Перу: Следење на Светското првенство во Јужна Африка оддалеку

Поминаа години откако Перу последен пат го виде својот тим да настапува на Светското Првенство на ФИФА; да бидеме прецизни 28 години. Ова значи 7 Светски првенства и и покрај тоа, фудбалот и понатаму е крал на сите спортови во Перу.

Децата во Перу играат уличен фудбал во Барио де Белин. Фотографија од Flickr корисник Jorge.Delprado и искористена под Криејтив комонс лиценца.

Да слушнеме што имаат да кажат некои перуански навивачи за гледањето на натпреварите од Светското првенство од далеку.

Блогот Fútbol desde Ayacucho објави наслов Y que viva el Mundial Sudáfrica 2010! (Да живее Светското првенство во Јужна Африка 2010).

Faltan horas para dar inicio a lo que es el evento deportivo futbolístico más grande del mundo; la Copa del Mundo Sudáfrica 2010, será el evento en el que todo el mundo estará inmiscuido, y pese a que el Perú no vive esta fiesta asistiendo a dicha cita, igual para los que gustamos del buen futbol nos queda seguir apreciando este evento por TV con todo lo que se vivirá en este lejano país, y alentando como debe ser a los países que representaran y sacaran cara por el futbol sudamericano.

Само часови не делат од почетокот на најголемиот спортски настан: Светското првенство во Јужна Африка 2010. Ова ќе биде настан во кој целиот свет ќе биде вклучен и иако Перу нема да учествува, тие што сакаат добар фудбал можат сè уште да го следат овој настан на ТВ со целосно доживување од оваа далечна земја и навивајќи за оние репрезентации кои го претставуваат Јужно Американскиот фудбал.

Од јужниот град Ило, Мокуега, ППГОЛ посветува момент на домаќинките.

Hoy arranca el dolor de cabeza para las amas de casa; si tienen la suerte de contar con otra tv en casa bacán, verán tranquilas sus tele cebolleras de lo contrario serán desplazadas; por los seguidores del deporte más popular del planeta e invasiones; que durante un mes miraremos fútbol y solo fútbol; deporte que genera cualquier cantidad de billete a la FIFA.

Денес започнува главоболката на домаќинките; ако имаат среќа да имаат друг телевизор дома, тоа е многу добро. Ќе можат мирно да си ги гледаат нивните сапуници. Инаку, ќе бидат „иселени“ од следбениците на најпопуларниот спорт на планетата, кои цел месец нема да прават ништо друго освен да гледаат фудбал; спорт кој носи многу пари за ФИФА.

Омар Веларде, од блогот Tиемпо екстра, ги анализира песните на Светското првенство, играчите кои го носат бројот 10, најскапите тимови и таканаречените фаворити; тој го завршува својот прилог пишувајќи за повредените африкански играчи.

Sin embargo, las selecciones que más han sufrido las lesiones han sido las africanas. Ghana ha tenido que ver cómo su mejor jugador, Michael Essien, tuvo que dar un paso al costado al igual que el recientemente lesionado Didier Drogba, cuyo cúbito se rompió hoy jugando ante Japón.

Сепак, националните тимови со најмногу повреди се африканските. Најдобриот фудбалер на Гана мораше да се откаже, како и Дидиер Дрогба, кој заработи фрактура на раката во натпревар против Јапонија.

Блогот Фулбито е филвасо го истакнува прашањето за безбедноста, велејќи:

Pero el gran temor en este Mundial es la seguridad y este jueves se conocieron tres incidentes que han hecho encenderse la luz de alarma.

Cuatro periodistas chinos fueron víctimas de un robo, el martes en Johannesburgo, llevado a cabo por hombres con armas de fuego que atacaron su coche, sustrayéndoles dinero y una cámara de fotos, informó este jueves la prensa del país asiático.

Además, tres personas, entre ellos una agente municipal, resultaron heridos este jueves por un tumulto de gente que quería entrar en la plaza del ayuntamiento, donde la ciudad inauguraba un ‘fan park’ para el Mundial.

Но, најголемиот страв за оваа Светско првенство е безбедноста, во четвртокот беа пријавени три инциденти кои предизвикаа аларм.

Како што беше пренесено од печатот во Кина, четворица кинески новинари беа ограбени во вторник во Јоханесбург, од луѓе со огнено оружје кои го нападнале нивниот автомобил и им одзеле камера и пари.

Дополнително, во четвртокот беа повредени тројца, помеѓу кои и градски службеник, од толпа која сакала да влезе во градското собрание, каде се одржувало отворање на „фан парк“ за Светското првенство.

Овој месец ќе биде исполнет со фудбал и со ништо друго. А фудбалските фанови со сигурност ќе бидат воодушевени.

Од Перу велиме: Нека победи најдобриот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.