За време на свадба во Доминиканската Република на група Венецуелци им беа дијагностицирани симптоми на колера, откако јаделе загадена храна; на повеќето заразени им беше дијагностицирана колера во Венецуела откако пристигнаа во земјата и сите беа хоспитализирани во државни и приватни болници. Она што на почетокот беа 13 случаи, за неколку дена пораснаа.
Хронологија на болеста која се шири бргу
На 26 јануари, Министерката за здравство, Еухенија Садер, потврди дека има неколку случаи на колера во државата. Истиот ден Aдријана (@Cotidiana) изјави:
Trece (13) venezolanos llegaron enfermos de cólera de República Dominicana. Todos están hospitalizados
На 27 јануари, Телевизијата Венецолана (VTV) –државна телевиска мрежа, на својот профил на Твитер (@vtvcanal8) објави дека,
452 venezolanos habrían asistido a celebración en República Dominicana el 22 de enero, de estos 3% podría presentar síntomas de cólera
На 28 јануари, Хозе Табоада (@Jocetaboada) реагираше на многуте регистрирани случаи од тој ден:
Epa! #quefuerte—-> Van 111 casos de cólera en el país – http://bit.ly/h6xoP7
Наредниот ден, на 29 јануари на страницата за онлајн вести La Patilla (@La_patilla) беше објавено:
Aumenta a 116 casos de cólera en Venezuela http://bit.ly/gUe9EW
Maриета Пареира (@maripereira_542), на 30 јануари изјави:
118 afectados por cólera han recibido tratamiento http://bit.ly/gUe9EW“#aychiamo
Истиот ден од градот Maракаибо, Фриорела Ди Фиоре (@fioredifiore) ги споделува најновите вести:
Ya son 135 los tratados contra el cólera http://bit.ly/hCHfim“
Преземање мерки
Maрија M. Визкаино (@mechevizcaino) предупредува:
Noo se puede comer en la calleeee.. Entiendanlooo!!!!!!!!!! Hay colera!
Хуан Дијаз (@juandiazyaracuy) предлага:
Si vas a comer carne, pollo, huevo o pescado, cocínalos muy bien. Evita el cólera. Más información: 0-800 VIGILAN (8444526)
Д-р Ригоберто Х. Маркано Паскуер (@rimarcan) објави статија на La Patilla со информации за болеста: „Колера, бактерија која бргу може да ве убие.“
На блогот Frente Ecológico PSUV, д-р Хулио Кастро специјалист за инфекциски заболувања и професор на Централниот универзитет во Венецуела (UCV), зборуваше за ситуацијата со колера во земјата,
“es una situación de preacaución, más que de alerta, por lo que hay que cumplir las medidas respectivas y evitar así una epidemia”.
Бројот на заболени се зголемува. Венецуелците очекуваат „епидемија“, како што беше наведено од владата, иако моменталниот број на лица заболени од колера –135 од сегашните 452, според најновите извештаи– надалеку ги надмина очекуваните 3%.