Русија: Новаја Газета, опозициски весник под интернет напад

Сергеј Соколов, заменик главен уредник во „Новаја Газета“

Новаја Газета се смета дека е најлибералниот опозициски весник во Русија. Познат е по неговите истражувања и независно покривање на големите вести во Русија. Откако неколку од неговите новинари беа убиени, весникот привлече внимание надвор од границите на Русија. Продолжува секојдневно да прима различни закани.

Сергеј Соколов, заменик уредник на Новаја Газета, еден од основачите на весникот и главен на одделот за истражување, ја сподели за ГВ неговата перспектива за информациската безбедност во опозициски весник, иницијативата за онлајн демократија во Русија и најнови вести за истрагата која е во тек за убиствата на новинарите.

Со какви видови на интернет напади Новаја Газета мора да се справува?

Најнепријатниот инцидент кој Новаја Газета го искуси е моќниот DDoS напад кој се случи во февруари 2010. Нашата веб страна недела и пол мораше да престане со работа. Почна во 9 часот наутро, најпрво имавме неколку илјади барања во секунда. Ние успеавме да го решиме овој проблем за 24 часа и веб страната беше повторно активна. Меѓутоа, после еден час, нашата веб страна повторно падна, откако почнавме да примаме повеќе од еден милион барања во секунда. Ни стана јасно дека не бевме само случајна мета, туку дека тоа е напад кој е добро подготвен однапред. Како што откривме, на почетокот напаѓачот користел релативно мал ботнет(мрежа од роботи или компјутери заразени со вируси). Кога го неутрализиравме првиот напад, напаѓачот употребил друг ботнет, кој беше многу поголем. Како што знаеме сега, изворот на големиот ботнет бил во Јужна Кореја. Нашите официјални лица побараа од полицијата да го испита нападот, но немаше никакви резултати. Официјалните лица на полицијата не прашаа дали знаеме кој е напаѓачот. Кога рековме дека не знаеме, тие рекоа дека во овој случај тие немаат никаква врска. Меѓутоа после одредено време, кога неколку други медиуми DDoS напади, меѓу кои беа и весниците Ведомости, Комерсант и Московскиј Комсомолетс, напади за време на состанокот на уредниците и претседателот поднесоа барање да се испитаат овие напади, Федералната безбедносна служба (ФБС) почна со истрага. Колку што знам, сè уште е во тек и истражителите се обидуваат да пронајдат нешто.

Дали знаете кој стои позади овие напади?

Колку што знам, користењето на моќен ботнет е прилично скапо. Мислам дека ова не се луѓе од бизнис компаниите, затоа што во тоа време немавме статии кои би им наштетиле на нивните комерцијални интереси. Затоа, може да бидеме сигурни дека ова е политичка акција, со оглед на генералната позиција на весникот и со оглед на фактот дека нападот беше еден од сериите на напади на DDoS против руските либерални медиуми. Познати ни се некои младински организации поддржани од Кремљ кои биле вмешани во неколку напади од овој вид, на пр. DDoS нападот против Естонија, затоа претпоставуваме дека и овие напади се од истото место. Бидејќи не бевме прва мета, мислам дека има некој генерален план како да се искористи буџетот кој организациите го добиваат за оваа цел, заедно со генералниот план за борба против т.н „портокалова закана“ ( закана од т.н. Портокалова револуција).

Какво беше влијанието на овој напад врз весникот и како се справивте со ситуацијата за време на нападот?

Очигледно предизвика некој проблеми, не само што се однесува на содржината кој се објавува, туку и врз другите извори. Ние го користевме LiveJournal за да ги објавуваме нашите главни написи. Нашите медиумски партнери ни помогнаа со објавување на некои наши содржини и со поврзување со нашиот блог. Нападот воглавно немаше влијание врз бројот на нашите посетители затоа што имаме многу стабилна читателска публика. Плус, нашиот весник не е комерцијална организација и ние немаме многу рекламирање, затоа финансиската загуба не беше значајна. Најважно е тоа што не му наштети на нашиот имиџ. Напротив, нападот најверојатно го крена нашиот рејтинг помеѓу нашата публика. Но, тоа беше непријатна ситуација која не чинеше многу нерви, време и напор.

Кои се другите Интернет и електронски закани кои вашиот весник ги искусил?

