- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Неда станува симбол на демонстрантите

Категории: Кариби, Среден Исток и Западна Африка, Гваделуп, Иран, Сент Лусија, Владеење, Дигитален активизам, Жени и род, Избори, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Иранското движење на протест сега има симбол и лице: Неда [1].

Неда беше Иранка којашто беше застрелана од Басиџ полицијата во саботата за време на протест во којшто учествуваа илјадници против резултатите од претседателските избори одржани во Иран [2] и коишто го прогласија Махмуд Ахмадинеџад [3] за претседател. Нејзината смрт беше снимена [4]на видео од страна на набљудувачи и ставена на интернет. Умре со очите широко отворени, а последните моменти од нејзиниот живот ги надминуваат границите на граѓанските медиуми и стигнуваат до светските и така до очите на милиони луѓе.

Веб страница со име „We are all Neda [5]“ (Сите ние сме Неда) е посветена на Неда. Порака на домашната страница вели „Ние не фрлавме камења по нив, извикуваме „бараме слобода“. Тие не застрелаа.” На страницата и Иранци и оние кои не се Иранци оставаат коментари [6] во спомен на Неда. Досега има приближно 3,500 коментари и бројката брзо расте.

Махиар вели: „Посакувам моите очи да можат да научат од твоите да бидат храбро отворени!!!“

Реза вели: „Од твоите очи научив „да не ги затворам очите пред неправдата“.

Мојтаба вели: „Неда никогаш нема да умре. Секој од нас би можел еден ден да биде Неда.“

Вида вели: „Твојата светлина го осветлува патот кон слободата. Ти благодарам.“

Ирански блогер Андишех пишува [7] дека иранската национална телевизија се обидува да ги обвини „антиреволуционерите“ за убиството на Неда. Блогерот додава дека ако некој имал некакви сомнежи дека иранската телевизија лаже, овие сомнежи сега може да се разрешат.

Следува видео филм за Неда и за иранското движење на протест (Предупредување: некои слики се премногу сликовити):

За многу кратко време, смртта на Неда стана меѓународна вест и луѓето реагираат на различни начини за да го искажат своето сочувство.

Еве песна за Неда од американски пејач по име Џони Маудлин (Johnny99) [8] поставена на YouTube (персискиот превод е додаден од друг корисник):

…и друга од патувачки американски музичар, Рутхаб [9]:

Блогерот Асад Али Мохамади, пишува [10] [фарси] дека неговите соседи во Копенхаген, Данска, го прашуваат за Неда и дека штом ќе го вклучиш телевизорот или интернетот гледаш вести за Иран и Неда. „Сите зборуваат за мојот Иран, за нашиот Иран. Сите зборуваат за мојата Неда, за нашата Неда.“ – рече тој.

Сесилија Моралес на Twitter напиша [11]: „Не сме родени да бидеме робови. Луѓе сме. Господ да те чува Неда. Господ да ги чува луѓето од Иран коишто сакаат да живеат во слобода.“

Атефех Валтерс на Twitter напиша [12]: „Секогаш ќе се борам за мојата земја! Никогаш нема да ја заборавам Неда!!!“

Заневешт, блогер и новинар, на нејзиниот блог се повикува [13] на смртта на Неда и вели дека храбри жени и девојки од Иран биле присутни во ова движење на протест.

Во многу градови ширум светот беа организирани бдеења во чест на Неда.

Од Њујорк:

До Дубаи: