Денес е Денот на вљубените! Приликата не е заборавена и покрај годината на протести во поголемиот дел од Арапскиот свет.
Од Обединетите Арапски Емирати, Јасер Хареб твитна:
@YasserHareb: Не верувам во Денот на вљубените. Вистинската љубов нема прилика. Вистинската љубов е приликата. #Valentine
Абдул Ал Рашид, од Саудиска Арабија, која ги забранува сите форми на прославување на Денот на вљубените, пишува:
А Раму Саламе се шегува:
@ramisalame: Еј Саудиски твитерџии, имам прашање: Дали утре за Денот на вљубените не треба да јадеме црвено месо?
Ејад Јоудех објаснува зошто ова прашање е прифатливо во Саудиска Арабија. Тој објави на Твитер:
@EyadJ: Денот на вљубените е единствениот ден од годината кога луѓето во Саудиска Арабија можат да одат во затвор поради носење одредена боја.
Додека Султан Ангари не потсетува:
Саудиска Арабија ги забранува сите форми на славење на Денот на вљубените. Комисијата за заштита од моќта и заштита од пороци ги претресува дуќаните во трката до Денот на вљубените, принудувајќи ги сопствениците да ги отстранат сите симболи за Денот на вљубените вклучувајќи ги розите, срцињата, балоните и црвена хартија за пакување.

Египќанката Нермин Едрис најде нацртано срце на нејзиниот црвен автомобил. Слика споделена на Твитер од Нермин Едрис
Понатаму, Египќанката Нермин Едрис беше пречекана од работа со прекрасно изненадување. Таа твитна:
@NermeenEdrees: Убаво изненадување… Некој реши да нацрта срце на мојот автомобил 😀
Во меѓувреме, Бахреин денес ја одбележува годишнината од почетокот на масивните протести, во стилот на т.н. Арапска пролет, кои ги погодија и Тунис, Египет, Либија, Сирија и Јемен.
Таму блогерот Махмуд Ал Јусиф го коментира краткиот притвор на активистот за човекови права Набил Рајаб велејќи:
@mahmood: #FreeNabeel уште еден посебен хаштаг во #Bahrain на овој раздвижен Ден на вљубените @NABEELRAJAB
Анонимните, лабаво формирана интернационална група хакери, исто така ги награди граѓаните на Бахреин со подарок за Денот на вљубените. Активистот за човекови права Маријам Ал Каваја твитна за тоа:
@maryamalkhawaja: “#Анонимни до луѓето од #Бахреин: Среќен #Ден на вљубените” Анонимните уништуваат веб-сајтови на добавувачите кои продаваат на режимот на Бахреин #feb14
И конечно, во Египет Мохамед Ел Дахшан можеби е во невоља. Тој извика:
@eldahshan: Ха! Успеав да поминам цел ден без да зборувам за Денот на вљубените и … о не.