- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Демократска Република Конго: Санитарна криза во Гома поради недостаток на вода за пиење

Категории: Супсахарска Африка, Демократска Република Конго, Граѓански медиуми, Животна средина, Здравје, Развој

Паси Мубалама известува [1] дека градот Гома во Северен Киву, ДРК (Демократска Република Конго) се соочува со неколку предизвици поради недостигот од вода за пиење. Таа објаснува дека снабдувањето со вода претставува проблем откако ерупцијата на вулканот Нирагонго во 2002 ја уништи водоводната мрежа која го снабдуваше градот Гома со вода за пиење.