- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Огледало“ веб страниците им помагаат на турските корисници повторно да се поврзат со Википедија

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Турција, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Технологија, Цензура, Адвокс
[1]

Англиската верзија на Википедија од 18 јануари 2012 го илустрира интернационалното „гаснење“ како знак на спротиставување на SOPA и PIPA законите за авторски права во САД. Создадено од Википедија (CC BY-SA 3.0)

Помина нешто повеќе од еден месец откако Турција ја блокира популарната енциклопедија Википедија. Со секој изминат ден, улогата на оваа платформа во помагањето на корисниците да најдат и споделат веродостојни информации на Интернет станува сè појасна.

Студенти, новинари и фанатици по ТВ серии, сите се под влијание на блокадата. Додека технолошки поподготвените Интернет корисници од Турција се навикнати да користат алатки за заобиколување на забраната за пристап до блокирани содржини – неодамнешен напис на „Њујорк Тајмс“ [2] објави дека Турција ја има третата по големина распространетост на виртуелни приватни мрежи (VPN) во светот — многу редовни корисници на Википедија не спаѓаат во оваа категорија.

Иако Турција блокираше написи на Википедија уште во 2008 година, неодамнешен извештај [3] на „Беркман Клејн“ Центарот за интернет и општество при Универзитетот Харвард истакнува дека овие блокади се во линија со редовното цензурирање на Интернетот уште од 2007 година, кога законот за Интернет (Бр. 5651) беше усвоен. Со целосното цензурирање на Википедија, Турција стана втората земја во светот, после Кина, што ја блокирала Википедија.

Додека платформата останува блокирана, „никнуваат“ повеќе „огледало“ веб страници – страници дизајнирани да прават копии од содржината на Википедија, која постојано се ажурира. Едно такво решение дојде од IPFS [4] (Интерпланетарен систем на датотеки) кога платформата ја постави целата [5] турска верзија Википедија на нивната децентрализирана хостинг мрежа која работи на принципот „peer-to-peer“, која не се потпира на системот со имиња на домени, и според тоа е многу тешко целосно да се цензурира. Поради тоа, содржините се достапни без разлика на владината забрана.

Во напис на блог [6], IPFS ги опишаа нивните напори:

Upon hearing the news [of Wikipedia being blocked], we revived an effort to put snapshots of Wikipedia on IPFS, so that people may be able to read it in a decentralized and distributed way. This can help people to at least view all of the Wikipedia content, even if they cannot reach Wikipedia.org itself.

Штом ги слушнавме новостите [за блокирањето на Википедија], возобновивме напор да поставиме скриншоти од Википедија на ИПФС, со што луѓето ќе можат да ги прочитаат на децентрализиран и дистрибуиран начин. Ова може да помогне да луѓете барем ја видат целата содржина на Википедија, дури и ако не се можност да пристапат на самата страница Wikipedia.org.

IPFS исто така посочија дека тие го сториле тоа независно од Фондацијата Викимедиа, и дека тоа што тие го објавиле се скриншоти, не ажурирани или динамични верзии на страницата.

Сепак, и Викимедиа се приклучи кон други напори за заобиколување на забраната. Кристијан Консони од Викимедиа Италија ги создаде и tr.vikiansiklopedi.org, „огледало“ страница на Википедија, и WikiMirror (ВикиОгледало), проект со отворен код кој секој може да го користи да хостира слични „огледало“ страници доколку нивната земја некогаш ја забрани Википедија.

Во интервју за придонесувачот на Глобал Војсис и катализаторот за азиската заедница на Мозила, Субхашиш Паниграхи, Консони зборуваше за „огледување“ на Википедија на подкастот на Паниграхи „Отворени Разговори“ [7]. Подолу е краток извадок од интервјуто:

It's not a complete copy a proxy a mirror. – you access a different URL which is not the usual url and what you see is taken from Wikipedia. Essentially the server redirects your request to the real wikipedia so you can see it even if you are in Turkey where Wikipedia is blocked, because that work is done by a server which is not in Turkey. Mirroring is one of the easiest ways to make Wikipedia content available.

Не станува збор за целосно копирање на проксито или „огледалото“. – вие пристапувате на различна веб адреса која не е вообичаената веб адреса и тоа што го гледате е преземено од Википедија. Во суштина, серверот го пренасочува вашето барање кон вистинската википедија така што можете да ја видите дури и ако сте во Турција каде Википедија е блокирана, бидејќи таа работа ја врши сервер кој не се наоѓа во Турција. „Огледувањето“ е еден од најлесните начини да се направи достапна содржината на Википедија.