека е за користењето деца како работна сила на неговите фарми за банани, затоа што многу години тоа било дел од културата на фармите. Според Нобоа, родителите ги присилувале децата да работат со цел да се избегне сиромаштија што е чекор до криминалот.

Фотографија од Луис Карлос Дијаз искористена со дозвола. http://www.flickr.com/photos/periodismodepaz/494114134/

Фотографија од Луис Карлос Дијаз искористена со дозвола. http://www.flickr.com/photos/periodismodepaz/494114134/

Аргентинската веб страница Taringa [шпански] објавуви детален извештај за користење на децата како работна сила во земјата. Покрај тоа што обезбедува долг список на компании кои ги користат децата како работна рака, се фокусира на компанијата Telefónica Argentina, најголемата компанија за телекомуникации во Шпанија, како една од компаниите којашто е најодговорна за користењето деца како работна сила. Извештајот вклучува фотографија на дете коешто дистрибуира телефонски именици, во центарот на Буенос Аирес. Исто така, има и видео запис од скриена камера на La Alameda Cooperative во провинцијата Мендоза што направи слики од деца коишто работат рурална средина.

Фондацијата СЕС (SES) [шпански] во Буенос Аирес работи со млади луѓе и на социјални проблеми. На својот блог тие пишуваат за проблемот на користењето деца како работна сила во Аргентина:

El Trabajo infantil es un problema que crece. En la Argentina trabaja alrededor de medio millón de chicos y chicas menores de 14 años, según datos de UNICEF – Argentina. Fundación SES en convenio con el Ministerio de Educación, ha iniciado durante el mes de Mayo la sistematización de dos experiencias educativas de erradicación del trabajo infantil en las Provincias de Córdoba y Tucumán.

En Córdoba visitamos la Escuela Primaria Polo Godoy Rojo. … Es una escuela atravesada por diferentes problemáticas, pero una de ellas … son los niños y niñas que trabajan como cortadores de ladrillos o los que dejan de asistir en tiempos de la cosecha de la papa o de la vendimia, entre otras. En Tucumán visitamos la experiencia “A través de un Trabajo Interministerial, construimos un futuro distinto para los chicos de Santa Ana” que tiene como propósito favorecer el desarrollo de estrategias de inclusión, reinserción y o permanencia de los niños y las niñas que se encuentran en situación o en riesgo de trabajo en el Sistema Educativo Formal.

Користењето деца како работна рака е проблем кој се шири. Според UNICEF – Аргентина, во Аргентина има приближно половина милион момчиња и девојчиња на возраст под 14 години. Во мај, SES Foundation, во договор со Министерството за образование ја започна систематизацијата на две образовни искуства во поглед на искоренување на користењето деца како работна сила во провинциите на Кордоба и Тукуман.

Во Кордоба, го посетивме основното училиште Поло Годој Рохо… Тоа е училиште коешто минува низ различни проблеми, но еден од тие проблеми …се децата што работат како сечачи на тули или оние што заминуваат на одредено време, меѓу другото, да берат компири или грозје. Во Тукуман, ја посетивме кампањата „Преку проект на повеќе министерства, создаваме поинаква иднина за момчињата и девојчињата од Санта Ана“ („Through an Interministerial Project, we construct a different future for the boys and girls from Santa Ana”), која што има за цел да промовира стратегии на развој за инклузија, реинтеграција и/или поврат на момчиња или девојчиња кои се нашле во ситуација или ризикуваат да се најдат во положба на работна сила во рамки на Формалниот образовен систем.

Наскоро ќе биде објавен и вториот дел од приказната.

Посебна благодарност до Рената Авила, Милтон Рамирез и Селесте Калвет за нивната помош околу овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.