Првиот инцидент се случи во 1999. Некој го избриша целото издание на весникот преку далечински пристап и како последица не можевме да го испечатиме весникот на време. Пред околу една година, нашата веб страна беше заразена со вирус и секој кој ја посетил автоматски беше заразен. Овој вид на провокација е многу поболна за нас и нашата публика отколку DDoS нападот и ќе направиме се за во иднина да го избегнеме тоа.

Нашиот најголем проблем е шпионскиот софтвер кој го компромитира нашиот едиторијален процес. Не можам да бидам сигурен дека тоа се случува, но имавме ситуации каде субјектите на нашите истраги добиваат информации за идните написи и ни се јавуваат во врска со тоа. Друг проблем е сигурноста на размената на е-маил. Ние имаме внатрешен интернет сервис и скоро му веруваме, но кога новинарот извршува надворешна комуникација и користи е-маил платформа ( на пр. Yandex), неможеме да бидеме сигурни дека овие мејлови не се прочитани од никој друг. Препорачуваме да се користи Gmail и Skype или PGP за комуникација.

Каква е вашата прогноза за идни закани?

Технологијата се развива и ризиците се зголемуваат. Треба да бидеме подготвени за тоа. Како што се доближуваме до парламентарните и претседателските избори, бројот на инциденти, не само за нашиот весник, но и за другите мас-медиуми расте. Опозициските веб страни најверојатно ќе бидат блокирани. Не би рекол дека ќе има сајбер војна, но во време на политички ескалации, ќе се зголеми мотивацијата да се блокираат независните извори на информации.

Некои луѓе велат дека руската безбедносна организација не е доволно способна за да направи ваков вид на операции. Дали е ова вистина?

Колку што знам, има доволно луѓе со сериозни IT способности, примарно во ФБС и ФСО (аналог на Тајната служба во САД). Руската полиција сè уште е во каменото доба на ова поле, но кога зборуваме за Руската безбедносна организација треба да земеме во предвид дека има голема разлика помеѓу нивните способности и нивните дејства. Главната должност на овие служби е да заработат пари настрана, затоа нема да покренат ништо против мас медиумите затоа што не им носат пари. Примарна им е комерцијалната шпионажата на различни организации, но ако имаат јасна наредба да направат нешто, тие може да бидат многу ефективни.

Дали гледате некои други видови на закани на Интернет новинарството во Русија покрај техничките? На пример, нови легални иницијативи?

Руската влада има многу „ефикасна“ полиса. Има решено дека не треба да троши пари на скапи решенија за филтрација како начин за ограничување на онлајн медиумите. Во случајот со Русија, не станува збор за филтрација на содржината, туку повеќе за тоа кој ја создава содржината. Руските закони веќе имаат надградба за оваа цел. Стандардното сценарио вклучува обвинувања за блогер за некои „екстремистички“ коментари против одредена социјална група (вистинска приказна- полицајците се препознаваат како посебна социјална група)
За разлика од блогерите, мас медиумите имаат искуство во обвинувањата. Затоа тие контролираат што ќе објават. Во оваа ситуација, најранливата точка на секој онлајн медиум е неговиот форум, каде секаков вид на коментар може да се појави, вклучувајќи ги и „незаконските“ коментари. Оваа ранлива точка била откриена од властите и парламентот и сега се работи на нацрт-закон кој ќе ги направи онлајн медиумите одговорни за коментарите од третата страна. Дури и некои од либералните експерти за медиуми го поддржуваат овој закон, но никој не направил анализа за неговото потенцијално влијание. Ако големи весници можат да си дозволат дополнителни модератори на форумот, регионалните медиуми најверојатно нема да имаат средства за тоа. Во овој случај, порастот на популарноста на одреден изданија на онлајн медиуми ќе доведе до зголемување на ризикот од непосредно затварање и зголемување на финансиското проширување. И, ако е така, според законот, медиумите се одговорни, никој нема да бара коментар, што им дава слобода на сите видови на тролови и интернет хулигани. Јасно е дека ова е поради подготовките за избори.

Оваа недела, Рускиот врховен суд одобри одлука со која ги ослободува онлајн медиумите од секава одговорност за коментарите од трета страна. Вели дека властите може да бараат отстранување на одреден коментар , но руските медиуми нема да бидат одговорни само за фактот на неговото објавување. Ова е прогрес кој ја неутрализира заканата која ја опиша?

Тоа е многу добра одлука од страна на Врховниот суд и може да предизвика разгледување на плановите на законодавците. Сепак, тука има една чувствителна точка. Одлуката на Врховниот суд беше донесена според сегашниот закон, но ако поминат новите амандмани на законот, ќе се создадат нови ситуации. Во овој случај законот ќе биде променет и како последица ќе се изгуби моќта на одлуката на судот.

