Нигерија: Реакции на Фејсбук за црвениот картон на Сани Каита
Преводи
Нигерискитe фудбалски фанови се длабоко поделени околу исклучувањето на Сани Каита во мечот Нигерија – Грција од втората Б група на Светското Првенство 2010 заради тоа што Каита со нога го удри Василис Торосидис. Нигерија изгуби 2-1. Фудбалските фанови дискутираат за фаулот на Сани Канита на две негови Фејсбук страници.
Повеќето од коментарите се негативни но има и позитивни. Да започнеме со негативните. Ова е коментарот што го остави Заларми на страницата на Сани Каита:
Прво беше Сани Абача (поранешниот претседател), потоа Сани Јерима (Сенаторот којшто чуваше 13 годишно девојче, само заради брак), подоцна Сани Лулу (поранешниот претседател на NFA) и сега Сани Каита (фудбалерот). Уште колко долго ќе дозволуваме Сани(евци) да го оцрнуваат името на оваа земја? Каи.
Eмека вели дека е додаден нов англиски збор во речникот:
РЕЧНИКОТ Е ЗБОГАТЕН СО ЕДЕН НОВ ЗБОР – „КАИТА” Човекот кој без ничија помош ја поткопа надежта на неговата земја, од причини познати само нему. „Kаита” може да се користи наместо зборови како „ризик”, „попречување”, „саботажа”, „отежнување”, „антагонист”, „будала”, итн. Како примери се дадени: Не го Каитувајте за еден ден она што сме го граделе 11 години. Не бидете Каита итн.
17 јуни, 21:44 часот
Леке подетално го опишува новиот збор:
Нов англиски збор
KAITA (Kai-ta)
глагол. каи*та, каи*тува, каи*туваше, каи*тување1. Самостојно да ги урнеш надежите и аспирациите на својот народ пред очите на другите
2. Да се истераш на клоци од најголемата сцена/центар на внимание што некогаш му биле познати на човештвото
3. Да ги уништиш/збришеш/исцрпиш силите на соиграчите плус 140 милиони луѓе по пат на необјаснива глупост
4. Да се однесуваш будалесто, глупо или неразумно и ВЕДНАШ да паднеш на колена каејќи се за својата постапкаУпотреба:
“Ве молиме, не го КАИТУВАЈТЕ она што сме го граделе 50 години! Oloshi!”
“Ма гајле ми е што ќе речат луѓето, има да го КАИТУВАМ планот од милијарда долари!”
“Оној човекон, знаете, безнадежниот, бескорисниот, без визија КАИТАчки дечко!”
“КАИТував се додека не го сретнав Исус!”
18 јуни, 09:17 часот
KAИТАнолокополоус е новиот грчки Бог, како што би рекол Чарлс:
Со брзина на светлината на подот од грчкиот парламент во Грција, доспеа еден плакат, со предлог за нов грчки Бог:
KAИТАнолокополоус – Бог кој ви дава незаслужена победа со тоа што ќе предизвика вашиот противник да се однесува невидено идиотски.
Гестот е спроведен без препреки!
Поздравете го сите KAИТАнолокополоус!!!!! (ПС: Ве молам бавно изговарајте за да не си го гризнете случаjно јазикот)
18 јуни, 05:17 часот
Oки вели дека услугите на Сани им се потребни на полициските сили:
МЛАД ЧОВЕКУ ТВОЈТЕ УСЛУГИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА ПОЛИЦИСКИТЕ СИЛИ ВО ЈОС/КАНО. БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ ТЕ НАЈМАТ БИДЕЈЌИ ТИ НА МЕЃУНАРОДНО НИВО ГО ПРИКАЖА НАЈВАЖНИОТ КВАЛИТЕТ КОЈ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА ПОЛИЦИЈАТА. МОЛИМ ТЕ НЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАЈ, НЕМОЈ НИ ДА ГО ЧЕКАШ СЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР. ОВА ТИ Е ШАНСАТА ШТО ЈА ЧЕКАШЕ…ЗГРАПЧИ ЈА.
