- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Нигерија: Реакции на Фејсбук за црвениот картон на Сани Каита

Категории: Супсахарска Африка, Нигерија, Граѓански медиуми, Спорт

Нигерискитe фудбалски фанови се длабоко поделени околу исклучувањето на Сани Каита [1] во мечот Нигерија – Грција од втората Б група на Светското Првенство 2010 заради тоа што Каита со нога го удри Василис Торосидис. Нигерија изгуби  2-1. Фудбалските фанови дискутираат за фаулот на Сани Канита на две негови Фејсбук страници [2].

Повеќето од коментарите се негативни но има и позитивни. Да започнеме со негативните. Ова е коментарот што го остави Заларми на страницата на Сани Каита:

Прво беше Сани Абача (поранешниот претседател), потоа Сани Јерима (Сенаторот којшто чуваше 13 годишно девојче, само заради брак), подоцна Сани Лулу (поранешниот претседател на NFA) и сега Сани Каита (фудбалерот). Уште колко долго ќе дозволуваме Сани(евци) да го оцрнуваат името на оваа земја? Каи.

Eмека вели дека е додаден нов англиски збор во речникот:

РЕЧНИКОТ Е ЗБОГАТЕН СО ЕДЕН НОВ ЗБОР – „КАИТА” Човекот кој без ничија помош ја поткопа надежта на неговата земја, од причини познати само нему. „Kаита” може да се користи наместо зборови како „ризик”, „попречување”, „саботажа”, „отежнување”, „антагонист”, „будала”, итн. Како примери се дадени: Не го Каитувајте за еден ден она што сме го граделе 11 години. Не бидете Каита итн.
17 јуни,  21:44 часот

Леке подетално го опишува новиот збор:

Нов англиски збор
KAITA (Kai-ta)
глагол. каи*та, каи*тува, каи*туваше, каи*тување

1. Самостојно да ги урнеш надежите и аспирациите на својот народ пред очите на другите
2. Да се истераш на клоци од најголемата сцена/центар на внимание што некогаш му биле познати на човештвото
3. Да ги уништиш/збришеш/исцрпиш силите на соиграчите плус 140 милиони луѓе по пат на необјаснива глупост
4. Да се однесуваш будалесто, глупо или неразумно и ВЕДНАШ да паднеш на колена каејќи се за својата постапка

Употреба:
“Ве молиме, не го КАИТУВАЈТЕ она што сме го граделе 50 години! Oloshi!”
“Ма гајле ми е што ќе речат луѓето, има да го КАИТУВАМ планот од милијарда долари!”
“Оној човекон, знаете, безнадежниот, бескорисниот, без визија КАИТАчки дечко!”
“КАИТував се додека не го сретнав Исус!”
18 јуни, 09:17 часот

KAИТАнолокополоус е новиот грчки Бог, како што би рекол Чарлс:

Со брзина на светлината на подот од грчкиот парламент во Грција, доспеа еден плакат, со предлог за нов грчки Бог:

KAИТАнолокополоус – Бог кој ви дава незаслужена победа со тоа што ќе предизвика вашиот противник да се однесува невидено идиотски.

Гестот е спроведен без препреки!

Поздравете го сите KAИТАнолокополоус!!!!! (ПС: Ве молам бавно изговарајте за да не си го гризнете случаjно јазикот)
18 јуни, 05:17 часот

Oки вели дека услугите на Сани им се потребни на полициските сили:

МЛАД ЧОВЕКУ ТВОЈТЕ УСЛУГИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА ПОЛИЦИСКИТЕ СИЛИ ВО ЈОС/КАНО. БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ ТЕ НАЈМАТ БИДЕЈЌИ ТИ НА МЕЃУНАРОДНО НИВО ГО ПРИКАЖА НАЈВАЖНИОТ КВАЛИТЕТ КОЈ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА ПОЛИЦИЈАТА. МОЛИМ ТЕ НЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАЈ, НЕМОЈ НИ ДА ГО ЧЕКАШ СЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР. ОВА ТИ Е ШАНСАТА ШТО ЈА ЧЕКАШЕ…ЗГРАПЧИ ЈА.
18  јуни, 02:05 часот

Некои фанови се со позитивен став и сакаат да му биде простено на Сани Каита.

Џон смета дека Сани никогаш немал намера да го удри човекот:

само што ја гледав снимката и мислам дека тој немаше намера да го удри човекот… тој само така играше…. не го распнувајте за една таква ситница… тој и понатаму е добар играч од средина на полето..

Како што вели Аделвеј, луѓето прават грешки:

луѓето се склони кон правење грешки и кога ќе дојде то такво нешто, од нас се очекува да се вратиме во нормала и да продолжиме понатаму, да застанеме цврсто на нозе по нашиот неуспех. Мојата молитва до Господ е да се смилува над Нигерија како би се квалификувала во второто коло со што би можела да се исправи грешката, но ако Алах рече дека е крај, па нека биде така, но се надевам дека од оваа голема грешка ќе сфатите дека лутината е смртен непријател со што човек може да биде жигосан додека да трепнеш.  Нека Бог ви прости и нека биде ваш водич кон идните  стремежи.
Недела, 11:32 часот

Алфонс расправа дека мечот не бил загубен само заради црвениот картон на Сани Каита:

Јасно ми е колку сме сите изнервирани од ова фијаско. Но мечот не беше загубен само заради глупавоста на Каита.  Треба да се запрашаме за менталната подготвеност на нашите играчи.  Зошто беа сите онака капнати. Техничката екипа треба да е свесна дека вакви нешта се случуваат во фудбалот. Ако Лавовите од Камерун можеа да дојдат до победа против Аргентина при една слична ситуација на Светското Првенство во  1990, кога на теренот останаа деветмина,  зошто тоа не би го сториле и нашите драги Орли на ден како вчерашниот. Каита не е единствениот проблем, туку и овој вид на уредување кој на крај не дава никакви резултати.  Не можеме и понатаму да чекаме да се случи чудо додека останатите напорно тренираат за да опстанат. Вчерашниот меч ги обелодини  затскриените проблеми со коишто многу Нигеријци секојденвно се соочуваат. Како што може да видите, добрата среќа не беше доволна сама по себе за да се спаси една ваква ситуација. Размислете!!!!!!!!!!
17 јуни, 23:15 часот

“Оставете го човекот на раат,” преколнува Адефолахунвонло:

Оставете го човекот. Бев страшно изнервиран, но треба да се држиме заедно. Многу земји се среќни, особено африканските. Да му простиме на човекот и да се фокусираме кон моменталната пречка. Имам верба во Наиха. НАПРЕД СУПЕР ОРЛИ. Каита, другпат пази што правиш кога ја претставуваш сопствената земја. Ништо лично. Тоа е национална должност.
Недела, 08:16 часот

Џимох ги потсетува нигериските фанови дека сите ние правиме грешки:

жално е што ние Нигеријците сакаме да навредуваме, но одвреме навреме треба да седнеме и да разбереме дека вакви нешта се случуваат. Ако не казнуваа сите за грешките што сме ги направиле во животот, ќе бевме ли сè уште меѓу живите? тоа треба да се запрашаме, а не сето ова ѓубре и дволичност што до сега ги гледавме. Каита, биди попрофесионален следниот пат. Фала
пред 3 часа

“Оставете го на мира Сани Каита o…,” моли Убон на нигериски пиџински англиски:

make una leave sani kaita alone o… him na human being n no de above mistake. put urself 4 im place if all the whole naija de throw yabbis on una, au una 4 feel. d mistake don hapen e don hapen, we supose de encourage d team to see if they go qualify 4 d second round instead of crucifying kaita. make we gada pray 4 our dear country naija. (забелешка: текстот е намерно оставен непреведен.)
Сабота, 09:27 часот