Казахстан: „Лидер на нацијата” – мисијата исполнета

Како што беше соопштено, на 13 мај, парламентот на Казахстан усвои сет од измени наречени „Закон за лидерот на нацијата”, со цел да биде титула за актуелниот претседател.

Нурсултан Назарбаев, 69, ја води државата повеќе од 20 години, уште од кога Казахстан беше дел од Советскиот сојуз. Измените и дополнувањата вклучуваат заштита од секаков вид на криминална и административна одговорност за претседателот и членовите на неговото семејство, со наметнување на прилично тешка одговорност (високи парични казни, термини за корекција на објекти, па дури и затвор) за „нарушување на биографијата на претседателот” и „оштетување на сликите на претседателот”. Законот се однесува само за Назарбаев, првиот лидер на Казахстан од осамостојувањето во 1991.

Како и да е, претседателот не го потпиша законот со сила. Тој во неговото излагање пред граѓаните, парламентот и пред неговата партија (која ги има сите места во парламентот) рече дека „статусот за Лидер на нацијата не може да биде стекнат со закон или со декрет”. Тој им се заблагодари на пратениците, но им појасни дека го одбива овој статус: „Барам од вас да ме разберете”, рече тој.

Блогерите беа брзи во прославувањето, сепак забележувајќи го исценираниот карактер на целата ситуација:

„Марасмус па и не е толку лош. […] Како и да е, логиката е прилично јасна: сега многу луѓе го почитуваат. Дури и од страна на опозицијата ќе има утре пофалби, додека пак поборниците би ја канонизирале неговата неограничена мудрост”, напиша pulemetchizza [руски]. Il-pirato додаде во коментарите [руски]: „Лесно е да се биде Супермен доколку си опкружен со морони. Не е важно што направиле или што ќе направи Назарбаев. Тој ги отфрли најголемите срања и затоа тој ќе се смета за херој”.

Count-asylum рече [руски]:

Има една античка формула за тоа како да ги направиш луѓето среќни: прво треба да ги направиш несреќни, а потоа се да вратиш во нормала. Земајќи во предвид дека претседателот во нашите очи прерасна во нешто величествено, јас гласав за да го прогласат за Лидер на целиот човечки род.

Патем, ќе биде забавно доколку претседателот свика специјална седница и надминување на претседателското вето.

Блогерот не ни можеше да замисли колку блиску беше до вистината. Работата е што Назарбаев јавно го отфрли законот, но… не го забрани! Лидерот на опозицијата Зармакхан Таукбаи, поранешен генерален обвинител, предупреди [руски] после говорот на претседателот дека правната дупка му овозможува на законот да стапи на сила без потписот на Назарбаев.

На 15 јуни стана официјален. Законот стапи во сила, потпишан од страна на парламентот од две комори (а сепак една партија) и премиерот. Овие функционери обезбедуваат правна коректно на законот и имаат одговорност за негова легалност. Адам Кешер рече [руски]:

Какво смешно шоу […]Прво, тој без амбициозно вели дека не го сака. Но одлично знае – од неговото 20 годишно искуство – што следно треба да направи со цел да ги избегне работите кои тој јавно и политички ги отфрли. Но, не направи […] Има две можни причини за тоа.

Една е дека заборавил. Потоа доаѓа прашањето – дали човекот што го изгубил паметењето (што е прилично нормално за неговите години) може да биде лидер на нацијата? Ова е реторско прашање, затоа што сега, на нас, не ни е дозволено да дискутираме за личниот живот на лидерот.

Втората опција е дека тој едноставно се предомислил. И во овој случај не се потребни коментари. […] Со закон се крши уставното начело за еднаквост на сите граѓани пред законот.

M-kaa извикува во очај [руски]:

Зошто понекогаш сум длабоко засрамен од земјата во која што живеам, земјата која ја сакам? Знаете ли за што сонувам? Сакам мојата земја да признае дека е монархија. Не парламентарна или што и да е друго – едноставно само монархија. Официјално. Без лицемерни игри со демократијата, повеќепартиски систем или слободен говор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.