- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Најголемиот фудбалски момент на Катар…“

Категории: Популарен напис, Среден Исток и Западна Африка, Ирак, Катар, Меѓународни односи, Најважни вести, Спорт

Фудбалските фанови во Катар беа одушевени поради победата на националниот тим на Катар со 1-0 во мечот со Ирак на квалификациите за Светското првенство. Грикер го опишува како „Најголемиот фудбалски момент на Катар [1]“ и пишува:

75та минута, Саид Бачир оди кон голот.

Момент замрзнат во времето.

Катар го живее својот најголем момент во интернационалниот фудбал.

Оваа клучна победа доаѓа во време кога Фудбалската асоцијација на Катар беше ослободена [2] од обвинувањата дека вклучила во игра несоодветни играчи во претходните натпревари со Ирак и Кина.

Блогерите од Катар пишуваа и за поразот на Ирак, кој беше исфрлен од турнирот. Дајмонд пишува [3]:

Баш ми е жал, Ирак. Ја поздравувам твојата храброст и детерминација. Доколку го победеше Катар ќе навивав за вас до крај.

… Јас многу сакам таа земја [Ирак] да успее … во секој аспект. Моето срце е и со Ирак.

Хуами коментираше [4]:

Јас сум толку горд. И Катар и Ирак ги вложија своите срца во ова. Секако дека сум радосен бидејќи победи Катар, но еднакво ќе се радував доколку Ирак победеше.

Помеѓу сите честитки и „мобхрокс“, талг истакна дека Катар сега мора да ја заврши [5] четвртата рунда за да може да се квалификува на Светскиот фудбалски куп во 2010 во Јужна Африка.