Дозволи ми да ти поставам неколку генерални прашања. Прво, според твоето мислење, каква е улогата на Интернетот во Русија? Дали може да придонесе подобрување на либералните сили?

Социјалниот портрет на корисниците на Интернет во Русија е различен од европските или американските корисници. Руската интернет заедница вклучува млади луѓе и професионалци до 40-45 годишна возраст, со приход повисок од просечниот. Во повеќето случаи, тоа е најактивниот сегмент на општеството, иако многу често овие луѓе може да замислат дека живеат во паралелна држава. Високиот степен на нивната независност значи дека тие не очекуваат никаква помош од државата, но исто така не сметаат дека и должат нешто на државата. Може да видиме дека најопозициските активности се преселуваат од улиците во интернет просторот, каде произлегуваат онлајн заедници кои делат ист светоглед и исти интерпретации на настаните. Тоа дава можност да се организираат иницијативи кои не можат да бидат под влијание на владата или опозицијата. Најмоќната акција на протест беше иницијатива од интернет публиката и политичарите мораа да го фатат „возот кој заминува“. Овие мрежни заедници немаат формални лидери. Тие се способни да водат многу активни луѓе на улиците и овие луѓе не се револуционери или маргиналци, туку вистински луѓе кои се борат за нивните права. Ако ја погледнеме појавата од граѓанско општество во Русија, тоа ќе биде базирано врз интернет комуникациите и онлајн комуникациите.

Не може да го завршам интервјуто без да поставам прашање кое не е поврзано со Интернет. Новаја Газета искуси неколку големи трагедии во текот на годините. Каква е моменталната ситуација со истрагата за убиствата на новинарите на весникот?

Дозволете ми да им се обратам на истражителите еден по еден. На 16 Јули, ќе биде 10 годишнината од убиството на Игор Домников. Убијците се во затвор и добија доживотна казна. Но, ние сè уште се бориме да почнеме истрага за тие кој го нарачале убиството и тие кои посредувале помеѓу убијците и оние кој го нарачале. Вториот случај- Јуриј Шчекочикхин. Случајот беше затворен и покрај сериозната истрага. Според нашето мислење, беше затворен поради формално оправдување и имаме причини да бараме повторно отворање на овој случај и ќе го постигнеме тоа летово. Случајот на Ана Политковскаја, колку што разбрав, истражителите ќе го испратат случајот до судот. Ние тоа не можеме да го поддржиме, затоа што според нашето мислење, многу од околностите, вклучувајќи ги и главните фигури во овој случај, сè уште не се изложени.

Случајот на Станислав Маркелов и Анастасија Бабурова. Мислам дека кон крајот на есента во 2010 случајот ќе биде испратен до судот и дека тука вистинските се обвинети. Сè уште не знаеме дали има уште некој кој е одговорен аз ова убиство заедно со останатите двајца кои се уапсени и дали некој го нарачал убиството. Претпоставувам дека овој случај ќе има независен процес. Случајот на Наталија Естемирова изгледа дека е решен. Но, јас сметам дека ќе биде многу тешко да се донесе случајот пред суд затоа што убијците се недостижни за рускиот правен систем поради политички причини.

Каква е твојата проценка за безбедноста на новинарството во Русија?

Безбедноста на новинарите значително се влоши. За нас тоа е најголем проблем сега. Фактот дека убиствата и нападите врз новинарите остануваат неказнети создава мислење кај некои луѓе дека можат да убиваат и тепаат новинари без да превземаат одговорност. Затоа, сега мора да ги подготвиме нашите новинари за секое патување кое е поврзано со истражување на властите исто како да одат во воена зона.

Дали добивате закани преку интернет?

Дефинитивно, Интернетот сега се користи како медиум за заканување. Ги добиваме преку коментари и преку е-маил. На пример, после убиството на Маркелов и Бабурова добивме е-маил кој превземаше одговорност за убиството. Исто така им препорачуваме на нашите новинари, посебно на оние кои се занимаваат со истражувања, да ја намалат нивната активност во социјалните мрежи и на нивните платформи и да ги направат нивните профили што е можно поприватни. Им објаснуваме дека не се работи само за нивната безбедност туку и за безбедноста на нивните семејства, пријатели и луѓе кои ги сакаат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.