Од Казахстан, приказна за глад и бегство

Казаци пеш бегаат од гладта во раните 1930-ти кога Казахстан беше зафатен од човечката катастрофа која одзеде милиони животи во Советскиот Сојуз. (Фотографија: Централната државна архива за филм, фотографија и аудио документи на Казахстан)

Следи објава од партнерите од EurasiaNet.org напишанa од Јоана ЛилисПовторно објавена со дозвола.

Кога Нурзија Казхибајева имала шест години, во Казахстан се проширила општа глад.

„Еден ден мајка ми ми кажа: „Одиме во Кина. Можеш да пешачиш, нели? Ти си добро девојче. До таму ќе одиме пеш.“ Ја прашав: „Дали е далеку?““ се сеќава Казхибајева.

Тоа беа раните 1930-ти и Казахстан беше зафатен од човечката катастрофа која одзеде милиони животи во Советскиот Сојуз.

За да ја избегне истата судбина, во март 1933 г., семејството на Казхибајева составено од номади се тетеравело од нивниот дом во источен Казахстан до границата со Кина, се сеќава 91 годишната Казхибајева со јасен и звучен тон и покрај нејзините одминати години.

Глетката од мртви тела кои се трупале на патот била пресудна за одлуката на нејзиниот татко. „Еден ден тој се врати дома и праша: „Ќе преживееме или не?“ Бидејќи имаше премногу мртви тела на патот… Татко ми виде многу од нив. Тоа го знам за гладта“, кажа Казхибајева за EurasiaNet.org во интервјуто од март додека седеше во станот на својата ќерка Назира Нуртазина, историчар кој ги објави мемоарите на својата мајка.

Таткото на Казхибајева веќе имал едно тешко патешествие до Хинџијанг во северозападна Кина. Во 1916 г. тој побегнал во Кина за да го избегне декретот од руската империја за собирање муслимани како заден одред во Првата светска војна која предизвика голем бунт во централна Азија и се вратил веднаш по руската револуција.

По речиси две децении тој повторно тргнува со своето семејство. Еден водач се согласил да им покаже маршута за да ги избегнат граничните патроли на Советскиот Сојуз кои можат да ги застрелаат на лице место. Како надомест, семејството ќе го храни водачот и неговиот син со житното растение булгур подготвено за нивниот пат и ќе го носи момчето кое било болно.

„Тргнавме ноќе и јас бев меѓу нив,” вели Казхибајева. „Јас бев најмлада од сите — Имав шест години. Моите чичковци, младите браќа на татко ми, ме водеа за рака. Пешачевме навечер, а спиевме преку ден.”

Им требале 15 денови пешачење низ планините до градот Таченг каде семејството заменило накит за храна. Подоцна, тие размениле некои работи кои ги поседувале за добиток и му се приклучиле на казашкото номадско „auyl“ (село) во покраината.

Таму, ја преживеале „Asharshylyk“, како што Казасите ја нарекуваат гладта, која во Казахстан се одбележува на 31 мај – ден кога се сеќаваме на жртвите од сталинската репресија.

Гладта била последица од политиките за колективизација воведени во доцните 1920-ти од страна на Јосиф Сталин. Во случајот со Казахстан ова значело затварање на номадските сточари и нивната стока во колективни фарми каде што се ќе се управува колективно за доброто на луѓето. Забрзаното темпо на овој обид, кој вклучувал масовна реквизиција на жито и стока, довело до широко распространето гладување во Русија, Белорусија, Украина и Казахстан.

„Главна причина [за гладта во Казахстан] беше ликвидацијата на традиционалното одгледување животни на Казаците,” вели Талас Омарбеков, професор по историја на националниот универзитет „Al-Farabi Kazakh“ во Алмати. „На почетокот на 1930-тите, Казаците имаа добиток од скоро 40 милиони грла. По три години, останаа 4,5 милиони.”

