Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Стефани, автентична поп ѕвезда се раѓа на Интернет

Photo from her Official Blog

Автобусот на Стефани за на турнеја од нејзиниот официјален блог

Стефани е попозната како „Бијонсе од Пјауи“. Нејзиното прво видео “Eu sou Stefhany” (Јас сум Стефани), ставено на Youtube од нејзин пријател и обожавател, досега достигна речиси 2 милиони гледања. Нејзиното прво видео е верзија на песната “A thousand miles” (Илјада милји), од Венеса Карлтон, и во него е вклучена верзија на кореографијата за песната на Бијонсе “Single Ladies” (Сите немажени девојки). Таа најчесто се инспирира од женски поп ѕвезди и прави препеви на нивните песни со средствата што може да си ги дозволи една новородена интернет ѕвезда. Според некои тоа што го работи е кич [португалски], а некои го тврдат спротивното [португалски]. Иако нејзините видеа се сметаа за „вирални“, повеќе не се оспорува фактот дека таа е дел од бразилската музичка сцена. Блогерот Фабино Виера од Doce de Pimenta (Луто благо, португалски) зборува за големиот придонес на интернетот за нејзиниот успех:

Não que eu a ache a mais bela de todas, ou a melhor cantora, ou por ela ser absoluta. Mas pelo fato dela ser, simplesmente, ela. Não sou fã desses estilos (…), mas defendo que são expressões que merecem respeito, principalmente porque fogem dos conceitos impostos por uma mídia elitista, dando voz a um povo, que é a maioria, e verdadeiro consumidor da própria cultura, provando que, mesmo quando há uma mídia (e jabás) impondo o que se deve consumir, as pessoas sabem o que querem, e procuram.

Considero a internet uma grande colaboradora disso. (…) A explosão da nova cantora veio por uma razão a mim estranha: ela foge dos padrões. Assim como Joelma do Calypso já fugia, mas não com tanta inocência e convicção (nem vídeos tão toscos). Foi justamente essa tosqueira que rodeia Stefhany que fez dela um fenômeno. E como todo fenômeno, a mídia quer explorá-lo até onde puder (…) às custas de seu sotaque “exótico”, nordestino e de seus figurinos criados pela própria mãe.

Не дека мислам дека е најубавата од сите, ни најдобрата пејачка, ни поради тоа што е „апсолутна“, туку поради тоа што таа едноставно е своја. Не сум голем фан на овој стил на музика (…), но сметам дека заслужува почит, воглавно поради тоа што не ги следи концептите на популарните медиуми, но сепак е насочена кон луѓето, кои и се главни консуматори на сопствената култура, што докажува дека, иако медиумите наметнуваат што треба да се слуша, луѓето знаат што сакаат и што бараат.

Сметам дека интернетот многу придонесува за ова. (…) Не ми е позната причината за нејзината слава: ги избегнува шаблоните како што тоа порано го правеше Јолема од Калипсо, но не со толку невиност и посветеност (или кич видеа). Токму поради недостатокот на шаблони, Стефани стана феномен. И како и секој феномен медиумите сакаат да го експлоатираат колку што можат и покрај нејзиниот егзотичен и североисточен акцент и нејзината облека креирана од нејзината мајка.

Погледнете го “Eu sou Stefhany” („Јас сум Стефани“) на Youtube:

Од Пјауи до слава

Фактот дека Стефани [португалски] е од Пјауи прави голема разлика за бранот на слава што го предизвикува и исто така и за начинот на кој ја доживуваат медиумите и публиката. Пјауи, во североисточниот дел на Бразил, се граничи со Баија, Пернамбуко, Сеара и Марањао и се вклопува во стереотипот [португалски] на најголем дел од градовите од овој регион: сиромашна држава [португалски] со многу топла клима, прекрасни плажи, висока стапка на невработеност и рурален егзодус, луѓе со интересни акценти и егзотичен вкус за музика.

Што се однесува до музиката, североисточниот регион е еден од најкреативните делови на Бразил. Музичката атмосфера во Пјауи, има директно влијание врз стилот на Стефани. Форо, еден од најпопуларните музички жанрови од североистокот, може лесно да се препознае во музичкиот стил на Стефани во мелодијата и хармонијата, како и во употребата на инструменти и музички ефекти. Покрај тоа, Калиопсо (афро-карибска музика, но исто така и име на добро познат бенд од северот на Бразил, португалски), исто така има влијание врз музиката на Стефани.

Никој не останува рамнодушен на оваа уметничка егзотика. Зека Камарго зборува за облакот од контроверзност околу тоа што го напиша за Стефани на неговиот блог:

Quando eu escrevi sobre Stephany, em abril do ano passado, a desconfiança de boa parte das pessoas que leram era tão grande, que não faltaram comentários insinuando que eu estava usando o vídeo da cantora para disfarçadamente humilhá-la, criticá-la, e diminuir seu trabalho – quando minhas intenções, dentro da minha fé no universo pop, tinham o objetivo exatamente oposto: elogiar sua iniciativa (teve gente que chegou até a insinuar que eu estava usando a Stefhany como desculpa para falar mal de toda a cultura do Piauí).

