Мароко: Искуството со к'ната

К'ната, како еден вид на уметност, постои од пред илјадници години. Распространета од Мароко па се до Бангладеш, κ'ната се користи за боење на косата и за украсување на телото. Во Мароко, к'ната се користи исто така и за боење на рацете и на стапалата со  сложени шари и за боење на косата во хамамите.

Неодамна, објавена е една нова книга која ја документира прастарата уметност со к'на. Книгата со наслов „Мур: Атлас на к'ната во Мароко“ (Moor: A Henna Atlas of Morocco“), содржи илустрации и фотографии од прекрасните марокански верзии на оваа уметничка форма.  Еве едно специјално претставување на книгата:

Авторите на книгата исто така имаат и блог наречен Мур К'на (Мoor Henna).

Волонтерката во Мировните сили, Емили (на Emily and Jon in Morocco) неодамна ја испроба к'ната „на своја кожа“. На блогот, Емили постира фотографии од процесот на нанесувањето на к'ната од занаетчивката:

Боење со к'на во Мароко

Емили исто така постира и фотографија од својата рака, после боењето со к'на:

Henna after several hours of drying

К'ната, неколку саати после нанесувањето

А што се однесува до искуството, Емили вели:

Кога стигнав дома,  ја истапкав исушената к'на со малку маслиново масло пред да ја излупам. Девојките ми рекоа да употребам обично растително масло (веројатно бидејќи е поевтино), но јас се одлучив за она што е најдобро. Сметам дека маслиновото масло би требало да ѝ „помага“ на нанесената к'на, но исто така чувството што го остава маслиновото масло на кожата е убаво – за разлика од исушената к'на. Кога к'ната паѓа од кожата, има светло жолта боја, па во текот на наредните неколку саати потемнува. Денес има убава кафеава боја.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.