- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестина: Таа цели, таа погодува

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Палестина, Војни и конфликти, Дигитален активизам, Етничка припадност и раса, Идеи, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Протест, Фотографија, Хуманитарен одговор

Муна Наваја оствари победа за социјалната правда.

Користејќи камера, која и е дадена од проектот на Б’Тселем, Шутинг Бек [1], Палестинката Наваја го сними тајното тепање на членовите од нејзината фамилија, по што следуваше истрага и апсење на осомничените од страна на израелската полиција.

Во постот наречен „Камерите како оружје“, Уриел Хелман пишува во ЈТА Телеграф блогот [2]:

„Замислете овој проект да се прошири низ Средниот Исток. Како што Израел превзема акција против разбојништвото и криминалните активности, властите од Ријад до Каиро ќе преземат акција против разбојниците во нивното општество кои ги таргетираат невините Арапи.

Има само еден проблем: Никој не е заинтересиран за тоа како луѓето во овие места се тепани, убивани и осакатени – и во некои случаи прогонувањето е извршено од нивните влади. Б’Тселем, или барем Обединетите Нации, би можеле да ги заштитат овие невини луѓе.“