Кога пишував за Стефани, минатиот април, многумина се посомневаа во тоа што го напишав. Многу коментари инсинуираа дека го користам нејзиното видео за да ја понижам и критикувам на затскриен начин, да ја омаловажам нејзината работа – кога всушност мојата намера, во рамките на моето верување во универзумот на поп музика, беше сосем спротивна: да ја пофалам нејзината инцијатива (некои луѓе инсинуираа дека ја користам Стефани за да зборувам лошо за културата на Пјауи.)

Стефани го привлече и вниманието на големите корпорации кои ја користеа за промоција на нивните производи, пред се марки на автомобили, кои таа ги вклучуваше во нејзините текстови, што предизвика силен бран од мислења помеѓу нетизените, што е целосно регистрирано на веб-сајтот Stefhany Trocou de Carro (Стефани го смени својот автомобил – погледни го видеото).
За да покаже дека не се грижи за лошите критики (или да ги искористи за добар маркетинг), таа ја напиша својата последна песна “Falem mal, mas falem de mim” („Зборувајте лошо, но зборувајте за мене“).

Погледнете го видеото со англиски превод:

Патеката до успехот на Стефани

Како автентична интернет поп ѕвезда, Стефани неодамна го постави својот нов албум за бесплатно симнување, следејќи ја нејзината типична маркетиншка стратегија која се заснова на поставување на видео на Youtube, кое е креирано дома. Оваа техника и овозможува да ги одржува во тек нејзините фанови за нови песни. Таа ја признава значајноста на Youtube во нејзината кариера, како што напиша на нејзиниот Твитер профил на 18 мај:

@StefhanyCross hoje o youtube está completando 5 anos, e eu estou parabenizando ele por existir e por me tornar conhecida pelo mundo todo.

Денес Youtube полни 5 години и му честитам што постои и за тоа што ме направи позната во целиот свет.

Каналот на Стефани на Youtube

Искрената природа на Стефани, силниот карактер и големата самодоверба и донесоа неочекувано внимание од публиката. Од нејзиното прво видео “Eu sou Stefhany” (Јас сум Стефани), во кое вели дека е „апсолутна“, што значи прекрасна и самоуверена жена, многу жени го присвоија нејзиното мото. Во североисточниот дел од земјата, нејзините концерти најчесто имаат побројна публика од целата популација на нејзиниот роден град, Инхума.

Во нејзините текстови и екстравагантни видеа сака да се претстави себеси како независна, секси жена на која не и треба никој за да биде среќна. Твитосферата и покажува голема почит:

@McestrelinhaFly melhor do q funk só musica da Stefhany [ to falando seerioo, intaum canta musica da DEWA ABSOLUUTA *-*

Само Стефани е подобра од фанк. Сериозен сум. Затоа пејте ги песните на АПСОЛУТНАТА ДИВА

@eDDuLeroy Posso falar? Não que eu escute o estilo de música daStefhany, mas dentro do que ela se propõe a fazer, faz MUITO BEM.

Може ли да го кажам ова? Не дека го слушам стилот на музика на Стефани, но тоа што намерува да го направи, го прави МНОГУ ДОБРО.

@ArthurLobato50 STEFHANY É MUITO DIVA, O QUE VOCÊS ACHAM DELA

СТЕФАНИ Е ГОЛЕМА ДИВА, ШТО МИСЛИТЕ ЗА НЕА?

Прегледувајќи ги позитивните и негативните коментари онлајн, очигледно е дека Стефани дефинитивно знае да предизвика интензивни реакции, на љубов или на омраза. Како и да е никој не може да се посомнева во нејзиниот автентичен карактер и уметнички стил и дека интернетот го овозможи создавањето на многу важна бразилска поп ѕвезда. А, фактот дека е од женски пол и од североистокот само се надодава на ова. Интересно мислење од блогот Na Cidade dos Outros (Во градот на другите, португалски) го синтетизира феноменот на Стефани:

Não resisti em fazer um post sobre a riqueza que um vídeo como esse representa. ele pode ser usado como símbolo da cultura digital por escancarar questões frequentemente discutidas por empresários da indústria cultural, como plágio relativo à remix de melodia, e aqui também à dancinha famosa de beyonce. (…) O novo sucesso de Stefhany não deve ser tão ridicularizado como fazem em comentários no youtube com a intenção de mostrar-se distante desse universo popular, mas sim visto como um exemplo nítido do uso em comum à internet, feito por todas classes.

Не можев да одолеам да не напишам за богатството што го претставува ова видео. Видеото може да се искористи како симбол за дигиталната култура за обработување на прашања често дискутирани помеѓу вработените во културната индустрија, како плагијат кој се однесува на ремикс на мелодија и во овој случај и познатата кореографија на Бијонсе (…) Новиот успех на Стефани не треба да се исмева како што прават коментарите на Youtube само за да се оддалечат од популарниот универзум, но да се гледа на ова како убав пример за заедничката употреба на интернетот, од луѓето од сите социјални класи.
Натписот на англиски е лекториран од Марта Купер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.