18 јуни, 02:05 часот
Некои фанови се со позитивен став и сакаат да му биде простено на Сани Каита.
Џон смета дека Сани никогаш немал намера да го удри човекот:
само што ја гледав снимката и мислам дека тој немаше намера да го удри човекот… тој само така играше…. не го распнувајте за една таква ситница… тој и понатаму е добар играч од средина на полето..
Како што вели Аделвеј, луѓето прават грешки:
луѓето се склони кон правење грешки и кога ќе дојде то такво нешто, од нас се очекува да се вратиме во нормала и да продолжиме понатаму, да застанеме цврсто на нозе по нашиот неуспех. Мојата молитва до Господ е да се смилува над Нигерија како би се квалификувала во второто коло со што би можела да се исправи грешката, но ако Алах рече дека е крај, па нека биде така, но се надевам дека од оваа голема грешка ќе сфатите дека лутината е смртен непријател со што човек може да биде жигосан додека да трепнеш. Нека Бог ви прости и нека биде ваш водич кон идните стремежи.
Недела, 11:32 часот
Алфонс расправа дека мечот не бил загубен само заради црвениот картон на Сани Каита:
Јасно ми е колку сме сите изнервирани од ова фијаско. Но мечот не беше загубен само заради глупавоста на Каита. Треба да се запрашаме за менталната подготвеност на нашите играчи. Зошто беа сите онака капнати. Техничката екипа треба да е свесна дека вакви нешта се случуваат во фудбалот. Ако Лавовите од Камерун можеа да дојдат до победа против Аргентина при една слична ситуација на Светското Првенство во 1990, кога на теренот останаа деветмина, зошто тоа не би го сториле и нашите драги Орли на ден како вчерашниот. Каита не е единствениот проблем, туку и овој вид на уредување кој на крај не дава никакви резултати. Не можеме и понатаму да чекаме да се случи чудо додека останатите напорно тренираат за да опстанат. Вчерашниот меч ги обелодини затскриените проблеми со коишто многу Нигеријци секојденвно се соочуваат. Како што може да видите, добрата среќа не беше доволна сама по себе за да се спаси една ваква ситуација. Размислете!!!!!!!!!!
17 јуни, 23:15 часот
“Оставете го човекот на раат,” преколнува Адефолахунвонло:
Оставете го човекот. Бев страшно изнервиран, но треба да се држиме заедно. Многу земји се среќни, особено африканските. Да му простиме на човекот и да се фокусираме кон моменталната пречка. Имам верба во Наиха. НАПРЕД СУПЕР ОРЛИ. Каита, другпат пази што правиш кога ја претставуваш сопствената земја. Ништо лично. Тоа е национална должност.
Недела, 08:16 часот
Џимох ги потсетува нигериските фанови дека сите ние правиме грешки:
жално е што ние Нигеријците сакаме да навредуваме, но одвреме навреме треба да седнеме и да разбереме дека вакви нешта се случуваат. Ако не казнуваа сите за грешките што сме ги направиле во животот, ќе бевме ли сè уште меѓу живите? тоа треба да се запрашаме, а не сето ова ѓубре и дволичност што до сега ги гледавме. Каита, биди попрофесионален следниот пат. Фала
пред 3 часа
“Оставете го на мира Сани Каита o…,” моли Убон на нигериски пиџински англиски:
make una leave sani kaita alone o… him na human being n no de above mistake. put urself 4 im place if all the whole naija de throw yabbis on una, au una 4 feel. d mistake don hapen e don hapen, we supose de encourage d team to see if they go qualify 4 d second round instead of crucifying kaita. make we gada pray 4 our dear country naija. (забелешка: текстот е намерно оставен непреведен.)
Сабота, 09:27 часот
Категории

Најнови написи од Супсахарска Африка
Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!