- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Северна Кореја: Две американски новинарки осудени на тешка принудна работа

Категории: Северна Америка, Јужна Кореја, САД, Северна Кореја, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Слобода на говор

Вестите коишто доаѓаат вести од Пјонгјанг не даваат надеж. По обвинувањето дека нелегално ја минале границата на Северна Кореја, американски новинарки на Current TV, Лора Линг и Еуна Ли, се осудени [1] на 12 години тешка принудна работа (според Си-Ен-Ен). Џилиен Јорк претстави неколку постови [2] за Global Voices пред осудувањето на новинарките.

Тажниот исход предизвика силни реакции онлајн од оние коишто ја поддржуваат слободата на печатот и бараат од Северна Кореја да ги ослободи двете новинарки. Страницата на Facebook за Лора и Еуна [3] има повеќе од пет илјади членови. Денес тие бараат од јавноста во овој момент да ја почитува приватноста на фамилиите и да не станува пречувствителна:

„Ќе почувствувате многу емоции. Ве молам да не чувствувате лутина. Лутината е бесполезно трошење енергија и тоа е она што Северна Кореја го бара од вас. Можеме и ќе работиме заедно. Ќе размислуваме заедно, за да го надминеме ова.”

LiberateLaura [4] е блог чијшто автор по име Ричард Хорган, новинар од Лос Анџелес којшто има за цел да обезбеди забава, ги опишува настаните што се случуваат во Северна Кореја како „достојни за Шекспир“ и ја става под знак прашалник одлуката за апсењето на Лора Линг и Еуна Ли на „кралството Хермит“:

„За жал, во тоа лудо кралство, баш пред да се случи хаосот, заскитаа Лора Линг и Еуна Ли, новинарки на Current TV . Во вторникот, 17-ти март, дали поради случајност или поради марифетот на подмитениот кинески водач, потврдено е дека поминале невидлива гранична линија на еден мост меѓу Кина и Северна Кореја. Следеа сурови испитувања, како и самица во времетраење од два и пол месеци и сега по кратко судење, апсурдна казна од 12 години тешка принудна работа за нелегално минување на границата и неутврдено „сериозно криминално дело“

Шекспировата аналогија е корисна затоа што ни дозволува, барем малку, да ја сфатиме неразбирливата пресуда за Линг-Ли донесена на 8 -ми јуни. Ким Џонг-ил [5], всушност, прави огромни напори на дипломатски, нуклеарни и на фронтовите на  невините Американци, се со цел да ги смири државните воени конзервативци дека наследникот Ким Јонг-ун ќе го одржи статусот на армијата.”

На YouTube, поддржувачите поставуваат видео записи со кои повикуваат на итно ослободување на Лора и Еуна. Исто така, има видео записи [6] и фотографии [7] од бдеење во Јужна Кореја, Сан Франциско и од други места во САД.

Следи државно службено соопштение од Пацифик Рим Видео и Кели Ху:

Како што јавноста и различните организации што промовираат слободен печат ги здружуваат силите да издејствуваат ослободување на Лора и Еуна, некои, во моментов ги доведуваат во прашање одговорите на МНР на САД и поранешниот американски потпретседател Ал Гор (основач и претседател на Current TV, во којашто се вработени Еуна и Лора) за настанатата ситуација.

Во Asia Times [8], Доналд Кирк вели:

„Северно Корејците, исто така, секогаш излегуваат навредени кога највисок американски претставник го посетува регионот и една моментна компликација на судењето е тоа што се поклопува со едно патување во Јужна Кореја, Кина и Јапонија на една американска делегација предводена од заменик – секретарот на државата Џејмс Стајнберг.

Стајнберг сѐ уште не проговорил јавно  за двете жени, но на состаноците со претседателот на Јужна Кореја Ли Муинг-бак и со други владини службеници разјасни дека САД не прифаќа да преговара за нивната судбина. Дали мислел на нивниот случај кога го уверуваше Ли дека САД нема повеќе да и нуди помош на Северна Кореја.“

Тој продолжува да шпекулира за вмешаноста на Ал Гор во преговорите:

„Што велите тоа да ги препуштиме на американска делегација од високо ниво? Се присети Гор како човекот одговорен за контролата врз мрежата за која што работеа двете жени.
Гор беше чудно тивок, што е уште една причина повеќе да веруваме дека чека да се соочи со Северно Корејците и да ги  спаси двете жени. Можеби е премногу да се надеваме на среќен крај.“

Гор ќе биде совршен за таа задача. Неговото присуство ќе ја признае потребата за признавање на Северна Кореја  како член на глобалниот нуклеарен клуб, но не би преставувало официјално признавање од страна на САД.

Не секој го прима лесно молчењето на Гор. John in Condition Yellow смета дека недостигот на вмешаност на Гор е малку несериозен и вели [9]:

„Не очекувам од г-дин Глобално Затоплување да го остави она што го работи и да отплови до Северна Кореја за да преговара за ослободувањето на овие луѓе коишто работат за него. Добитникот на Нобеловата награда за мир е далеку позафатен со спасување на планетата. Нели? Но, колку време ќе му биде потребно да објави едноставна изјава како „Еј, Ким Јонг- ил! Ослободи ги моите луѓе, или ќе ви скратиме кредите за јаглен.“

Но, сериозно, дали јас сум единствениот кој мисли дека дури и најобична јавна изјава од г-дин Пулицер, со којашто го осудува судењето, би била барем скромна работа што би ја направил за луѓето коишто работат за него?

Хм. Добро, можеби Бил Ричардсон  би бил поефективен.

Но, едно нешто е сигурно, како што Џо истакнува [10]на неговиот блог Jo's Department – секој  посакува новинарките безбедно да се вратат дома:

Се надевам дека не мора да ги поднесуваат ужасните затворски системи на Пјонгјанг (како што ни опишуваат бегалци) и дека двете новинарки безбедно ќе можат да се вратат  дома и наскоро повторно да се обединат со нивните фамилии.