- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мароко: Искуството со к'ната

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Фотографија

К'ната [1], како еден вид на уметност, постои од пред илјадници години. Распространета од Мароко па се до Бангладеш, κ'ната се користи за боење на косата и за украсување на телото. Во Мароко, к'ната се користи исто така и за боење на рацете и на стапалата со  сложени шари и за боење на косата во хамамите.

Неодамна, објавена е една нова книга која ја документира прастарата уметност со к'на. Книгата со наслов „Мур: Атлас на к'ната во Мароко“ (Moor: A Henna Atlas of Morocco“), содржи илустрации и фотографии од прекрасните марокански верзии на оваа уметничка форма.  Еве едно специјално претставување на книгата:

Авторите на книгата исто така имаат и блог наречен Мур К'на (Мoor Henna [2]).

Волонтерката во Мировните сили, Емили (на Emily and Jon in Morocco [3]) неодамна ја испроба к'ната „на своја кожа“. На блогот, Емили постира фотографии [4] од процесот на нанесувањето на к'ната од занаетчивката:

[5]

Боење со к'на во Мароко

Емили исто така постира и фотографија од својата рака, после боењето со к'на:

Henna after several hours of drying [6]

К'ната, неколку саати после нанесувањето

А што се однесува до искуството, Емили вели:

Кога стигнав дома,  ја истапкав исушената к'на со малку маслиново масло пред да ја излупам. Девојките ми рекоа да употребам обично растително масло (веројатно бидејќи е поевтино), но јас се одлучив за она што е најдобро. Сметам дека маслиновото масло би требало да ѝ „помага“ на нанесената к'на, но исто така чувството што го остава маслиновото масло на кожата е убаво – за разлика од исушената к'на. Кога к'ната паѓа од кожата, има светло жолта боја, па во текот на наредните неколку саати потемнува. Денес има убава кафеава боја.