Порано, казашките номади патувале во мали групи кои се хранеле меѓусебно, но големата побрувачка на нивниот добиток за да се нахранат другите делови од Советскиот Сојуз ги довела до изгладнување.

„Побарувачката на месо практично беше застрашувачка и катастрофална за Казаците,“ вели Омарбеков, кој ја испитува гладта веќе четвртина век. „Добитокот, неговото месо, млекo, „kymyz“ (млеко од крава) секогаш го спасувале Казакот кој е номад и сточар – затоа тој автоматски умирал.“

„Нивното единствено богатство им беше добитокот – нивно единствено богатство“ вели Смагул Јелубај, писател чие семејство ја преживеало гладта со тоа што го напуштило го западен Казахстан и завршило да живее во Туркменистан во едно село на границата со Авганистан. „Кога им го одзедоа нивниот добиток, тие изумреа.“

Општо земено, околу еден милион Казаци избегале за да преживеат. Од нив, можеби подоцна се вратиле 400.000.

Јелубај беше првиот писател кој ја запиша казахстанската глад во форма на расказ во неговиот роман „Осамената соба“.

Книгата ги оживува ужасите од 1930-тите. Романот бил тајно напишан во 1980-тите кога било табу тема да се дискутира за гладта во Советскиот Сојуз, а била објавена по независноста. „Ја напишав од срце,“ вели Јелубај, кој скоро наполни 70 години. „Не можев, а да не ја напишам. Премногу ми ја гореше душата.“

До ден денешен никој не знае колку луѓе починале поради гладта во Казахстан. Минималните проценки се дека стапката на загинати изнесува 1 милион. Истражувањето на Омарбеков предлага дека до 2,3 милиони луѓе загинале од глад и болест – тоа е повеќе од една третина од населението на Казахстан од 6,2 милиони пред гладта.

За Казаците тоа претставувало демографска катастрофа која одекнува до денес.

„Доколку гладта не се случеше во тоа време, големината на казашката популација денес би достигнала неколку десетици милиони“ вели Борис Џапаров, директор на Архивата на претседателот, во интервју во неговата канцеларија во Алмати.

Во напрашените архиви, еден истражувач поминува дел од своето време обидувајќи се да ги документира имињата на жртвите од гладта за еден проект кој започна минатата година, користејќи главно архивски докази, но и поднесоци од народот. „Многу е тешко“, вели Ајнаш Сејсенбајева покажувајќи ја базата на податоци на Asharsylyq.kz на нејзиниот екран кадешто се собираат информациите. „Гледаш име (во документ), но мора да го прочиташ и да се обидеш и да пронајдеш што е тоа име…и да пронајдеш дали личноста починала од глад или не.“

Тоа е масивна задача. За само малку повеќе од една година, Asharsylyq.kz успеа да потврди само 415 имиња.

Во Украина, гладта, која таму е позната како „Holodomor“, е официјално именувана како геноцид. Многу тамошни историчари дебатираат при читањето на историјата која е жестоко оспорувана од многу нивни руски колеги, дека гладта била осмислена да ги уништи Украинците како народ.

Актуелниот традиционален став во Казахстан, кој многу го цени својот сојуз со Русија, е значително различен. Претседателот Нурсултан Назарбајев тоа го опишува како колективна трагедија за која е одговорен тоталитарниот систем иако некои луѓе би сакале да видат историска проценка.

Казхибајева смета дека имала среќа што нејзиното семејство успеало да ја преживее гладта и се вратило во Казахстан по шест месеци.

„Стигнавме до границата — се сеќавам — и тројца или четворица јавачи дојдоа галопирајќи. Имаа црвени траки околу раката,” вели таа. Кога нејзиниот татко објаснил дека се враќаат дома, „овие Руси го потапкаа татко ми по рамото и извикаа: „Браво! Добар човеку!… И така се вративме во нашата земја живи и здрави.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.